Ана Симоска Фере од пред еден час за тоа што велат правниците и адвокатите во Европскиот Парламент околу обвинението за тероризам:
….“Тие велат дека во никој случај не можат да се обвинат за тероризам учесниците на протестите и обвинетите за 27, бидејќи тие ГО БРАНЕЛЕ УСТАВОТ, ……Поточно, “чувство на несигурност кај граѓаните ” предизвикало пеењето на албанската химна во собрание и непочитувањето на законите, па собраните граѓани кои се почувствувале несигурно реагирале. Веднаш требало да бидат уапсени тие кои пееле странска химна во собрание бидејќи тоа е напад на суверенитетот и интегритетот на државата. Бидејќи немало таква реакција од надлежните, граѓаните кои почувствувале несигурност влегле во собрание тоа да го спречат…….Во врска со “предизвикување пожар или поплава” требало да одговараат шарените револуционери кои ја запалиле канцеларијата на претседателот, бидејќи тој акт бил општоопасен и предизвикал чувство на несигурност. Но тие не беа ни приведени ни обвинети“.
Благодариме Ана за ова што ни го кажуваш.
Ana Simoska Ferré Имам контакт со неколку правници .журисти кои работат во европскиот парламент на меѓународно право, редовно вршам преводи за нив, па си дозволив да побарам нивно видување и толкување на членот 313 од Кривичниот законик.
Еве што предвидува членот 313 од Кривичниот законик:
„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години. “
Тие велат дека во никој случај не можат да се обвинат за тероризам учесниците на протестите и обвинетите за 27, бидејќи тие ГО БРАНЕЛЕ УСТАВОТ, што е спротивно на овој член, односно напад на Уставниот поредок извршиле тие кои пееле странска химна и гласале незаконски и нелегално претседател на собрание.
Велат дека бидејќи пожар и поплава се исклучуваат, за обвинение се фаќаат само на “акт на насилство кое предизвикува чувство на несигурност или страв кај граѓаните”. Меѓутоа тој “акт на насилство” не бил општоопасен и бил предизвикан од актот на насилство врз Уставниот поредок на државата. Што би се нарекло напад – одбрана.
Поточно, “чувство на несигурност кај граѓаните ” предизвикало пеењето на албанската химна во собрание и непочитувањето на законите, па собраните граѓани кои се почувствувале несигурно реагирале. Веднаш требало да бидат уапсени тие кои пееле странска химна во собрание бидејќи тоа е напад на суверенитетот и интегритетот на државата. Бидејќи немало таква реакција од надлежните, граѓаните кои почувствувале несигурност влегле во собрание тоа да го спречат.
Во врска со “предизвикување пожар или поплава” требало да одговараат шарените револуционери кои ја запалиле канцеларијата на претседателот, бидејќи тој акт бил општоопасен и предизвикал чувство на несигурност. Но тие не беа ни приведени ни обвинети.
Општоопасно дејствие е и носење оружје во парламент, тоа е акт на намера со умисла бидејќи е забрането носење оружје во народниот дом, а тој го употребил по наредба на Заев против народот, има неколку повредени што исто така е ” акт на насилство кој предизникува чувство на несигурност”.
На крај тие се категорични, Тероризам е многу сериозно обвинение кое во никој случај не може да биде основ за судска постапка на 36те осомничени.
Ако се одело по логика на денешните обвинители и се земе само еден дел од законот 313, секој еден што извршува насилство ќе требало да биде обвинет за тероризам што е апсурдно.