Од делот на животот со кој неможам да се гордеам, напротив, сепак ми останаа и некои бенефити. А тоа се пред се инсајдерските информации што редовно ги добивам од притворското одделение на затворот “Скопје“, популарната “Шутка“.
Попладнево и вечерва добивам драматични информации од “прва рака“. Од оние што ги шетаат клучевите по ходниците.
Имено, врвулица од обвинители, адвокати, судски службеници, судии во овој петочен почеток на викендот има во затворот “Шутка“. По објавувањето на решението на судијката Бешеска судењето за “Пуч“ да започне на 5-ти август, интензивно започнале признавањата и пазарењата на обвинетите од “Пуч“. Почнало поединечно спасување по сугестија на фамилиите и адвокатите.
Немам валидна информација дали причина е закажаното рочиште. Или причина е она што подлго се говори во информираните адвокатски кругови, односно дека дошло до дебело разидување помеѓу Верушевски и Заев. Или причина е што Елиот Енгел на Павелшатева денеска директно ја пренел пораката од Викторија Нуланд дека Заев или ќе почитува договор или ќе му прави друштво на Велија најмалку 12 години. Која е причината, или сите заедно се на куп, сеедно. Она што е јасно е дека адвокатите имаат полни раце работа за средување на документациите, признанијата, обвинувањата кон другите осумничени…