“Писмото“ од Трајко Вељановски, Антонио Милошоски, Илија Димовски (Н. Груевски ги нарекува “долгогодишни најблиски соработници“) и повеќемина други, не може да се забошоти и да се премине преку него. Барем не така лесно како што некој си замислил.
Сепак, во потписниците, покрај основачите (денеска секој се кажува дека е осоновач) има и поранешен втор човек на државата Трајко Вељановски, поранешен Министер за надворешни Милошовски и актуелен шеф на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Димовски. Личности чив придонес во владеењето (и губењето на власта) на ВМРО ДПМНЕ не може да се заборави.
Медиумска и политичка битка не се води преку бришење на случки и сеќавања. Преку необјавување, што е равно на најдолен вид на цензура. Рамна на Бејлиевата тиииит цензура.
“Писмото“ не е вест за Курир и за Република?!?!?!
Така, релевантен медиум не се станува. Така не се станува ниту партиско гласило, ами само партиски зиден весник.
Но, тоа е нивен избор. Големи си се.
Она што наштетува на партијата е ФБ статусот на Никола Груевски кој е пренесен на двата портала: “Груевски: Апелирам да се внимава со јавните изјави кои се упатуваат кон органите на партијата“ (Република) и “Груевски: Повикувам и апелирам да се внимава со јавните изјави кои се упатуваат кон органите на партијата“ (Курир).
Читајки го подолгиот текст, а ако некој не го прочитал “Писмото“, личи како лидерот на ВМРО ДПМНЕ да одговара НИКОМУ на текст или барање КОЕ НЕ ПОСТОИ. Како Дон Кихот што се “тепал“ со ветерниците. Се обраќа НИКОМУ, бранејки одлуки нападанти од НИКОГО. Поприлично creepy.
Така, за жал, му личи текстот. Токму затоа што “неговите“ медиуми по нечија наредба го скокнаа “писмото“. Непотребно и крајно глупо.
Писмото постои, незадоволството исто така. Разликите во мислење се добродојдени за секое општество, организација или било која друга демократска форма на битисување.
Толку за тоа.
———————————————————————-
За жал по таа ФБ објава, не можам да преминам преку дел од текстот кој го има пишано Груевски на тој ФБ пост, каде што вели: “Одлуката на извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ за предлог до центрaлниот комитет (ЦК) на партијата за одржување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на ден 22 и 23 декември во Валандово, како и бројот на делегати беше донесена на седницата на ИК на 3 декември 2017 ЕДНОГЛАСНО, без ниту еден глас против, откако на 1 декември јас како претседател најавив оставка во интервју за порталот Курир“…
“Едногласно“! “ЕДНОГЛАСНО“!
Би молел, при изјавите, како што убаво вели Груевски “Апелирам и повикувам да се внимава на јавните изјави“…, бидејки гласањето ниту беше “едногласно“, ниту пак беше единствено. Имаше репетиција, убедувања, договарања.
Да потсетам, ќе постирам еден од илјадниците ФБ постови:
Значи, “Прво гласање“, па потоа и “Второ гласање“ откако, нели “увиделе“…
Зборот ми е, на власт нема враќање без комплетен ресет на однесувањето и пристапот до јавноста, справување со проблемите (кои ќе ги има се повеќе и повеќе), односот кон демократските процеси, бегање од било каков вид цензура, потпирање на постови од лабилни личности со бардовачка историја, не слушање на критики, бегање од незадоволниците, ставање на проблемите под черга…
Ова ја добронамерно, иако сум убеден дека токму спротивно ќе бидам разбран.
Миленко Н.
20.12.2017
Скопје