ДУДИНКА ПРАШУВА

Еве вака, годишно одморски, неколку прашања:

1. Постои ли партијата на Минчо, Бучко и Зиков?

2. Колку члена има партијата на Тито?

3. Дали и другите левичарски револуции во минатото и сега, земале годишен одмор, како СДСМ и Заев кај нас. Еве на пример, дали летово одмара Ципрас, дали летен одмор земале Че и Фидел, дали Тито одмарал во јули и август во периодот 1941/45?

4. Колку кампери има во кампингот? И, како ќе го оправдаат затварањето на истиот?

5. Дали камперите пред Влада имаат побарано и добиено дозвола за поставување на нелегални времени објекти на фрекфентни улици и зошто полицијата не реагира (Ова молам Иво Котевски да го одговори)?

6. Како тоа Сашо Орданоски тврди дека нема никаква деловна или приватна комуникација со Милчин и Фрчкоски? Може ли да “ги провери тие факти“ Коко Бојаровски?

7. Дали се изнамоли доволно Васко Ефтов за да може да ја префрли емисијата на МТВ? Или, уште ќе треба да се “труди“?

 

Има Дудинка уште неколку прашања во врска и со други кленови, ама еве за почеток со овие да се справиме.