Дудинка е град во Русија
Дудинка во хералдиката е нијанса на боја некаде помеѓу црвена и пурпурна. Најблиску до бордо или трула вишна.
Дудинка е мамец за клен и мрена.
Дудинка е црница.
Дудинка е храна за свилената буба.
Дудинка е моето омилено овоштие (заедно со црешата и лубеницата). Без разлика дали е темна или бела. Секако е многу слатка.
Дудинка е дрво што расте само во еколошки чиста средина. Скопје до земјотресот беше преполно со дудинки. Сега ги нема.
Дудинка е новиот портал во Република Македонија. Портал кој нема амбиции да се натпреварува со провладините или проопозиционите портали. Дудинка е за свој кеф. Дудинка сака да е своја, различна, инспирирачка… Во Дудинка ке има само теми што му се интерсни на сопственикот и Главниот и одговорен уредник, и ништо повеќе. Дудинка има име и презиме, импресум, адреса – значи, идентитет.
Дудинка е македонски производ. Од народ, за народ. Порталот Дудинка е како и дрвото дудинка. Секој може да се (за)качи и да набере и да се ослади.