ДОНСКИ за Татарите

ДОНСКИ за Татарите

 

Деновиве е почната иницијатива за снимање документарна емисија под наслов „Етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите“. Автор на сценариото и режијата ќе биде македонскиот историчар Александар Донски (познат експерт во оваа област), а емисијата ќе биде снимена на македонски јазик, со англиски титлови. Продуцент на емисијата ќе биде Џим Стефан од Сиднеј, Австралија. Ја користиме оваа прилика за разговор со авторот на емисијата Алесандар Донски.

 

 

 

Што ќе содржи емисијата и зошто сметате дека со неа ќе бидат разнишани темелите на бугарската пропаганда?

Факт е дека големобугарската пропаганда против Македонија повеќе децении континуирано дејствува убедувајќи ги Македонците дека се „Бугари“ или дека порано биле „Бугари“. Притоа тие воглавно нудат документи и изјави од македонски преродбеници или револуционери кои себеси се декларирале како „Бугари“. Нашите  историчари одговараат дефанзивно, т.е. најчесто се обидуваат да објаснат зошто тие наши дејци така постапувале, истовремено  нудејќи примери на дејци кои се декларирале и како Македонци. Ова значи дека целата „војна“ со бугарската пропаганда се одвива (сликовито кажано) на „наш терен“, т.е. на теренот на македонската историја. Јас во емисијата ќе понудам дијаметрално спротивен пристап. Наместо „одбрана“ ќе употребам „напад“. Конкретно, штом Бугарите велат дека сме имале „заеднички корени“, ајде тогаш да видиме како изгледале бугарските етнички корени, т.е. каква била етногенезата (настанокот) на бугарскиот народ, па тогаш најдобро ќе знаеме дали сме „ист народ“ или не. Значи, ја префрлувам „борбата“ на нивни терен, т.е на теренот на нивната историја. Во емисијата (исклучиво врз извори од бугарски и од странски извори) ќе покажеме како настанале Бугарите во историјата, а потоа, верувајте ми, на ниту еден Македонец нема да му текне и да помисли дека Македонците биле „ист народ“ со Бугарите.

Па како настанала денешната бугарска нација?

Според официјалната бугарска историографија денешната бугарска нација етногенетски е создадена од мешањето на староседелците Тракијци, Словените – Анти (кои се населиле во Бугарија во  раниот Среден век) и од турко-монголското племе Бугари, кои се населиле во североисточна Бугарија  на крајот од VII век. Ноторен факт е дека вистинските етнички Бугари биле монголско племе кое зборувало јазик сличен на денешниот татарски јазик и припаѓале на жолтата раса.

Но, зарем денешните Бугари не се словенски народ?

Доколку денешните Бугари се „Словени“ зошто тогаш тврдат дека турко-монголските Бугари се нивните први крвни предци? Ако го прашате кој било денешен Бугарин да ви ги наброи првите бугарски владетели, тој ќе ви ги  посочи токму турко-монголските бугарски ханови: Кубрат, Аспарух, Омуртаг, Телец, Тикту, Паган, Цок… и други, кои припаѓале на жолтата раса. Но и ваквото тврдење нема логика. Имено, најголем дел од денешните Бугари припаѓаат на белата раса, а како свои крвни предци третираат луѓе кои припаѓале на жолтата раса! Ова навистина е смешно. Тоа е исто како кога некои етнички Швеѓани (припадници на белата раса) денес би го прогласиле црнецот Кунта Кинте за свој „етнички предок“.

 

 

Објаснете го ова подобро

Еве вака. Оригиналните етнички Бугари биле монголско племе, кои живееле во Азија на самата граница со Европа и зборувале јазик сличен на денешниот татарски јазик. Тие биле номади (чергари) и ова го потврдуваат повеќе современи бугарски историчари. Познатиот бугарски историчар Васил Златарски ги дава имињата на  четирите (цитираме) „хуно-бугарски орди“ од кои биле создадени Бугарите. Нивните имиња се: Купи-Булгар, Дучи-Булгар, Олхонтор Блкар и Чдар Болкар. Па зарем од овие хунски орди настанала денешната македонска нација? Според „Именикот на бугарските ханови“ (вредно дело за бугарската историја создадено во 8 век), како прататко на Бугарите е претставен хунскиот водач Атила, па надвор од умот е и да се помисли дека Атила е предок и на нас Македонците. Првиот познат бугарски хан Кубрат и неговиот син Аспарух, во склад со монголската традиција, имале бричени глави и носеле шалвари. Впрочем, овде објавувам поштенска марка, официјално издадена пред извесно време од Бугарската државна пошта со ликовите на овие двајца први бугарски владетели Кубрат и Аспарух. Јасно се гледа дека тие биле Монголи и припаѓале на жолтата раса, па никако не можат да бидат крвни предци  на денешните Македонци. Понатаму, овде го објавувам ликот на бугарскиот војсководител Мостич, кој живеел во 10 век и бил во служба на бугарскиот цар Симеон (кој, без оглед на своето христијанско име,  исто така бил Монгол – тој бил внук на бугарскиот хан Пресијан, кој не знаел ниту збор од словенскиот јазик затоа што единствените два зачувани натписи од негово време се напишани на вистинскиот бугарски јазик, кој рековме дека е сличен со дешениот татарски). Ликот на Мостич е реконструиран од страна на бугарскиот академик Јорданов врз основа на черепот пронајден во неговиот гроб во Бугарија. Па зарем може некој нормален да тврди дека Мостич е крвен предок на денешните Македонци? Вакви и слични аргументи ќе бидат претставени во избилство во емисијата и затоа нема сомнение дека оваа емисија до темел ќе ја разниша бугарската пропаганда во врска со Македонија.

Што се случувало понатаму?

На крајот од 7 век, дел од овие Бугари предводени од хан Аспарух, тргнале кон Европа, а дел си останале во Азија. Оние што дошле во Европа, поради својата агресивност,  окупирале извесна територија во денешна североисточна Бугарија и таму го создале т.н. Прво Бугарско царство (кое прво било хаганат во склад со монголската традиција). Во оваа држава  затекнатите Тракијци и Словени живееле како граѓани од втор ред. Современата бугарска историографија смета дека овие три народи живееле во соживот, а потоа се измешале помеѓу себе и така бил создаден денешниот бугарски народ. Но, ваквите тврдења рековме дека немаат логика. Како прво постојат податоци за големи масакри што Бугарите ги извршиле врз Словените и Тракијците на територијата на денешна Бугарија. Така, на пример, во Четаларскиот запис  од 9 век јасно пишува дека бугарскиот хан Омуртаг изјавил дека ќе ги убива Словените се додека свети сонцето на небото и тече реката Тича. Бугарскиот хан Крум, пак, извршил масакр врз неколку илјади Тракијци во опсадената Средика (денешна Софија), иако претходно им ветил дека нема да ги убие ако се предадат. Поради ова, денес навистина изгледа како црн хумор кога потомците на Словените и Тракијците во Бугарија се „гордеат“ со етничкото име „Бугари“ – име кое го носеле убијците на нивните предци! Конечно, ако турко-монголските Бугари и навистина се измешале со Словените и Тракијците низ територијата на цела Бугарија, денешните Бугари денес би имале антрополошки црти и на луѓе од жолтата раса, но знаеме дека тоа не е така. Впрочем, турко-монголските Бугари никогаш масовно не се населиле на територијата на цела Бугарија, па тие не можат да бидат крвни предци на денешните Бугари.

Па која е вистината за денешните Бугари?

Денешните жители на Бугарија етнички во најголем процент се потомци на славните Тракијци и на Словените населени во Бугарија, но и на други народи, со незначителен процент од крвта на турко-монголските Бугари и тоа главно во североисточна Бугарија.  Во Средниот и во Новиот век, територијата на денешна Бугарија е етнички хетерогена. Но, главно по создавањето на бугарската држава од страна на Русите, на потомците на Тракијците и Словените, но и на другите народи кои тогаш таму живееле (Македонци, Власи, Турци, Роми, Татари…) им е наложено да се декларираат како „етнички Бугари“. Практично, главно во 19 век и најмногу со помош на Русија, на сите народи кои живееле на територијата на Бугарија, им бил наметнат туѓиот турко-монголски етноним „Бугари“, што останал до денес како нивно етничко име.

Дали денешните Бугари се свесни за сето ова?

Тие се повеќе стануваат свесни дека во најголем процент се потомци на славните Тракијци (но и на други народи – Власи, Роми, Македонци…), а не на монголските Бугари. За ова постојат и голем број докази (тракиски лични имиња и обичаи, кои до денес се зачувани кај жителите на Бугарија и сл.). Сепак,  повеќедецениската хистерична пропаганда со која се инсистираше дека припадниците на сите народи во Бугарија се „етнички Бугари“ и „потомци на хан Кубрат“ толку ја има контаминирано свеста и потсвеста на овие луѓе, што се уште никој се нема осмелено јавно да каже: „Јас не сум етнички Бугарин, туку сум потомок на славниот тракиски народ“! Иднината ќе покаже како ќе се одвиваат работите понатаму. Од друга страна, главно во североисточна Бугарија, постојат луѓе со карактеристики на жолтата раса. Тие не сакаат ни да слушнат дека денешниет Бугари се Словени или Тракијци и инсистираат на тоа  дека денешните Бугари се ист народ со Татарите. Во македонската јавност е малку познато дека во триесеттите и четириесеттите години од ХХ век во Бугарија постоела националистичка организација под името “Ратници за Напре­док на Блгарштината” (РНБ) на чело со д-р Асен Кантарџиев во која членувале над сто и триесет илјади Бугари и во чиј статут пишувало дека современите Бугари во најголема мера се ди­ректни потомци на монголските Бугари. Во нивниот статут пишува дека Словените биле на пониско културно ниво од монголските Бугари, кои тие ги величеле како свои крвни предци. Од друга страна во официјалната „Историја на бугарската црква“ од Станимир Станимиров (објавена во Софија во 1894 и 1925 година) пишува сосема спротивно. Верувале или не, овде  дословно пишува дека монголските Бугари умствено биле позаостанати од Словените. Значи некои Бугари ги величеле, а некои ги омаловажувале  ту  монголските Бугари, ту Словените… И сето тоа во зависност од дневната политика. Кога Бугарија била блиска со Русите тогаш Бугарите станувале „Словени“, а кога била блиска со Германија (Хитлер), тогаш Бугарите се престорувале во „Хуни (Татари)“.

Каква е врската помеѓу Бугарите и Татарите?

Image result for HAN kubrAT

Хан Аспарух

Веќе спомнавме дека дел од монголските Бугари не заминале со хан Аспарух кон Европа, туку си останале во Азија (на границата со Европа). Тие подоцна основале своја држава, т.н. „Волшка Бугарија“. Со текот на времето оваа држава пропаднала, а бугарското етничко име почнало да паѓа во заборав. Подоцна Русите овој народ почнале да го поситоветуваат со  Татарите, секако поради сродните антополошки карактеристики помеѓу Бугарите и Татарите. Сите што имале монголски антрополошки карактеристики, за Русите биле „Татари“. Така се случила една интересна и по малку смешна  ситуација. Потомците на монголските Бугари кои денес живеат во руската република Татарстан, почнале да се нарекуваат Татари (иако во најголем дел се етнички Бугари), а Тракијците и Словените во денешна Бугарија себеси се нарекуваат „Бугари“, иако не се етнички Бугари. Денес среде Татарите во Татарстан постои преродбеничко движење кое се вика „Бугарски национален конгрес“ (основано во јуни, 1990 година), чии членови инсистираат на тоа дека тие не се никакви Татари, туку дека се Бугари, т.е. дека Бугарите и Татарите во Татарстан се еден ист народ. Делегација на Бугарскиот национален конгрес од Татарстан  во август 2000 година направи официјална посета на Бугарија на покана од претседателот Петар Стојанов. Татарскиот историчар Ахметџан Халиков во својата книга под наслов „Што сме ние: Бугари или Татари?“ (објавена во Казан 1992 година) мошне јасно ја опишува етничката врска помеѓу Бугарите и Татарите. Овој познат татарски историчар се смета за врвен експерт за етногенезата на денешните Татари. Во 1989 година тој ја објави и книгата „Татарскиот народ и неговите предци“ во која исто така посочи на нераскинливите врски помеѓу Бугарите и Татарите. Со целата почит кон денешните Татари, но ако ние Македонците сме „ист народ“ со Бугарите, испаѓа дека сме ист народ и со Татарите, а тоа е бесмислено и да се помисли.

Каде сме ние Македонците во сето ова?

Ние сме далеку од оваа бугарска етничка турли-тава. Турко-монголските Бугари никогаш масовно не се населиле во Македонија, а исто е и со Тракијците. Ова значи дека ние Македонците, и да сакаме не мoжеме да бидеме Бугари, затоа што немаме бугарска крв во нашите вени.  Првиот познат и признат бугарски хан Кубрат немал ни стапнато во Европа и веројатно никогаш во животот немал ни слушнато за Македонија, а камоли да биде „првиот етнички предок“ на денешните Македонци! Ниту едно од првите познати бугарски лични имиња: Кубер, Омуртаг, Токту, Паган, Цок, Телец, Батбајан, Котраг, Тервел, Кар­дам, Бутаил, Ермиар, Есхач, Имник, Иртихитун, Исбул, Ицвоклиј, Окор­сис, Онегавон, Осхун, Сондоке, Сумсувул, Хунол, Чакарар, Чепа и слични на нив денес ги нема среде Маке­донците, додека бројни имиња што ги носеле античките Македонци ги носат и денешните Македонци. Понатаму, првиот симбол на Бугарите бил коњска опашка, која тие ја вееле наместо знаме кога оделе да војуваат. Ајде кажете ми кој Македонец во нашата историја веел коњска опашка кога одел да војува?

Дали оние Македонци кои денес имаат бугарска етничка свест  ги знаат овие податоци?

Не. Денешните македонски бугаромани можеби знаат по нешто од поновата македонска историја (секако гледано низ големобугарски аспект), но ако ги прашате за бугарската историја (на пример да ви ги набројат бугарските ханови, да ви ги објаснат врските помеѓу Бугарите и Татарите или да ви кажат нешто за коњската опашка), ќе видите дека немаат поим. Затоа оваа емисија ќе претставува шок за нив. Доволно е само што ќе го видат  ликот на монголскиот Бугарин Мостич (кој бил еден од најголемите бугарски војсководители на сите времиња), па да станат свесни за својата заблуда дека тие се негови „внуци“.

Што е со Средниот век?

Наспроти измислените тврдења за „заедничка историја“ помеѓу Македонците и Бугарите, постојат убедливи документи за бугарските средновековни пусто­шења на Македонија, кои во емисијата ќе бидат  презентирани  исклучиво од релевантни извори објавени и во бугарски историски книги. Така, на пример, бугарскиот цар Симеон (кој и самиот бил Монгол) извршил страотни злосторства врз македонското население. Во еден македонски книжевен паметник од 11 век пишува (цитираме): „Симеон бил нечесен и зол кон луѓето и тој ја уништил македонската земја… “. Византискиот историчар Лав Ѓакон во својата „Историја“, запишал (цитираме): „Во месец септември, втор индикт, Симеон Бугаринот повторно настапил со својата војска против Цариград. Притоа ги опљачкал Тракија и Македонија, каде се опустошил и разурнал.“ Византискиот историчар Симеон Логотет за  разурувањата на Македонија од страна на бугарскиот цар Симеон, запишал: „Во месец септември бугарскиот кнез Симеон со целата своја војска дојде до Цариград и притоа ги опустоши Тракија и Македонија. Таму тие разурнаа и запалија се и ги исекоа овошките.“ Цариградскиот патријарх Николај Мистик за навлегувањата на бугарските војски во Македонија, возбудено констатирал (цитираме): „Но, кога си припомнувам за толкавиот број разрушени храмови, манастири и домови, за убиените епископи, за силуваните девици, за измачуваните монаси – како може да се надевам дека Бог ќе го заборави сето тоа?“ Овде сами по себе се поставуваат прашањата: Чија земја уништувал турко-монголскиот Бугарин (со крстено име) Симеон и чии жени силувале припадниците на неговите орди? Зарем тие си ги силувале сопствените сонароднички доколку наводно ние Македонците сме биле „етнички Бугари“? Сето ова во детали ќе биде презентирано во емисијата „Етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите“. Македонците страдале од Бугарите и пред Симеон, а и потоа за време на т.н. „Второ Бугарско царство“ (за чиј етнички состав, барем според тогашните документи, постојат контроверзни тврдења), а во нашата јавност е малку познато и дека  Бугарите им биле воени сојузници на Османлиите во вре­мето кога тие ја окупирале Македонија, непосредно по битката на Мари­ца, т.е. тие биле единствениот балкански народ што им пружил помош на навлегувањата на Осмалниите, иако подоцна и самите биле окупирани.

Што е со Самуиловото царство?

Тоа било мултиетничка држава со седиште во Македонија. Не постои ниту еден оригинален доказ произлезен од оваа држава во кој пишува дека се викала „Бугарија“. И ова ќе биде објаснето во емисијата.

Ликот на Мостич – еден од најголемите бугарски  војсководители, кој живеел во 10 век. Ликот е реконструиран врз основа на неговиот череп пронјден во неговиот гроб во Бугарија, од страна на бугарскиот академик Јорданов. Зарем може нејој нормален да верува дека ова е предокот на денешните Македонци?

Ги повикуваме сите македонски патриоти и пријатели на Македонија да го помогнат овој патриотски проект, кој ќе ги освести заблудените Македонци, но и Бугари за да ја сфатат вистината! Потребно е да се дејствува ВЕДНАШ ако сакаме сите овие вредни податоци да станат достапни пред нашата и пред меѓународната јавност! Имињата на сите донатори и реклами за нивниот бизнис ќе бидат објавени на крајот од емиси¬јата, секако доколку донаторите тоа го сакаат, со што засекогаш ќе останат овековечени пред илјадници Македонци денес и во иднината. Секој што сака може да донира во склад со своите желби и можности преку веб-страната