Докази дека за Грција од секогаш сме си биле Република МАКЕДОНИЈА

Докази дека за Грција од секогаш сме си биле Република МАКЕДОНИЈА

ПРОБЛЕМОТ НА ГРЦИЈА СО НАШЕТО ИМЕ Е НОВ И ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАН

 

Проблемот на Грција со нашето уставно и историско име започна со независноста на земјата. Се’ до почетокот на 1990-тите години Грција немаше таков проблем, иако со векови не беа многу среќни заради нашето постоење како народ. Додека бевме во рамките на Југославија, и на нејзините маргини, тие ја “голтаа“ реалноста. Арно ама, кога по распадот на федерацијата стана јасно дека на нивните граници ќе се појави независна Македонија, во Атина настана целосен пресврт. Доказ е приложената официјална вербална нота од грчкиот Генерален конзулат во Скопје, која на 10 декември 1990 година била упатена до “Комитетот за односи со странство на СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Таа кажува се’.

Тоа е кристален доказ дека проблемот со името е нова измислица, изговор и повод за да се спречи етаблирањето на самостојна Македонија на меѓународната сцена и да се монополизира брендот. Целта на грчките потези не беше спорна. Тие не сакаа независна македонска држава бидејќи официјална грчка политика, најмалку во последните 150 години, беше негирање и игнорирање на Македонците како посебен народ. За нив, тие никогаш не постоеја а одеднаш, на нивните граници, се појавува држава која, неизбежно, ќе промовира  македонски народ, јазик, пари… историја, култура, традиција… учество под тоа име на конференции, олимпијади… македонски спортски репрезентации… Тоа веќе беше неприфатливо за Атина.

Објавувањето на приложената грчка нота ќе им помогне на сите објективни политичари и аналитичари да имаат во рацете силен доказ за апсурдноста и неприфатливоста на политиките кои имаат за цел да ја прекрстуваат Македонија.

 

Јануари, 2018                                                             Никовски