Во 1978 г. во разговор со генералот Темпо, на неговите прашања „Што не е во ред со Југославија?“ и „Што не е во ред со партијата?“, Тито му одговара: „Ја нема веќе Југославија“ и „Ја нема веќе партијата“. Ако го парафразираме Тито, можеме да кажеме дека повеќе години не постои македонска држава и македонски народ во нормалната смисла на зборот. И во контекст на милениумските македонски традиции.
СКОРО ТРИ ДЕЦЕНИИ МАКЕДОНИЈА Е САМО ТЕРИТОРИЈА, А НИЕ КОИ ЖИВЕЕМЕ ТУКА СМЕ САМО АМОРФНА МАСА БЕЗ НАЦИОНАЛНА САМОСВЕСТ И ИНДИВИДУАЛНО ДОСТОИНСТВО. МОРАЛНИОТ РАСПАД НА ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ ГЕНЕРАЦИИ Е ТОЛКУ ГОЛЕМ, ШТО НЕМА ПРОСТОР ДУРИ НИ ЗА ИНДИВИДУАЛНА ЧЕСНОСТ.
ДА, МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО ДО ДЕНЕС СЕ СТРАНСКИ ИНСТАЛАЦИИ, ЛИГУШИ И ПРЕДАВНИЦИ. САМО, КОЈ ГИ НОСЕШЕ НА РАЦЕ И ГИ АКЛАМИРАШЕ, КОЈ ГИ БИРАШЕ НА ИЗБОРИ? МАКЕДОНСКИТЕ ГЛАСАЧИ, КОИ ТРИ ДЕЦЕНИИ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА БИЛЕ ИЗЛАЖАНИ. СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ИЗЛАЖАН ЕДНАШ, ДУРИ ВТОР ПАТ. АМА АКО ТЕ ЛАЖАТ НА 20 ИЗБОРИ (парламентарни, претседателски, локални), ЗНАЧИ НЕ ТИЕ, ТУКУ ТИ СИ НЕНОРМАЛНИОТ.
ГЛАВНИОТ БЕЛЕГ ЗА НЕНОРМАЛНОСТ Е КОГА НЕ ЗНАЕШ ШТО САКАШ ИЛИ ПАК КОГА САКАШ СПРОТИВНИ РАБОТИ. УШТЕ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ ВО 1991 – НЕ МОЖЕ И САМОСТОЈНОСТ И СОЈУЗ ОД ЈУГОСЛОВЕНСКИ ТИП. СФРЈ се разпадна, затоа што од 1974 наваму беше ниту рак, ниту риба.
ДРУГ БЕЛЕГ ЗА НЕНОРМАЛНОСТ Е ДА БАРАШ ДРУШТВО СО ДРЖАВИ КОИ СЕКОГАШ ТЕ НЕГИРААТ И САКААТ ДА ТЕ УНИШТАТ. Значи проблемот не е само во тоа дека во НАТО и ЕУ се сите фашистички држави од времето на Втората светска војна, додека Македонија е антифашистичка. Вистинскиот куриозитет е да бараш друштво со Бугарија, Грција, Албанија чии ментори се САД и Велика Британија, кои секогаш се обидуваат да нѐ владејат територијално и да нѐ избришат.
ТРЕТ БЕЛЕГ НА НЕНОРМАЛНОСТ Е ДА САКАШ ИСТОВРЕМЕНО ДА БИДЕШ ВО НАТО И ЕУ, И ДА СЕ ЗАЧУВАШ ИДЕНТИТЕТСКИ, СО СВОЕТО ИМЕ, ЈАЗИК, ИСТОРИЈА И КУЛТУРА. Та целта на тие е да те нема, а ти се пикаш во нивната кланица.
ЧЕТВОРТИ БЕЛЕГ НА НЕНОРМАЛНОСТ Е ДА ДАВАШ СÈ ОД СЕБЕ, А ВО ЗАМЕНА ДА ДОБИВАШ САМО ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА. Ниту еден нормален човек, да не зборуваме за нормален народ однапред не дава ништо. Самиот се рушиш државно, менуваш закони и сѐ што ќе побараат однадвор, за да ПОЧНЕШ ПРЕГОВОРИ, КОИ ОТНАПРЕД СЕ ЗНАЕ ДЕКА И ДА ЗАПОЧНАТ, НЕМА ДА ИМААТ КРАЈ.
ПЕТТИ БЕЛЕГ НА НЕНОРМАЛНОСТ СЕ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ ГЕНЕРАЦИИ ДА НОСАТ ОДЛУКИ ЗА НИВНИТЕ ДАЛЕЧНИ И БЛИСКИ ПРЕТЦИ, КАКО И ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ. Само комплетни кретени можат да се откажуваат или да го продаваат своето минато и својата историја и да го наметнуваат својот идиотизам врз потомството. ДЕНЕС МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ ИДИОТИ КОЛКУ ШТО САКАМЕ, НО НЕ СМЕЕМЕ ДА ГО ШИРИМЕ НАШИОТ ИДИОТИЗАМ КОН МИНАТОТО И КОН ИДНИНАТА. Ќе дадам пример со биолошкиот вирус Ковид 19, кој има многу цели – од биолошка војна до експеримент врз човештвото за негово владеење и уништување. Заради наводно 2 милиони умрени од вирусот, 8 милијарди луѓе во светот се затворени како во зоолошка градина. Тоа е идиотизам на денешното време, на денешните држави управувани од Светската влада во сенка. Но со исклучок на Македонија, денешниот свет не го шири својот идиотизам кон минатото, туку ја уништува денешницата, денешните генерации. Никој не чепка во историјата на претците, на јазикот, на традициите.
КРАТКО КАЖАНО, ДЕНЕШНИОТ СВЕТ Е НЕНОРМАЛЕН (затоа и ќе заврши неславно), АМА ВО ЗЕМЈАТА МАКЕДОНИЈА НИЕ СМЕ ПОНЕНОРМАЛНИ ОД СИТЕ. И НЕМА НИКАКВО ОПРАВДУВАЊЕ ДЕКА ПОЛИТИЧАРИТЕ БИЛЕ ВИНОВНИ, А ПАК НИЕ СМЕ ЖРТВИ. ЗАТОА ШТО СМЕ ДОБРОВОЛНИ ЖРТВИ НА ТИЕ ПОЛИТИЧАРИ, ГИ БИРАМЕ, ИМ СЕ УЛИЗУВАМЕ (тие пак се улизуваат на странските). ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ СЕ СОЗДАВААТ СЕКОЈДНЕВНО, СЕКОЈ САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИЕТО НАВОДНО ДА ГИ ОПРАВИ РАБОТИТЕ, А НИКОЈ НЕ БАРА УКИНУВАЊЕ НА ПАРТИСКИОТ СИСТЕМ И ЗАБРАНА НА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ВО МАКЕДОНИЈА. ДИРЕКТНА ДЕМОКРАТИЈА НАМЕСТО ПАРТИСКИ СИСТЕМ. НИКОЈ НЕ БАРА, ЗАТОА ШТО ИАКО МНОГУМИНА СЕ ПРОТИВ ЗАЕВ, ВО СВОЈАТА ДУША СТОТИНИ ИЛЈАДИ СЕ ЗАЕВИСТИ, БРАНКОВИСТИ, ЉУБЧОВИСТИ. И АКО БИДАТ НА ФУНКЦИЈА ЌЕ ДЕЈСТВУВААТ ИСТО КАКО НИВ. ЗАТОА ШТО ПАРТИИТЕ ОД КРАЈОТ НА 19-ОТ ВЕК ДО ДЕНЕС
ГО ДЕГРАДИРАА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ГО УНИШТИЈА ЧОВЕЧКОТО ДОСТОИНСТВО ВО ИМЕ НА ПАРТИСКАТА ЧЕСТ. А ДОСТОИНСТВОТО СЕ ГРАДИ ОД ИНДИВИДУАЛНО КОН НАЦИОНАЛНО, А НИКОГАШ ПАРТИСКО.
Додека бев болен два месеца, размислував за ИДИОТИЗМОТ СО ВАКЦИНИТЕ. Луѓето не само во Македонија, туку и во останатиот свет сакаат да бидат жртви (Стокхолмски синдром), притоа физички жртви. Според ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ за нешто повеќе од 2 месеца (од 13 март 2021 до 21 мај 2021) бројот на умрените по вакцинацијата се зголемил од 3 964 на 12 184, а на потешко заболените од 162 610 на 1.196.190. Станува збор за вакцините Фајзер, Моредна, Астра Зенека и Џонсон. Од вакцинираните со Фајзер се умрени 5 961, а со последици 452 779; од вакцинираните со Модерна – умрени 3 365 и со последици 72 596; од вакцинирани со Астро Зенека – умрени 2 489 и со последици 655 534, и од вакцинирани со Џонсон 369 умрени и 15 281 со последици. ВАКЦИНИРАЊЕТО АКТИВНО ПРОДОЛЖУВА НАСЕКАДЕ, ПРАШАЊЕТО Е СО КАКВА ПРОГРЕСИЈА ЌЕ РАСТЕ БРОЈОТ НА ДОБРОВОЛНИТЕ ЖРТВИ. ЗАТОА, КАКО ШТО ДОБРО ЗНАЕТЕ, СЕКОЈ ПРЕД ДА СЕ ВАКЦИНИРА ПОТПИШУВА ДОКУМЕНТ ДЕКА ГО ПРАВИ ТОА НА СВОЈА ОДГОВОРНОСТ.
СО ЕДЕН ЗБОР: СВЕТОТ МОЖЕ ДА ГО СНЕМА, НО ИДИОТИТЕ СЕ БЕЗВРЕМЕНСКИ.
Пишува: Стефан Влахов-Мицов