ДЕМОКРАТОТ ШИЛЕГОВ

ДЕМОКРАТОТ ШИЛЕГОВ

Тешко е разбирлив триумфализмот што го покажуваат малоумните претставници на СДСМ од типот на Петре Шилегов и Кире Наумов, во врска со таканареченото враќање на мандатите.
Разбирлива е желбата на групата одработувачи за интересите на Грција, странски платеници, соросови измеќари и петоколонаши ангажирани од странски служби и амбасади. Лесно се разбирливи тие мотиви на Бранко Героски, Борјан Јовановски барабар со сестра му Светлана и внука му Тања, Ацо Кабранов, Нано Ружин заедно со синовите, пејачот на песни што го слават Бин Ладен Петрит Сарачини… Тие се продале себе си за пари, странски привилегии, позиции или пак се уценети заради своите пороци од областа на дрогирање, хомосексуалнсоста или други зависности.
Но, оние што сакаат да се занимаваат со политика во следните години или децении (Шилегов, Наумов и други..), прават потег кој е нивно право, но во исто време потег кој за нив е политички крематориум. Демократија на која се повикува Шилегов, демек дека била прекрасна работа, е нешто кое припаѓа на сите. Не само нему. Било кој, било кога отсега може да не признава избори верификувани од ДИК, признаени од ОБСЕ и други меѓународни институции. Избори без наслиство, бугарски возови и групни гласања. Излегувањето од рамките на утврдениот договор (устав) во рамките на некое општество, значи давање легитимитет и на другата страна некогаш, во некое друго време, да превземе иста или уште порадикална акција. Тоа значи дека СДСМ во овој момент со судни маки се труди оваа држава да ја направи нефункционална. Од сега па за навек. Односно, било кога, кога некому резултатите нема да му се во рамките на очекувањата, ќе може да излезе надвор од обврските, и да ја осакати волјата на гласачкото тело. Денеска тоа е СДСМ, се заканува дека можеби ќе е и ДУИ, утре тоа може да е ВМРО ДПМНЕ. На овој начин, држава нема да имаме. Во историјата ќе треба да се запише дека потезите на Заев, Шекеринска, Узунов, Наумов, Дескоска, Николов, Наумов и другите од СДСМ се оние што сакале и правеле се оваа држава да не е функционира. Односно да не постои. Односно да биде таква како што Грција сака.
Непризнавањето на поразот оди кон непризнавање на поразите што другата страна некогаш би ги имала. Обид за внесување во криза на целата држава оди кон вечно непризнавање на победите (политички) на другата страна. Тоа така нема крај. Тоа е детска игра што е недозволива за сериозни луѓе што пак сакаат да личат како одговорни политичари.
Лидерството на СДСМ, она јавното ама и она во сенка, како и нивните странски ментори, многу јако се излажале ако мислат дека овој нивен потег Никола Груевски го нема антиципирано уште пред неколку месеци. И, дека нема одговор и решение за ваква ситуација што ја наметнува СДСМ. Гадно се излажале.
Досегашните изненадувања што ги приредуваше Груевски ми дава за право да мислам дека решението за ова одамна го има во ракавот. Потезите со поднесувањето на тужбата против Грција во Хаг, изградбата на историски монументи низ Скопје и републикава, издигнување на граѓанинот од македонче во македонец, западни странски инвестиции, кинески огромни кредити, рака-под-рака дружбата и те-та-тет ручекот со Путин, инсистирање на референдум за името, дисиплинирањето (фискално) на олигарсите, ослободување од медиумски рекетари, говорот во ООН, реализирање на досегашните програми, новата програма и редишта други потези зборува дека се работи за човек кој многу размислува, планира и делува стратегиски. Нему ад хок потези на луѓе со неисполнети желби да бидат премиери или министри не можат да му го пореметат зацртаниот пат Македонија да ја направи стабилна и просперитетна држава.
Затоа сум убеден дека и оваа Шилегов-Наумов акција за враќање на мандатите ќе помине исто како и обидот да се спаси криминалецот Велија Рамковски заедно сосе неговата криминална империја пред некоја година. Исто ќе помине како и декември преклани кога Бранко Црвенковски проба да судри народ, да удри македонец на македонец. Ова ќе помине исто како и ланското одбивање, па прифаќање, да се оди на локални избори. Исто ќе помине како ланското фалење дека во септември ќе има вонреди избори, па во септември беше бегање од изборниот мегдан.
Прашањето кое нормално се поставува “Како Заев го признава својот избор за градоначалник на Струмица, односно како Жерновски го признава својот избор за градоначалник на Центар, а не ги признаваат другите избори?“ го разголува раководството на ЛДП и СДСМ. Имено, признаваат само избори каде што тие победуваат. Тоа, не знам дали знае адвокатот Шилегов, демократија не е. Тоа е бољшевизам, тоталитаризам на ортодоксни комуњари. Впрочем СДСМ е сукцесор токму на таква бољшевичка партија. СДСМ е полна со наследници на црвената буржоазија. Поинаку тешко дека може да се очекува да функционираат.

Миленко
На Ѓурѓовден во Скопје