Ај вака.
Следниов текст, го напишав кај Деформаторот Александар Михајлоски на неговата фејсбук страница.
Човекот кој зборува за Реформи, Дијалог, и Партиска Демократија, ми го избриша постот за една минута и Ме БАНИРАШЕ од Страницата.
Толку од допуштање на различни мислења
Повелете и прочитајте, малку подолго е.
Штом дојдовте во ситуација да Џабир Дерала од ЦИВИЛ ви организира јавни настапи и биде модератор на истите, од вас дечки ништо не бидува.
Алоооооо, Џабир Дерала ееееј!!!
Алооо, дозволивте Џабир Дерала, со Сорос средства да ви врши промоција, и притоа се повикувате на идеали на ВМРО и независна Македонија!!
Извинете дечки, но ако не ви чинеше нешто од 2011 година, зошто тогаш не кинисавте внатре партиска расправа и дискусија за некои недостатоци, туку сега, одкако се изгуби власта???
На почеток гледам се спомнува Русија во контекст на трговска размена, а со која цел не гледам.
Вероватно врз основа на некакви си руски ” влијанија ” моментално во ВМРО – што е тотален Апсурд и Глупост најголема за споменување – абе пресмешно е, пресмешно!
Кажи ми ти Михајлоски, кој е тој што сака да живее и работи во Русија а како споредба, земи го истото прашање, само смени место Русија со САД или ЕУ???
Немаш никој, не постојат, така да тој дел од постов ти е тотално промаршување, како и најголем дел од останатото и имаш за цел да лепиш про руски етикети на сегашното раководство на ВМРО и ништо друго Михајлоски, ништо друго, освем лепење на глупави етикети и бркање Руси кои не постојат – чудно, истото пред некој ден го правеше #Шеќеринска во едно интервју, Бркаше Руси.
Знаеш кој друг Брка Руси со цел оправдување на триста глупости и милиони долари потрошени од #УСАИД во Македонија???
#Бејли Брка Руси ооо Михајловски, Бејли Брка Руси со цел да оправда срањата кои ги прави одкако го назначија за амбасадор, Бејли Брка Руси а гледам дека и ти Михајловски почна да Бркаш Руси – само не знам каде ги најдовте, вероватно во САД амбасадата на Калето, тамо ги има на портирница а?
Договорот со Бугарија секако е 95% дело на ВМРО, но тие останати 5% или помалку, небитно во случајов, беа проблемот зошто ВМРО не го потпишуваше истиот, а сега, за две недели власт на #Црпко и #СДСМ се потпиша истиот, како да е Рецепт за Торта???
Зошто не го спомнеш ова Михајлоски, а место тоа верглаш Бугарија била членка на ЕУ и иден Претседател и со договорот се отворале ЕУ перспективи за Македонија
Михајлоски бре, какви ЕУ перспективи бре какви бакрачи???!!!
Па кого го бе го замајуваш бе, па Бугарија во ЕУ ја сметаат за WC Шоља бе, за обичен Полски Клозет и таа ќе ни помогнела на нас со нешто???!!!
Немој човеку, не ни навредувај интелигенцијата, па ние не сме цицале Весло бре!
Само слепец не ги гледа замките и опасностите од тој Предавнички и Капитулантски Договор, и секако, човек кој е далабоко индоктриниран со комуњарска идеологија години наназад, а има и ликови кои од Лукративни Причини го прифаќаат истиот.
Ти од кои причини го прифаќаш?
Слепец не си!
Од Лукративни причини?
Или нешто сосема друго?
Михајлоски, никој не е против реформи во ВМРО, тие се природен тек, но не на ваков начин, не на начин како сега и со помош на Соросоидни структури зад вас, не со шурување по Амбасади, не со реторика на комуњари и Бејли, не со насилничко однесување во моменти кога на ВМРО му треба единство во членство и поддржувачи, не со цепкање и нарушување на хомогеност и не пред избори!!!!!!
Зошто не покренавте внатре партиска расправа, зошто не почнавте ” реформи ” низ органи на партијата, зошто???
Зошто како мала група на луѓе кинисавте на прес конференции без било каква одлука во партија?
Зошто дозволивте Соросоиди како Џабир Дерала да ви бидат промотори на се ова?
Зошто и како, наеднаш, почнаа да ве канат телевизии со докажана комуњарска реторика и анти македонско расположение?
Дали сте Марионети од некого Михајлоски?
Не знам како ќе ви заврши авантурава, но знам дека вашата поврзаност со ВМРО – ДПМНЕ заврши, биди сигурен во ова, а кон кого ќе се приклоните не знам, но мислам дека ќе завршите или на маргините на партијата и никој нема да ве рекца – додуша и сега не ве рецка, да сме реални, или ќе молите да ви се прости на крај.
На крај, мој предлог е да прекинете со глупостите, затоа што освем штета, ништо друго позитивно не правите, само штета на ВМРО му носите, а таа штета ќе ја плаќа Македонија.
П.С:Што работеше ти Михајлоски од 2006-2017 година како партиски кадар на ВМРО – ДПМНЕ ако не е тајна?