Дебата за ИЗБОРНИОТ законик

Дебата за ИЗБОРНИОТ законик

ИЗБОРЕН МОДЕЛ СО САМО ЕДНО, МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО

Без разлика дали ќе има брзо избори или не, дали ќе одиме или не, изборниот модел со 6 изборни единици од кои се бираат од секоја 20 пратеници, како што сега е поставен, е УЖАСЕН.

Според сегашниов изборен модел, може да се случи една партија да има и 30-на илјади гласови низ цела Македонија, а да не добие ниту еден пратеник, а некоја во Тетово напр, во 6-та и.е. да има 20-на илјади добиени гласови и да добие 3 (тројца) пратеници.
Сегашниот изборен модел ги стимулира малите партиички наменски удба создадени, да коалицираат со некоја од поголемите партии и да добијат свои места во законодавната, извршната власт, директори, да одлучуваат, уценуваат и сл, а да немаат реална народна поткрепа за тоа со што ја оневозможуваат поголемата партија која има реална доверба да ја остварува својата програма,а белјите, коруптивноста на овие неодговорни (намерно често ќе направат белја па за да се смират добиваат некој тендер плус или некоја удобност која не ни можеле да ја сонуваат претходно) политички субјекти-крлежи да биде на товар на поголемата која трпи најмногу штета од тоа во јавноста.
Тоа што некои заговарачи на опстој на сегашниов изборен модел со 6 изборни единици се плашат дека со една изборна единица би имале нестабилни влади поради можноста мноштво помали партии да учествуваат и добијат по мал број пратеникци, а со тоа би биле според нив и полесно уценливи од надворешниот или било кој друг криминоген фактор едноставно не држи, бидејќи токму преку централизираните, недомократски квислиншки ориентирани партиски раководства на двете најголеми партии се случува најголемото предавство и криминал во Македонија–останатите во хиерархијата подолу-пратеници само исполнуваат,а ако се притисне со плус балканските методи на Хан, кои се добредојдени за лабилњаци(како 8-те пребези, Лилето, Мухич итн) кои ги има насекаде и тоа многу, тогаш големината на партијата( според добиените гласови од гласачите), не е никаква гаранција дека ќе се обезбеди стабилна влада или дека ќе се исполнат нејзините ветувања.
Но, има решние и за тоа, со сосема поинаков изборен модел и општо изборен закон, закон за пратеници.

Има можно решение.
Комбинираниот изборен модел. Пропорционален со мнозински.

За мнозинскиот дел, Македонија е поделена на 60 изборни единици, секоја со речиси ист број на макс можни гласачи(околу 30 илјади) со отстапка во и.е. не поголема од 1%. Така ќе бидат поттикнати најдобрите од конкретната околина да се пријавуват да бидат бирани, со нивна посебна програма која може да соодветствува со онаа на нивната партија во целост но може и да има одредени отстапки, средствата за кампања помали а и евентуалното отповикување на пратеник(кое како алатка ќе мора да го има во новиот изборен модел) доколку не ги остварува ветувањата на избирачите, полесно. На гласачкото ливче ќе има можност и за бојкотирачите да заокружат–бројка со празно место по неа.
Во прв круг би бил избран оној кандидат кој има над пола од вкупниот број запишани гласачи во таа и.е.,а ако не се избере во прв, тогаш во втор круг би оделе првите двајца(бр. со празното место ќе се третира исто како да има кандидат) со тоа што оној кој има најголем број на добиени гласови но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласачи би бил избран. Ако не добие победникот над 1/3 од вкупниот број гласачи или ако победник е опцијата бојкот, тогаш изборот се повторува со нови кандидати но без можност за бојкот, а во повторениот избор доколку има втор круг тогаш нема да биде важно дали победникот освоил над 1/3 од вкупниот број гласачи.
Со задолжително гласање, пак, ова(можниот мал број на добиени гласови под 1/3–не баш демократски нели) би се избегнало.
Доколку се обезбеди и задолжително гласање, каде што на ливчето покрај пријавените ќе има и едно празно место за да го заокружуваат бојкотирчи, незадоволници од понудата итн, и таа опција(празно место) оди во втор круг тогаш се третира исто како конкурентна-една од две опции и ако победи во втор круг, тогаш изборот ќе се повтори со нови кандидати но во повторениот избор ќе нема опција-празно место(бојкот).
Вака, би се стимулирале сите да придонесат во политичкиот живот, па ако има незадоволство и тоа да се изрази, но веднаш потоа и да се понуди свој кандидат, понуда–одговорност да се преземе со активно служење на својот народ.
Овие 60 пратеници избрани според мнозинскиот модел нема да може да имаат било каква друга јавна функција додека трае нивниот мандат. Тие ќе бидат само пратеници, народни избраници, предлагачи, усвојувачи на закон заедно со другите пратеници од пропорционалниот модел, но нема да може од нив(од мноизнски избраните) да се бираат министри, премиери исл. Така би се избегнале дополнителни гласања и би имале еден стабилен пратенички состав близок до гласачите.

За пропорционалниот модел пак, цела Македонија е една изборна единица од која се бираат 60 дополнителни пратеници на отворени листи. Гласачот задолжително ќе го заокружи редниот број пред партијата или групата која ја предлага листата, и ако сака, по можност само еден од предложените 60 кандидати од таа листа. Доколку заокружи повеќе првиот од заокружените би се броел само, дококлку не заокружи ниту еден, првиот на листата би се броел, доколку се заокружени само неколкумина и сите тие надминале праг а според добиените гласови од истата листа има потреба за дополнителни (5 напр) пратеници, тогаш се сметаат за избрани покрај заокружените и оние 5 (напр) според редослед на предложената листа а кои не се заокружени. За тоа колку пратеници се избрани од некоја листа се одлучува според бројот на гласачи кои гласале за таа листа, а кои пратеници од листата се избрани според приоритет прво на најголем број заокружени кандидати, а останатите(ако има простор за нив) според редоследот од листата.
Долниот праг, поточно најмалиот број гласови кои би требало да го добие некоја листа за нејзин пратеник да биде избран од листиве на пропорционалниов дел, е најмалиот број на гласови добиени за пратеник според мнозинскиот модел. Па се пресметува–бројот на добиени гласови на листата помножен со 60 поделено со бројот на излезени гласачи. Од добиениот количник, целиот број (пред децималата) е основниот број на добиени пратеници за сите кои имаат освоено доволоно гласови-над долниот праг, а доколку партијата е победничка и се додаваат онолку пратеници колку што фалат за да се добие бројката на 60 пратеници. Така, се стимулираат соединување во едно на разни групи или партиички пред избори, зошто победникот добива неколку претеници плус, а поради отвореноста на листите ќе се знае во иднина и која групичка, партиичка има народна доверба па да настапи сама на некои идни избори.
И во пропорционалниот модел ќе има можност за бојкот опција-бројка со празно место. Доколку опцијата бојкот добие најмногу гласови, без разлика со колку гласови повеќе во пропорционалниов дел, тогаш се оди на повторен избор само во пропорционалниот дел со сосема нови кандидати за сите учесници, но во повторниот избор ќе нема можност за бојкот. Така ем бојкотирачите може да влијаат кој да не биде избран,да искажат незадоволство, да создадат дополнителен притисок, ем потоа да создадат листа и да учествуваат во процесот. Доколку опцијата бојкот пак освои неколку пратенички места а не победи, тогаш во повторениот избор се прегласува само за толку пратенички места колку освоила опцијата бојкот, но во повторниот избор нема да има можност за гласање бројка со празно место по неа.
Од пратениците избрани според пропорционалниот модел може да се бираат само министри, премиери, но не и директори на јп и сл.

Задолжителното гласање е корисно за да се оставри легитимитет на избраниците и учество на сите во политичкиот живот. Сепак и без него, за изборниов модел да профункционира и да се има доверба во него, пожелно е гласачите да немаат двојно/тројно државјнство, поточно Македонија да се заложи за единствено македонско држанско државјанство.

Покрај ова,довербата во самиот изборен процес е исклучително важна. Па така во денешно време, камерче на секое изборно место и пренос во живо на некој специјал канал за таа намена е лесно остварлив, како и дополнителна проверка на секој гласач преку отисок од прст.
Новите текнослогии овозможуваат и гласање преку интернет, мобилен. Тоа е блокчејн текнослогијата која се користи при трансакции во крипто валути. Швајцарија почнува да оди во тој правец.

На овој начин може да се гласа често, за разни прашања кои во текот на предизборните кампањи не биле опфатени.Кон ова да се стремиме–што почеста непосредна демократија со донесени одлуки-задолжение уставно за службениците.
Важно за понатамошен развој на демократијата е гласање за КЛУЧНИ ПРОЕКТИ–секоја листа партии или групации да понуди од 10-на области по 1-2 проекти, кои би имале предност пред било што друго за оствараување од било кој да е избран.Значи НЕ само име презиме–зошто ако е ок како научник не значи дека ќе биде ок како пратеник, ако е добар, не значи дека ќе биде итар политичар итн–и покрај тоа што и неизвалканото или влијателно име е квалитет за гласање, ами да се настојува за ПОНУДЕНО ДЕЛО-конкретно, па кој и да е избран да мора да го оставрува, а ако избраниот не знае или нема способности–отворен оглас за тие кои ќе се пријават, па да дадат гаранции(конфискација на свој имот и имот на најблиски) дека она што е до нив во однос на оставрување на тој и таков проект-дело, ќе го оставрат во од нив предложениот рок и начин…итн итн

Сепак, клучна работа во заживувањето на еден подемократски и подоврелив амбиент е можноста за отповикување на пратенците доколку не гласаат во Собрание или не го исполнуваат она за што добиле мандат-биле избрани.
Во мноизнскиот модел тоа би билео полесно-Се отповикуваат со минимум онолку гласови со колку што се избрани. Прво оди барање-петиција( со тој број гласачи) а потоа и гласање.
Во пропорционалниот модел тоа би одело преку тело составено од неколку судии избрани од граѓаните, кое би надгледувало што тоа извршуваат пратениците-дали е во согласност со нивните предизборни залагања(ветувања-договор со граѓаните), дали тоа само од нив зависи и сл, и на барање за отповик, на минимум онолку гласачи со колку се избрал пратеникот со најмал број на гласови, и така за секој пратеник. Доколку и не успеат граѓаните да се соберат и отповикаат и избраното тело е глуво, тогаш во судска постапка секој граѓанин да може да докажува дека неговиот пратеник го изневерил. За ова нема имунитет.
Пожелно е секој пратеник да приложи нотарски гаранција со можна конфискација на имот и губење на сите идни привилегии доколку не го прави она за што е избран(дал ветување-договор пред гласачите).

На ова се надоврзува и уредба да сите јавни службеници се лекуваат во државни установи, нивните деца и најблиски учат во државни училишта, и се во земјава додека им трае мандатот итн.
Само мал дел, за кое спроведување неопходно е и промена на Устав, не само закон…..А кога сме веќе кај Устав–уставотворно собрание ко лепче неопходно ни е.

п.с.Во изборниов модел една од позначјаните работи е единствено македонско државјанство, но за Македонците низ светот кои немаат македонско државјанство или поради некои причини не може да се откажат од другото државјанство, би се овозожило едно тело-агенција која би ги обединувала нивните интереси во Македонија, целосно независна од македонските влади, но со обезбедено министерско место-министер избран од нив. Дали ќе ги искористат блкочјен алатките или на друг начин би го организирале тој избор оставам на исселеништво. Таа агенција која би ја раководеле етнички Македонци од светот избрани од нив самите без мешање на било кој македонски државјанин, може да обединува и повеќе фондови од повеќе групи Македонци без македонско државјанство. За нив би важеле македонските закони за оданочување и слично но низата поволности кои би ги донела македонската народна власт би била во тоа што капиталот внесен од надвор кој овозможува дополнителни вработувања, иновациии, максимално искористување на земјоделските површини, етно-архео турзмот, спонозрство во култура издаваштво,спорт итн, не би се оданочувал,а располагањето со средствата само на исселниците–оние избрани од нив.

Игор Цветковски,
Скопје, Железара 24.9.2019 21.00