Навистина биле мудри поглавиците на индијанските племиња, но и другите стари мудреци, кои оценката за нештата, настаните и личностите ја давале дури откако ќе минел подолг број на години, уште подобро десетлетија.
Од таква дистанца можеш да видиш со кого си се дружел, кој ти бил колега, кој соперник, на кој настан си учествувал – и, што од тоа направило вредност, а што се покажало како огромно разочарување.
Па така, да напишеш убав текст кој е комплетно уништен со пасусот каде се вели : “Е, тоа се последиците од договорите кои ги поддржаа таквите како „вмровецот“ Орце Камчев, целата сурија олигарски, а тука е се разбира и е Мериот коалицијата. Врвот на сето ова е Заев. Тоа господо од ВМРО-ДПМНЕ, требаше да го победите на 15 јули. Наместо тоа, се доведовте во ситуација денеска да се расправате со тужби од Рускоска. И вие уште мислите дека се многу убави, нели“?
Тоа претставува недостаток на домашно воспитание, како што е впрочем и пишувањето текстови на кои потоа се потпишува балдзата, за да изгледа во јавноста дека е као нешто умна и писмена.
Недостаток на професионализам и коректност претставува кога инсистираш (и добиваш) 2.000 евра плата повеќе години, за веднаш потоа во друг медиум да си спремен истата уредувачка и новинарска работа да ја извршуваш за 20.000 денари (350 евра).
А, недостаток на човечност е кога забораваш кој ти го спасил животот со пункции, лекарски тимови, болнички премиум апартмани…
Единствена причина за вметнување на нечовечен, некоректен, непрофесионален и невоспитан пасус во, инаку, одличен текст, го гледам во нечија нарачка.
Немам капацитет да откријам од кого е нарачката? Од колешка, од хотелијер, од бегалец во Пешта… Но, од некого е.
А, можеби е само завист гледајки фотки на Фејсбук.
Миленко Н.
24.09.20
Чичево (Горно)