…“Високите стандарди за слобода на медиумите ги демонстрира и Полска. Тајната полиција влегла во просториите на еден неделник кој имал некакви аудиоснимки со гувернерот на Народната банка на државата. Во ЕУ изгледа станува нормално кога службите за безбедност влегуваат во редакции и запленуваат материјали и компјутери. Така беше во Лондон со „Гардијан“, еве сега и во Полска. Во САД е нормално кога судат новинари за неодавање на изворот на информации (дописникот на МИА од Вашингтон вели – овде никој од тоа не прави драма), во Германија е нормално кога го прислушуваат канцеларот на државата затоа што властите се плашат дека ако ја отворат улогата на НСА, може да се дојде и до нивната БНД, во Франција не е нормално, ама до состојба на кома претепале 16-годишен Ром, во Холандија не е чудо што 70 години се криело дека на Евреите од Амстердам, кои биле испратени во логор, им стигнувале сметки за данок, во Ирска е нормално што хомосексуалци бркаат од работа“…
ДАРКО НАЦИОНАЛЕ
