Данела за Скопје

Данела за Скопје

 

Како официјален независен кандидат за градоначалник на град Скопје би сакала да се претставам за сите оние кои не ме познаваат.

👉 Родена Скопјанка, сопруга и мајка по професија правник со дополнителна едукација на Универзитетот Оксфорд и Шефилд. Мојата професионална определба успешно се надополнува со бранењето на интересите на Сојузот на стопански комори со којшто раководам од 2014 година. Од 2018 година сум во раководната структура на Светската федерација на комори каде има 12.700 членови и сум една од четирите жени кои се носители на таа функција во светот. Како личност и како претседател на Сојузот се залагам за поголема општествена одговорност на приватниот сектор во земјава, а за досегашната работа добив награда од Светскиот форум на бизнис ангели како најдобар пример кај жените во деловниот свет во Југоисточна Европа.
‼️ Дел сум од меѓународната мрежа на експерти во Г20 каде работам на креирањето на политиките за интегритет и усогласување на регулативата на најсилните економии во светот. Еден од основачите сум на Македонската асоцијација на жени претприемачи. Пред две години бев избрана за член во Бордот на Глобалниот комитет на жени лидери предводен од Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела. Во овој комитет членуваат Колинда Грабар Китаровиќ – поранешната претседателка на Хрватска, Аменах Гуриб Фахим – поранешната претседателка на Маурициус, како и Мари Кристин Огли – претседателката на Светската асоцијација на жени претприемачи.
👩‍💼 Од 2020 година, со согласност на Владата станувам почесен конзул на Унгарија со седиште во Штип за да се зголеми соработката меѓу двете земји на економско ниво посебно во делот на источна Македонија.
♻️ Во 2019 година ја покренувам иницијативата за учество на жените во климатска акција каде директно се преземаат мерки во институциите и приватниот сектор за намалување на загадувањето. Член сум на Гриновет проектот каде се вклучени 4 држави за развој на образованието за екологија со цел да се обезбедат услови за континуирано спроведување на зелена, инклузивна и одржлива економија. Член сум на партнерската кампања на Обединетите нации за Деловен климатски хаб каде во 78 земји малите и средните претпријатија почнаа активно намалување на емисиите на стакленички гасови и справување со климатските промени.

🟡 Може напишав премногу за социјалните медиуми, но со оглед на тоа што не сакам да има нејасности, сакам да знаете дека секогаш сум и ќе останам транспарентна по сите прашања.

Уште еднаш ви благодарам на поддршката којашто ја добивам и заедно да одиме на победа!

#ДанелаЗаСкопје

28.08.21

Скопје