Г. Росоклија

Г. Росоклија

ЗА БЕСРАМНОСТА НА ПАТЕТИЧНО БИЗАРНИТЕ И НИВНАТА ЖЕД ЗА ВЛАСТ

Бизарно е кога претпоставена и умислена македонска интелектуална елита, во суштина мали луѓе со големи претензии, учествува во национално предавство.

Бизарно е кога во жед за власт, окорели комуњари се ставаат на листата на партија против која се бореле цел живот. Ниту идеологија ниту достоинство од двете страни, само бесрамна бизарност која е ретка дури и за Македонија.

Бизарно е кога жестоки противници и критичари на НАТО, прифаќаат да бидат предложени за највисока функција, од партија чија основна цел е Македонија во НАТО.

Бизарно е кога министер кој соучествувал во најголемата пљачка на националното богатство, приватизацијата, се прикажува како спасител на македонската нација чие непостоење прифатил со самото кандидирање за претседател на монстуозната северна творба.

Бизарно е кога тој кандидат за претседател, тотален научен анонимус, се прикажува како светски афирмиран научник кој ќе организира научни дебати за македонскиот идентитет, со светска класа експерти.

Претпоставувам границите на нивниот интелектуален свет, светот со кој ќе дебатираат, се во триаголникот Скопје-Врање-Ќустендил.

Патетично и срамно е нивното соучесништво во предавството на македонската нација, но срамот заради ваквото предавство е за личности со љубов и респект кон сопствениот народ, не за личности чија љубов е исклучиво кон самите себе и кон моќта на функцијата.

Овие ги направи безобѕирни самата можност да се власт! Не можам ни да замислам каква власт би биле?

Претпоставувам, бизарно патетично безобѕирни во владеењето, а можеби и комични.

Или допрва ќе почнат да го сакаат сопствениот народ и ќе почнат да прават за него, правење кое го пропуштиле повеќе од половина век? 🙂 🙂 🙂

Отпорот манифестиран со бојкот е сенародно движење на Македонци со национално чувство и лично достоинство, Македонци кои не можат да бидат заплашени, уценети или поткупени.