НАРОДОТ ГО ИЗВАДИ КУБУРОТ, ГО ИСПАЛИ МЕТАКОТ.
Алекс Ружин, кој не знам зошто ама се потпишува како политичар (?!), на избориве излезе со “програма“ која вели: “се молам на Господа веќе подолго време, Ѓорге Иванов да доживее целосен пораз“! Од кога тоа закоравените либерал-демократи ја гледаат својата шанса во Господ, останува дилема? Желбата на малиот Ружин да има беззаконие во кое ќе го амнестирал таткото на свој “другар, пријател и брат“, останува научна фантастика. Тој што е осуден, ќе си одлежи толку колку што е превидено во пресудата.
Бранко Героски предложи стратегија за ефикасно справување со изборните манипулации. Односно дека требало да се излезе и да се гласа масовно, храбро и одговорно. И ете, му се исполни желбата. Масовно, храбро и одговорно Македонскиот народ го избриша неговиот пулен Стево Пендаровски и партијата СДСМ. Македонскиот народу уште еднаш му покажа на Бранко Героски дека мислењето за државата, владата, партиите, проектите им е стонастотно спротивна од неговата. На Героски ниту парите од СОРОС, ниту ветувањата на разно-разни центри, ниту кукањето и цинкарењето не му помагаат да го премисли народов.
Ленче Николовска им порача на младите да ги распакуваат куферите. Овој пат, вели, не им ја даваме државата на мафиозиве! СТЕВО ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, е нејзиниот повик. Народот, вклучително и во нејзиното Градско не ја послуша. Во Градско 1.151 за Иванов, а 675 за Пендаровски. Со кадар како Добре “Ченто“ и овој резултат и е многу. 2:1 на нејзин терен. Сега Ленче пак нека ја пушти мајка и да ми прави заседа на сред пат и да ми плаче и да се жали.
Петрит Сарачини сега на раат ќе може да се препушти на професијата што единствено ја знае, а и му лежи, односно на цепење дрва. Реков веќе, ако ја загубил секирата од дедо му, ја ке му донирам ганц нова.
Марјан Стојменовски последната колумна ја наслови “Ако ги украдете изборите, вечерва ќе ви се случи народ“. Е па, изборите никој не ги украде, ама си победи Иванов. Народ ниту сакал, ниту планирал, ниту ќе се случи. Во својата колумна тврди дека “Вечерва на Плоштад или ќе се слави или ќе се протестира“. Тука погоди, на сите плоштади низ Македонија се слави. Автомобили, народ, знамиња, песна, радост… Иванов ќе е претседател. Марјан може да го земе во уста, по потреба.
Кире Наумов, онака џандарско револуционерен, напиша: “Или ние – или они, или они – или Македонија“. Па излезе од резултативе сосема подруг слоган: НЕ ВИЕ – ОНИ, НЕ ВИЕ – МАКЕДОНИЈА.
Владимир Милчин не напиша ништо. Нема ниту потрба. Тој даде пари. Соросови пари.
Агенцијата Рејтинг на кадарот на Бранко Црвенковски Ѓорги Спасов (и неговиот син) направија “испитување“ на јавното мислење кое “покажа“ дека Пендаровски ке победел со 100 илјади гласа разлика. Сега, благополучно е тато и синчето агенцијата да ја затворат. Такви партиски монтировки не проаѓаат овдека.
Кај Лидија Димова сеуште има молк. Ја известил ли некој дека изборниот молк заврши па да може да напише нешто во корист на резултатов на Стево Пендаровски?
Мерсел Биљали, инаку кадар изникнат од средното школо АСУЦ, “предвиде“ 150.000 гласа разлика во корист на Пендаровски. Земајки предвид дека Иванов во првиов круг победи со 120.000 разлика, тоа значи дека Биљали не промашил за многу!!!!??? “Само“ за 270.000 (ИЛЈАДИ) гласа погрешил! Јак аналитичар, проверено.
Ерол Ризаов, исто така ептен-најјак-супер-силен аналитичар прогнозираше убедлива победа на Пендаровски. Сега ќе го читаме цела недела во провладиниот Утрински весник. Ќе биде забавна неговата математика, акробации, пермутации… Глупирање на стари години.
Борјан Јовановски објави дека разбрал дека во петокот, пред избори, кај мене ќе гостувал Ѓорге Иванов. Така е Борјане, добро си разбрал. Е сега, разбра ли дека Иванов денеска го здроби твојот Стево со 120 илјади разлика? Ако не си разбрал, а тешко разбираш, еве ја да ти кажам.
Дамјан Манчевски порача дека ќе се случела “центаризација“ на Македонија. За негова жал се случи МАКЕДОНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА. За Македонија не решава нетот, твитерот, скајпот, фејсбукот, лажните профили, смс пораките… Решаваат граѓаните.
Зоран Заев на прес коференцијата заклучи дека ако не е неговата воља, тогаш тоа не е вољата на народот!!! Имало ситемска кражба?! Бог да чува од човеков. Прочистен избрирачки список, нивен човек Рилковски на чело на ДИК, не бележаа со фломастер како стока, ама не е доволно Заев да го признае поразот.
Сега, по овие резултати, ме интересира како Кире Наумов ќе стане пратеник? Како Ленче Министерката, Игор Шема, Гордан, Бендевска, Шекеринска, Заев, Емилијан и слични ќе станат министри?
Кубурот (пенкалцето) народот го извади. Метакот (кругчето на гласачкото ливче) беше испукан. Целта на вадењето на кубурот и истрелот се постигнати.
23.15 часот
13-ти април 2014