Викендашки, еве две информации што стигнаа до мене:
- Најнапред за заминувањето на Никола Груевски.
Изгледа дека моите информации дека си заминал преку македонско-српската гранца некаде на Козјак планина, не се баш точни. Имено, јас така заклучив бидејки Никола Груевски од Скопје имаше во четвртокот/петокот заминато и се сместил во една луксузна хациенда во близината на селото Герман.
Но, Груевски не заминал од таму за Србија, ами со помош и со знаење од Зоран Заев и Оливер Спасовки, влегол во Бугарија, каде логистиката ја презел лично Бојко Борисов. Во Софија Груевски веднаш отишол до новиот, сеуште неотворен карго аеродром, каде слетал приватен унгарски млазен авион. И од таму веднаш се упатува за Будимпешта.
Неговата лична карта и издадениот пасаван шетаат, односно минуваат граници помеѓу балканските држави, на тој начин “евидентирајки“ го неговото присаство во дипломатско возило на унгарците.
2. Телевизија Сонце.
Телевизијата Сонце, на “големиот“ патриот Џорџ Атанасовски, престанува со работа за 10 дена. Имено од први февруари натаму таа телевизија веќе нема да зрачи, а вработените си добиле навремена препорака да не доаѓаат веќе на работа и да си бараат друго чаре.