Груевски, бегалецот!

Груевски, бегалецот!

Уште малку, три години ќе се направат како јавно, јасно и гласно го критикувам кукавичлукот и бегството на Груевски.

Критикувам што уцвика и ги остави сите (држава, партија, сопартојци, гласачи, фамилија…) на цедило.

Го критикувам три години што им верува на гласниците (како на овој на сликата подолу) што го лажат дека ќе се врати на бел коњ.

И еве сега, после скоро три години обвинувања од странците кон новото раководство на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски дека тајно одржуваат контакти со “бегалецот од Пешта”, конечно следи катарза кај странците по истото тоа прашање.

Од изјавите на високите партиски раководители во последните 3 години, се гледа дека ВМРО ДПМНЕ не чува бел коњ за поранешниот лидер.

Секако во оваа серија на изјави, недостасуваат такви недвосмислени ставови од Николоски, Муцунски, Тарчуловски или Кендо, за да може меѓународниот фактор да биде на чисто со партијата која догодина ќе дојде на власт и човекот кој како премиер ќе ја води државата.

ПС

Однапред кажано, како и се друго.

 

Миленко Н.

Македонија 24.04.21

 

ППС

Мои пријатели, подржувачи, читатели во многу наврати ме прашуваат зошто Мицкоски не е доволно храбар?

Кога ќе имам прилика да го видам во живо, ќе го прашам, па ќе ви кажам.

Но, јас да прашам што е храброст, и кој е тој што бил храбар (и како), па според тоа да видиме како и колку Мицкоски е или не е храбар!

Па така:

– храброст ли е да потпишеш капитулација (Охридски договор) пред банда дилери на дрога? Храбар ли бил Љ. Георгиевски?

– храбар ли бил Љ. Георгиевски кога за министер за одбрана го ставил В. Бучковски?

– храброст ли е да земеш бугарски пасош ко Љ. Георгиевски?

– храброст ли е неуставно и незаконско договарање и потпишување договор во Пржино? Храбар ли бил Н. Груевски?

– храброст ли е Мајски договор, Талат министер за одбрана, амнестија на Хашките случаи? Храбар ли е Груевски?

– храброст ли е да организираш 27-ми април а да си избеган во Виена на непостоечки состанок? Храбар ли е овој што го сонува белиот коњ?

М?