ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ?
(Ефектот на контраефектот)
Се обидувам во контролираниот глобален (дез)информациски хаос да го издвојам она што се нарекува објективна реалност и логика на нештата. Од она што можам јасно да го видам и да го кажам со целосна одговорност за кажаното, во тек е завршната фаза од беспоштедната, брутална планетарна информациско-пропагандна војна од петта генерација, невидена по обем, длабочина и цели, која ќе има последици длабоко во иднината на човештвото. Таа премина и во кибернетичка војна; употребата на италијанскиот сателит Леонардо за покривање на кражбата на американските избори внесува и други димензии, особено ако се имаат предвид тврдењата дека во тоа е замешан и Ватикан. Дали сето ова ќе резултира и со физички воени операции, скоро ќе знаеме, иако информациите за покриени воени дејства особено вчера и денес се многубројни и секако непотврдени. Логично е дека сето тоа е придружувано со серија разузнавачки, контра-разузнавачки и контра-контра-разузнавачки операции од најсофистициран вид.
Во сето ова е вклучен целокупниот арсенал на придружни, главно психолошки операции од типот на невролингвистичко програмирање, МК-Ултра, медиумски „патки“, психотронски влијанија, подбуцнување, вклучително и елементи на мрежна војна, заснована на Effect based operations (со централна операција во упадот во Капитол Хил). Како политичко поентирање, се одвиваат серија политички настани и декларации, како на пример, темпираната подмолна изјава на британскиот премиер Борис Бозо, уште додека траеше упадот во американскиот Конгрес. Да го повториме основното: како и секоја психолошка операција заснована на лаги, полувистини и конструкции, целта на ова „лудило“ е да ви ја измести/смени перцепцијата на реалноста, т.е. да ја скрие вистината, да ве наведе на погрешно мислење и однесување, и така да ви ја одземе најголемата благодат – вашата слободна волја. Во крајна линија, и физичката слобода. Тука веќе ќе биде небитно дали сте свесни или несвесни што се случило.
Во деновиве на разврска, очекувам употреба и на холограми, deep fake визуелизации, евентуално и конструкции со т.н. аугментативна реалност, со технолошка манипулација на повеќе видео слоеви (испробана, на пример, во „вселената“), за да се добие режиран настан, или изјава, или штогоде, а со огромен импакт. Да гледаш, а да не веруваш.
Во таа смисла, во тек е своевидна „бифуркација“ на реалноста (засега само на политичко-идолошката), нејзино раздвојување од првобитната целина, длабока и можна непомирлива поделба на планетарно ниво, со несогледливи последици, која да речеме во моментов функционира во модусот глобалисти наспроти суверенисти, либерали наспроти патриоти и слично. „Идеологиите“ се смртоносно оружје на глобалните паразити. (Како инаку да се третира фактот дека разноразни леви и квазилеви се подготвени да прифатат очигледен педофил за претсеател, само затоа што противкандидатот бил „конзервативен капиталист“. Трагикомично). Паразитите тоа и го посакуваат: покренување на фундаменталниот дуализам во човечката природа, со тоа и во светот, до ниво на непомирливо непријателство и крвав хаос произлезен од него.
Но, што (ми) вели објективната реалност? На пример, ова: најочигледниот доказ дека паразитските елити и покрај моменталниот конструиран привид ја губат војната, е фактот дека Ненси Пелоси побарала од началникот на Генералштабот на американската армија да му се одземат нуклеарните кодови на претседателот Трамп (sic!). Тоа е очајнички и трагикомичен потег на хистерична личност, класична drama-queen која го рефлектира уплавот на елитите, а на која при упадот во Конгресот и во нејзината канцеларија, најверојатно во (мошне) специјална операција, ѝ бил украден лап-топот. Јас би рекол: запленет. И уште триесетина други. И сега детално се проучуваат. Самиот упад во Капитол Хил, е крајно контроверзен, режиран и контролиран, нешто во смисла: инфилтрираните провокатори (Антифа) самите биле инфилтрирани и испровоцирани да провоцираат. Наместени како недоветни шутраци.
Втората индиција дека во редовите на глобалистите владее паника е бруталното, диктаторско блокирање на американскиот претседател на контролираните социјални мрежи, а во текот на вчерашниот ден блокирање и на наговите најударни соработници и поддржувачи. Гледаме дека наводните либерали и други шарени фрикови прават обид за целосно физичко, фашизоидно замолкнување на „другите“, невидено по обем. Мора да се навистина лудо очајни, бидејќи од една страна цензурата во денешно време е практично невозможна, а од друга големите цензурирани социјални мрежи ќе се самоуништат (во тек се масовни миграции на алтернативни канали; Твитер е во слободен, драматичен пад по блокадата на Трамп). Од што толку се плашат, ако веќе „победиле“? Парадоксално, откако нападнаа со цензури и блокади, алтернативниот проток на слободни информации е драстично зголемен. Експертите за црна пропаганда не го проучиле доволно ефектот на контраефектот.
Изгледа точна констатацијата дека од сите видови тоталитаризми, од фашизмот и комунизмот, (нео)либерализмот е најопасниот, затоа што е најдобро маскиран, и најбрутален во крајна линија. „Пандемијата“ тоа убаво ви го покажува. Ова блокирање е пресвртен настан во дигиталната слобода на интернет и може да има погубни последици, доколку претставува и вовед во целосно блокирање на планетарниот отпор против вакцинирањето. Денеска прочитав некаков француски „фактор“, кој изјави отприлика дека „вакцинирањето е невозможно да се изведе покрај социјалните мрежи“. Исто така, забележувам пораст на пропагандата за наводниот мутиран вирус од Британија паралелно со декларациите за Џо Бајден како нов американски претседател. Извинете, ќе стане тоа откако ќе положи заклетва. Инаку, вчера свечено објавија дека кралицата Елизабета и принцот Филип биле вакцинирани. Останува уште само да поверуваме.
Конечно, не знам како ќе заврши сето ова. Знам како сакам да заврши и сакам да верувам дека така и ќе заврши. Имам и зошто. Не прифаќам друга реалност освен следнава: Судбината на човекот е да биде слободен. Доколку сме толку многу изманипулирани и изиграни, та да нѐ наместат во ново долгорочно ропство од кое тешко дека ќе има враќање, ќе го прифатам тоа и како личен пораз, и целосно ќе се повлечам, бидејќи ќе излезе дека сум бил во заблуда. Но нема да капитулирам во душата, бидејќи таа не е подложна на ропство. Како ни милиони други низ светот.
Робовите, пак, си го сакаат кафезот, безбедни се во него, бидејќи си ги продале душите и самите се нудат за генетски експерименти. Луѓе без слободна волја, заглупавени. Глупоста отсекогаш била најголем сојузник на злото. Спротивно на глупавиот роб е човекот воин, слободниот светол човек, кој го спознал злото и непомирливо му се спротивставува. Денес, во прашање е доведен самиот поим за тој Човек, неговата смисла, природа, постоење и историчност, неговата симултаност на вечноста, соочен со најголемата злокобна закана во историјата, во можеби последната игра на последните времиња. Многу храбри, прекрасни, умни, пожртвувани и слободни луѓе веќе одамна сфатија дека освен по некој привид на реалност, во суштина не постои ништо друго помеѓу двата пола на решавачката дилема, која сама по себе е избор: Да се биде или не?
Господ нека си ја заврши незавршената работа.
Крум Велков
Струмица, 10.01.21