СДСМ е инсталација, збирштина која треба да спроведе разградување на македонската држава, бришење на македонската нација и до крајот на годинава поделба на територијата. Заев беше многу јасен предизборно и го спроведува тоа што рече дека ќе го спроведе. Што да критикуваме? Тие беа избрани врз таа програма што сега ја спроведуваат. И тие, таа збирштина на власт, не глуми патриотизам, не глуми македонство, не глумат ама баш ништо.
ВМРО-ДПМНЕ го завзема местото на опозиција и има 51 пратеник. Што прават тие? Соработуваат со СДСМ и со Кале во разградувањето на државата, за сега, а после, после нема да има.