Горазд РОСОКЛИЈА

Горазд РОСОКЛИЈА

Горазд Росоклија

,,Кој и да е“ нема да биде иден премиер, а партијата нека дава шанси, но Македонија во меѓувреме ќе ја нема. Најдоцна до средината или евентуално до крајот на 2018. После 3 години криза во ВМРО, крварење и на партијата и на земјата, во ВМРО не се чу глас, а камо ли лидерски глас. Никола беше партиски лидер, но не и национален лидер. Македонија стана партиска држава, во последните три години доминантно корумпирана држава што резултираше во масовно незадоволство. Реките на шаренатата ,,револуција“ беа составени од платено малцинство и од незадоволно мнозинство млади луѓе. Лидерството на ВМРО не го виде тоа или не сакаше да го види. Партиската кадровска политика беше катастрофална, ставија професионален и морален шљам на раководни позиции, рекетари во свое име или во име на партијата. Системот на страв и уцена или условување со кој ВМРО обезбедуваше гласачи, го примени и СДСМ со странска помош и ВМРО ја загуби власта. Без власт почна да се распаѓа пред се заради погрешниот избор на кадри. И сега од тој состав, кој бил послушнички и толерирал криминал треба да израсне лидер, а раководството е во рацете на оние што ги имаат материјалите од прислушкувањето? Ако ВМРО успее во тоа ќе ги негира сите теории за психологијата на личноста. Им посакувам многу среќа. Дискутираме за ВМРО бидејќи сеуште е партија или веруваме дека е. СДСМ е надвор од дискусија. Тие одамна не се партија. Во моментов имаме збирштина која ни е наметната како власт со задача која забрзано ја спроведуваат.