Горазд РОСОКЛИЈА за пробугарските монаси од Бигорски

Горазд РОСОКЛИЈА за пробугарските монаси од Бигорски

МУДРОСТИТЕ НА МОНАХИЊИТЕ И МОНАСИТЕ НА СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ

Монахињите и монасите на МПЦ-ОА, која за бугарската православна црква е непостоечка црква, му кажуваат на македонскиот народ, дека напорот не треба да биде кон признавање на МПЦ-ОА од страна на бугарската и другите православни цркви, туку македонскиот народ да го положи својот идентитет на ,,олтарот“ на бугарската држава и така МПЦ-ОА и Македонците да се изедначат, и да влезат во единство, сега со бугарската држава и црква, а после смртта со Исус?

Или јас нешто не сум разбрал од мудроста на монахињите и монасите на Св. Јован Бигорски кои непрашани, неповикани, неквалификувани ни со школо ни со памет, го поддржуваат ,,договорот“ со Бугарија?

Ние Мијаците важиме за бистри, монасиве и монахињиве на Св. Јован Бигорски, изграден од нас Мијаците, немам впечаток дека се Мијаци, пребистри се за да бидат разбрани.

Да се свртиш против сопствениот народ кој буквално те рани, има ли поголем срам?