ШТО НИ СЕ СЛУЧИ?
Ни се случи епилог кој не е резултат на партијата на власт иако е таа егзекуторот, ако воопшто имаме партија на власт.
Со години имавме негативна селекција не само во врвот на политичките раководства туку и во врвот на сите институции врз кои се заснова постоењето на една држава и препознатливоста на еден народ (во академските институции, во научните институции, во културните интитуции, во судските институции, во црквата….буквално секаде).
Кога ќе ги наполниш институциите на државата со луѓе кои зад себе имаат криминални досиеа, или со луѓе кои со ништо не ја заслужиле фунцијата (академска, црковна, судска…секој може сам да набројува понатаму), таквите ќе подлегнат на уцена спасувајќи ги функцијата, украденото и сопствената кожа.
Затоа молчат тие од кои народот очекува да зборуваат.
Некаде пред 5 години, западните земји или фамозниот ,,странски фактор“ одлучи да престанеме да постоиме.
Некои зборуваа за ова, никој не ги слушаше.
Со малоумноста на прислушкувањето ВМРО-ДПМНЕ си го стави јажето околу сопствениот врат и го забрза процесот на дефинтивно ,,решавање“ на македонското прашње, т.е. бришење на Македонците како народ и нација.
Карактерите во македонската политика, со криминални досиеа, објавени и необјавени, во сите партии, беа ставени под притисок (закана) и им беа поставени условите кои треба да ги исполнат за да си ја спасат кожата но и украденото.
Меѓу Македонија и сопствената кожа тие не ја избраа Македонија.
Институциите, столбовите на секоја држава, останаа и остануваат неми затоа што лидерите во тие институции не се различни од лидерите во власта.
Се е епилог на селекцијата на луѓе, а во таа селекција сите учествувавме, или скоро сите. Некои активно, некои пасивно, сите!
Не знам дали еден ден ќе има нов Нирнбершки процес за македонските учесници во ова што се случува во Македонија, но на тие во Нирнберг не им помогна одбраната дека само исполнувале наредби.