На Брацо и кога доминираше во ФФМ, Победа, Слога, Вардар, Силекс ич не му беше гајле за фудбалот во Македонија. Тој тука се најде само затоа што никаде на друго место не може да продава муд за бубрези. Од неговата Србија го избркаа на клоци, од Хрватска со шамари го истераа од Сплит и другите градови. Во Германија веќе е распадната неговата УФАМедиа. Пререгистрирани се нови компании, како би можел и натаму да подлажува.
Читајки ги статиите на тема ТВ пренос Работнички – Трабзон, ми се раѓа само едно прашање: Кој е виновникот што пренос немаше, кога веќе МТВ имала права за пренос во Македонија?
Кој?
Уредникот на Спортска на МТВ Тони Стојановски, сватот на Ѓоко Хаџиевски? Еве негова изјава:
„Поповски и тогаш не ни дозволи да ги продуцираме натпреварите со овие два тима кои ќе се играат во Скопје. Затоа и ни пропаднаа преносите обезбедени оттаму, за кои јас имам докази (имејл преписки). Доколку Работнички не соработуваше со Брацо Вујчиќ, на МТВ ќе одеше пренос од сите пет натпревари летово и тоа на првиот канал“, тврди Стојановски.
http://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/mtv-dokolku-rabotnichki-ne-sorabotuvashe-so-braco-vujchikj-kje-gi
Или виновник е Попе (Драган Поповски) кој неуспешно се обиде да биде претседател на ФФМ, па остана да се задоволи со подарокот од Коки и Трифун Костовски наречен Работнички? Еве негова изјава:
„Бевме договорени со МТВ да се пренесува мечот. Работнички не бараше ништо, ниту пари, ниту реклами…Работнички имаше само едно барање, да се крене сигналот на сателит, за да може тој од сигнал Работнички да заработи од ТВ-правата во Турција. Но, тоа не беше прифатено. Јас се согласив да има пренос, иако имаше ризик поради ТВ-пренос во Македонија да дојдат помалку гледачи и да имаме помала зараготувачка од билети“.
http://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/braco-mtv-nemashe-oprema-za-prenos-sega-mozhat-da-se-izvadat-neka-go-kupat
Не знам дали знае Попе, ама за Вардар имаше и ТВ пренос и публика. Изгледа не е проблемот во ТВ преносот.
Дали е виновен Брацо Вуичиќ?
У ствари, виновен е Небојша Давидовиќ кој го донесе овој преварант на почетокот на 90-тите, па им го ували на Драган Томовски, Љубисав Иванов, Илија Атанасовски… После, Брацо му се “заблагодари“ преку тоа што Небојша Етко беше ишшутиран од сите бизниси поврзани со фудбалот и специјализирана фудбалска Туристичка агенција, притоа крадејки му ги пребезите како Ацо Гризли (дотогаш најверен потрчко на Небојша) и Рената.
Рекламата за кошули со голи цицки е вионвна.
Видео на 3.30