„Не може да се игра доминантен фудбал со (рамни) 4-4-2. Триаголниците исчезнуваат. Секогаш треба да имате триаголници, само тогаш имате опции за додавање“. – Јохан Кројф
Позиционалната игра не е за посед, туку за позиција. Оптималното позиционирање помага да се постигне позициска супериорност и да се стекне предност пред противникот. Јохан Кројф разви модел на игра заснован на триаголници: секој играч, без оглед на неговата локација на теренот, мораше да се позиционира за да ја формира таа форма. Тој сметаше дека ова е идеална основа од која неговиот тим може да ја задржи топката, притоа секогаш нудејќи му на носачот на топката две опции за додавање. Уште подобро кога и двете опции се дијагонални, дијагоналните додавања се поволни бидејќи ги преигруваат вертикалните и хоризонталните линии и затоа се потешки за одбрана. Исто така, на примачот му е полесно да ја контролира топката, за разлика од вертикалното додавање, играчот кој прима дијагонално додавање е веќе свртен во правец на голот.
Дудинка
28.05.23