Во моменти на случување на најголемиот дипломатски скандал во историјата на Македонија, во доба на скандал без преседан во светската дипломатија – Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов го нема никаде!?!?!
Произведува ли млади лидери?! Лидери како него? По неговиот ли пример!!!??? Обезгласени и обезкичмени лидери?!
Ваков скандал не паметат во своите истории дури ниту Сојузна Република Германија со својата амбасада во Берлин, односно Демократска Република Германија со амбасадата во Бон – но, ете ќе го пишува ова во историјата како единствен случај кога комплетниот персонал на една амбасада е повлечен, а војна не е објавена. Сеуште.
Човекот, значи Хорхе, кој по функција, закон и устав е задолжен да ги прими акредитивите од секој странски амбасадор, па така и од српската амбасадорка – кога е таа повлечена од страна на нејзината држава, тој нема ни глас, ни став, ни порака, ни соопштение. Па барем еден панел да имаше.
Човекот, значи овој наш јадник Хорхе, кој ги праќа нашите амбасадори по светот, значи и во Белгради и во Бразилија (Боце) и во било која друга амбасада – го нема сите овие денови, иако српската амбасада се наоѓа на само една уличка и неколку стотина метри од резиденцијата на Хорхе. Претпоставка е дека бидејки помеѓу српската амбасада и резиденцијата на нашиот претседател се наоѓа резиденцијата на Бејли, тоа му е пречка на Иванов да види шта се дешава.
Од сите акции што можеше да ги преземе тој успеа “храбро“ да не се поздарви со Шекеринска! Многу државнички, нема што.
Мислам дека е ред ова свое не-делување Хорхе да го објасни. Сепак сме го гласале 10 години да е оптегачен во “Вилата на Тито“. Еве, не мора да објаснува каква била релацијата меѓу Живаљевиќ и неговиот незаменлив Синиша, зошто Синиша ги објавил селфи фотките на Живаљевиќ што србинот му ги пратил токму на Синиша (а не на Вучиќ, на пример), не мора да објасни ниту каде му се гаранциите од Заев… Еве, нека објасни зошто сега го нема НИКАДЕ!
Би било глупо причината за неговото неделување, односно ветувањето од Хокт Ји за неговата меѓународна кариера во пост претседателскиот период, да биде прочитана и обзнанета прв пат дури во мојата книга која ја пишувам. Јас, имено, пипувам споро ама ризично.
Де кажи си: “Деца, ја ќе си станам воа-и-воа, и тоа ми е поважно од Македонија“.
24.08.2017 – Скопје