За Каталонија ми е муабетов.
Толку елементарно непознавање (од нашиве “стручњаци“) на меѓународните односи, меѓународна политика, дипломатијата, историјата на Европа, историјата на поединечни народи, внатренационални разлики, внатреполитички превирања, политичри, владетели – дури и мене, што сум тотален скептик кон Македонската “интелектуала“, ме фрапира.
Ај за Адриан Гаџа, без разлика дали профилот му бил лажен или не, и не ме чуди. Ама за Срџан Керим, Васко Ефтов и слини продавачи на магла, навистина дури и мене ме изненади нивното незнаење.
Керим сакаше да биде Претседател на Македонија, сакаше да е и Генерален секретар на ООН, а беше Министер за надворешни рабти на Македонија. Другиов сакаше да биде Генерален секретар на СДСМ, долггодишен советник е на Бранко Црвенковски, ама еве сега со реченицата “не се радувајте за независноста на Каталонија“ станува јасно зошто Бранко неславно замина во историјата. А исто неславно ќе замине и секој друг што сега се лепи на “советите“ на овој преторијанец.
Но, за Каталонија ми е зборот.
Најнапред, Каталонија има богато минато на антифашистичка и антидиктаторска борба против Мадрид. Така да, било кој, еве овој што му дава “совети“ на Груевски, кој себе со години се претставувал како подржувач и истомисленик со комунистичката идеа, сега го плука она кое го подржувал со декади.
Каталонија не може да се споредува со Косово, со Македонија, или делови од Македонија, ниту со било кој друг пример. Борбата на секој народ е уникатна и непрекопирлива за на друго место и за друг народ. Впрочем, зошто е споредбата со делови каде живеat албанци во Македонија. Што не се прави споредба со Пиринска и Беломорска Македонија?!
Каталуњаните се домицилниот народ во Каталунија. И оние се тука од секогаш. Што значи дека не се како косоварите доселени на територија која била на србите.
Каталуњаните не ги имаат продадено своите куки, имања, ниви и шуми за да си купат стан во Мадрид. А србите тоа го имаат наравено во Косово за стан во Белград. И тетовчани го имаат направено тоа за стан во Скопје.
Каталонија не е државен, верски и историски центар на Шпанија. Односно не е исто што е Косово за србите. Каталонија не е лулка на Шпанската држава, Косово и Метохија е токму тоа на српската. Србите потекнуваат од КиМ и Рашка. Арагонците, Андалузијците, Леонците и другите од Иберискиот полуостров ниту верски, ниту историски, ниту државнички не потекнуваат од Каталонија. Шпанските кралеви не правеле свои задужбини, не се крунисувале, ниту се државотвориле на територијат на Каталoнија. Сосема спротивно, српските властодржци токму тоа го правеле на Косови и Метохија. И крајно, шпанците немаат своj Газиместан во Каталонија.
Во Каталонија нема борба помеѓу две директно спротиставени религии како на Косово. Во Каталонија сите се католици. Во Косово е битката помеѓу муслиманите и православните.
Многу важно е и следното: Отцепувањето на Каталонија не е со цел да се направи друга голема држава, како што е целта со Ксовои и Метохија и делови од Македонија, Србија, Црна Гора и Грција. Каталонија не излегува од Шпанија за да прави “Голема“ Франција, а КиМ е само со таа интенција, да направи Голема Албанија.
Значи, заминувањето на Каталонија од Шпанија не прави бенефит за трета држава, како што е случајот со Косово и Метохија и делови од соседните држави на Албанија.
Исто така, многу е битен податокот дека Каталонија е најразвиениот и најбогат дел на Шпанија. Исто како сепаратистички настроената Калифорнија во САД. Спротивно, Косово и Метохија беше најнеразвениот и најзапоставен дела од Србија и Југославија.
Каталонците до својот референдум не дојдоа со помош на САД и нивната солдатеска. Напротив. Премиерот на Шпанија отиде да му се моли, а и одби поддршка, на Трамп. Отцепуањето на Каталонија нема да е со цел да се направи некој “Бондстил“ кај Џирона, на пример. Отцепувањето е направено без употреба на оружје, без војна, без терористи од некоја си нивна “УЧК“.
Отцепувањето и референдумот не се финасиран од транспорт и продажба на дрога, оружје, луѓе, човечки органи. Нема убиени, заклани, киднапирани… Катаолонија не е истo, ама по ништо, со Косово.
Најважното што овие глупаци кои не разбираат ништо од меѓународна политика, светска гестратегија и дипломатија (на ТВ станиците гостуваат некои “дипломати“ кои ја верглаат истата прикаска од времто кога шеф им бил Будимир Лончар), е дека основната работа, највисокиот дострел, врвот на се од минатиот викенд во Каталонија не е сецесионизмот! Најбитната е победата на еден мирољубив и ненаоружан народ против галопирачкиот фашизам во Европа. Најважна работа е што луѓето од Каталонија покажаа дека може народ да се спротистави и да победи посилен од себе. Сосема спротивно од политиката на домашниве наши политичари (позиција и опозиција) и нивните “советници“ за “наведната глава сабја не сече“ стратегијата.
Најважно што покажаа тие храбри луѓе е дека може и треба да се спротистават и да победат авторитети, автократи, диктатори, ненародни бриселски комесари, мејн стрим медиуми, абдал политичари…
Не, не е отцепувањето главна вест. Отпорот и победата на фашизмот е.
М. Неделковски
Скопје
03.10.2017