Последниот брутален напад на “новинарката“ Јорданка Ивановска Јоци врз промискуитетот на пратеникот Антонио Милошоски, уште еднаш ја покажува катастрофално лошата PR политика на ВМРО ДПМНЕ што се однесува во врска со стратегијата на користење бивши, сегашни и превртени комуњари во медиумската борба против СДСМ. Цитирањето, ангажирањето, глорифицирањето на Ефтов, Ивор Мицковски, Златев, Јоци, Геровски е очаен обид на умилкување кон оние што некогаш те дробеле, тоа повторно да не го прават. Плус, да го дробат твојот (нивниот) непријател.
Кој и да стои зад таквата PR стратегија на партијата, направил и сеуште прави огромна грешка. Оти Химлер неможе да биде замена за Черчил, ниту пак Рибентроп за Молотов. Еднаш превртач, секогаш превртач. Еднаш курва, секогаш курва. Тој што си ја предал својата кауза, секако нема да има проблем да ја предаде и твојата кауза.
Па така, сведоци сме, потрошена е “вредноста“ на Јоци која сега мава по довчерашните симпатии и спонзори. Исто е и со, колку до вчера, “незаобилазниот“ Ефтов кој беше цитиран дури и кога ќе се накашлаше. Но, еве сега, молк кога Јоци удара, Ефтов критикува а јавноста се исмева.
Играњето на кратка меморија е стратегија на лузери и на луѓе кои си мислат дека се непогрешливи, па своите промашувања сакат да ги скријат преку буткање на ѓубрето под тепих.
Па еве, уште еднаш да искористам прилика и добронамерно да предупредам дека со ангажирањето, хонорирањето и промовирањето на човек докажан превртач и личност со мало бабуле – Бранко Геровски, се прави ненадоместлива штета во предизборниот PR на партијата.
Зошто?
1. Па затоа што Героски во овие последни 35 години успеа да се испокара и да ги изнамачка со фекалии сите оние кои предхпдно ги молеше или му помагаа во неговата кариера:
- Панде Колемишевски, кого Геровски го молеше да биде префрлен во редакцијата на “Комунист“, гласилото на Сојузот на Комунистите на Македонија, бидејки во редакциите на НИП Нова Македонија не се чуствувал остварен и не бил во друштво на идеолошко исправните новинари.
- Љубомир Данаилов Фрчкоски, кој му обезбеди на Геровски пари во кеш од тајните фондови на полицијата (МВР) каде Фрчко беше министар, за да биде отворен “Дневник“.
- Сашо Ордановски, соборецот од времето на “Шарената“ револуција, кампирањата пред влада, ватрени говори пред МРТВ, дебати во подрумот на бившата пицерија “Менада“…
- Телевзијата на Боки13 во која тој беше најредовниот гостин.
2. Затоа што е постојан соработник на странските тајни служби, пред се српски и бугарски. Кај Геровски има толку “случајности“, што тезата “случајните случки случајно се случуваат“ паѓа во вода.
Кај него во станот, едно десетлетие “случајно“ бил кирајџија српскиот разузнавач Живаљевиќ. Човек кој е во времет на случувањата во Собранието на 27-ми април, цело време во зградата на парламентот. Плус е во најбилски релации со разузнавачот од кај Ѓорѓе Иванов, лицето Синиша Алексовски. Секоја тајна служба, па така исклучително способната и искусна српска, пред да смести свој агент, проверува стотици работи, а и сместувањето го прави наменски. Во случајов да му обезбеди екстра профит (преку кирија) на својот соработник од Македонија, Бранко Геровски. Сличен кирија “систем“ како Радмила Шекеринска и Бобо за изнајмување на својот стан на “Дајнерс“ каде Бобо е директор.
Исто така, случајно му се испушти на Орце Камчев дека и следните (како и предходните) бомби ќе дојдат од Бугарија а преку Геровски “дагау“ ќе бидат пукани. Летоска за еднократна награда од 25.000 евра, овие зимоска со цена која во моментов не ми е позната.
Случаен беше и собирот во Пивница во периидот на доаѓањето на власт на СДСМ после “15-ти септември”, каде на покана од Едвард Џозеф дојдоа Никола Младенов, Мирка Велиновска, Јадранка Костова, Гордана Стошиќ, Александар Чомовски, Сашо Ордановски, Ерол Ризаов, Катерина Блажевска за да им биде наложено да се справат со Gero case, оти по сопствено признание Геровски имал мало бабуле!!! Па не издржувал притисок, веднаш се подмочувал.
Едно од случајностите што неслучајно се случувале, а на кое Геровски инсистира да се заборави е прдавството што планирал да го направи во Лондон по наредба на властите до Бугарија и дебело спонзорирано од Софија. Ама, да се самоцитрам: “Бог прашта, Миленко – не“.
Во таа далечна 1996, после атентатот на Киро Глигоров, кога Мирка Велиновска е дописник на Нова Македонија од Лондон, открива дека под покровителство на весникот War Report во рамките на институтот за Војна и мир раководен од влашки румун/грк Џонатан Ејл во просториите на соодветна невладина просторија, Бранко Геровски и Гордана Стошиќ ќе бидат медијатори на дебатна тркалезна маса на тема “Бугарските прашања во врска со Македонија”. Сето тоа без знаење на македонската дипломатија, Македонска амбасада, Македонските Претседател, Премиери и сите други државни институции.
Сите трошоци за Стошиќ и Геровски (во придружба на својата сопруга) во ќеш ги има платено Стојан Андов.
А, за да молчи Велиновска, бил задолжен Зоран Шапуриќ кој во хотелот Холидеј Ин во Лондон и понудил 12.500 долари во ќеш, “поздрав” од Стојан Андов.
Мирка, дознавајки ја оваа работа, која инаку се прави без за неа да се знае во Македонската јавност, алармира кај Панде Колемишевски, кој зема и му ги извлекува ушите на Геровски. Веднаш потоа, Брано Геровски се жали директно до тогашниот председател Киро Глигоров, дека Колемишевски пратил “црвен комесар“ за да го следи “малото бабуле“ во Големата Британија.
Така да, “Малото бабуле” Геро е нешто како “Швајцарско џебно ноже”! Мултитаскинг, се отвора за било која потреба, се употребува и се затвара и става во џеб.
Неговото користење во партиски цели ќе исто толку погубно, како и ангажирањето и финансиското супортирање на Јоци, Ефтов и слични превртачи.
М. Неделковски
Скопје, 15.01.20