На корисен идиот, каков што е Бранко Героски, многу е тешко да му објасниш што е слободен ум, размислување, дебатирање, спорење, прашување…
Земал кликнал на Википедиа и препишал делови кои му одговарале за Питагора, Платон, Аристотел, Галилео Галилеај и Никола Коперник… Ова со името “Никола“ некако му ствара нервоза кога го пишува и изговара.
Понатаму се распишал и за Џордано Бруно, Алберт Анштајн, Исак Њутон…
Она што корисниот идиот не сфатил од нивните животи, борба и саможртва, е дека тие се бореле против дотогаш воспоставените СТЕРЕОТИПИ, СОЗНАНИЈА, ДОКАЗИ, ФАКТИ, НАУЧНИ ТРУДОВИ… Се бореле против своите современици, некои си “Геровци“, кои не сакал да слушнат други аргументи, други погледи, други визии… Тие нивни современици “геровци“, биле спремни да убиваат и спалуваат (книги и живи тела) на оние што не мислеле како нив.
Секое доба има свои “Геровци“, односно инквизитори. Тапчовци, клиенти на големи центри на моќ што не можат да си дозволат еднаш воспоставениот систем да се разгради. Тоа што они го знаат е еднаш за секогаш зададена наука – и точка!
Коперник, Бруно и сите други, за да ги докажат своите ТЕОРИИ (значи во то време: ТЕОРИИИ) користеле ново знаење, нови размислувања, нова (за тоа време) технологија… Збунувачкото до иритација тврдење дека дотогаш познатото знаење е НЕЗНАЕЊЕ, ги побеснувало владетелите (земни и црковни) и ги инспирирало нивните мегафони (како сега Героски) да се нафралат против новата еретичка мисла.
Коперник, Бруно, Галилеј, Ајнштајн, Тесла биле неразбрани од своите современици, исмевани од медиумите или јавноста. Биле сметани безмалку за луди. За сега, два-и-пол милениума после, 500 години после, 100 години после, да им се поклонува целиот свет. Светот што ги заборавил нивните современици “Геровци“, а тогашните фрикови сега ги слави.
Сите ликови во текстот на Героски во колумната посветена на мене, се бореле против ограничување во истражувањата, мислата, науката, размислувањето… Сметале дека науката, секоја наука, е бескрајно поле на истражување, докажување, аргументирање, дебатирање… Дека ниту една наука нема крај. Дека ниту една мисла, закон, заклучок нема ексклузивно право да не биде оспорено, проблематизирано, променето…
Сите ликови наброени во текстот на Героски се бореле и залагле за токму спротивното од она што Героски, и слични нему, го прават.
Ниту еден од научниците од текстот на Героски не бил прифатен од своите современици, од центрите на моќ (држави и црква), од колегите научници, од медиумите или јавноста. Сите тие биле сметани за богохулници, лудаци, вештери, соработници на ѓаволот. И како такви биле изложени на тортура, а во средниот век и на палење на клада. Биле запалувани, заплашувани, малтретирани, “побивани“ од инквизитори со поданички менталитет каков што го има Героски.
Героски се исмева со доказите дека МАКЕДОНЦИТЕ што го носеле словото, значи словените, не дошле од зад Карпатите, туку токму спротивно го пренеле писмото, словото и писменоста натаму. Героски не сака да чуе за научното достигање на покојниот Бошевски и професор Тентов кои докажаа дека само со примена на МАКЕДОНСКИОТ јазик и азбука може да се прочита средниот текст на Каменот од Розета. Героски, како инквизитор по вокација, ја запали МАКЕДОНСКАТА енциклопедија уште необјавена. За него покоен Никола Младенов велеше: “Тоа е единствен “демократ“ кој кога го изговара зборот демократија замавнува со раката како удар со секира/гилотина“.
Героски би сакал да остане се по старо. Ништо да не се мени. Он би сакал вечно да трае времето кога бил новинар/колумнист во партиското гласило на СКМ “Комунист“. Он би сакал СДСМ вечно да владее, Фрчко да биде вечен (и единствен) интелектуалец, ВМРО вечно да биде во илегала, МАКЕДОНЕЦОТ вечно да биде македонче.
Он би сакал луѓето да не размислуваат, да не прашуваат, да не резонираат…
Нема поголема навреда, коските во гроб им се превртуваат, на Коперник, Бруно, Галилеј, што нив како “аргумент“ ги користи Геровски. Тие во своето време страдале и настрадувале токму од тогашните “геровци“.
Заради “геровците“ на тоа време Нострадамус морал да пишува во загатки, Леонардо да Винчи да слика со скриени пораки за да не бидат откриени. За да не бидат нападнати од “геровците“ на нивното време.
Героски толку не разбрал во што се состоеле маките и дилемите на големите умови, што го цитирал Галилеј кој кажал: „Има такви што добро размислуваат, но нивниот број е ужасно надминат од таквите што размислуваат лошо“. Смешно е како самиот Героски цитира мисла во која се наоѓа тој самиот, во оние што мислеле лошо.
Героски се плаши од вирус кој би се проширил на целиот свет, па луѓето би почнале да мислат дека можеби не е се онака како што ни кажува официјалната наука. Тоа е исто како и стравот на Сашо Орданоски од социјалните мрежи, бидејки “не можеле да се контролираат народните маси“
Но, за жал по сите инквизитори, сатрапи, “геровци“, абдали, корисни идиоти, секогаш ќе има луѓе што ќе пробуваат да мислат слободно, поинаку, неоптеретено, неограничено… Секогаш ќе има луѓе што ќе прашуваат и спорат. За сите можни прашања.
За разните “геровци“ слушањето на аргументте за некоја дилема (што не значи и финален доказ), значи самото слушање и дебатирање, е ерес. Размислувањто е недозволиво.
Доколку го транспортирате Героски со временска машина, па да биде современик на Џордано Бруно или Никола Коперник, тој би бил вработен како инквизитор кој ќе тврди дека планетата е рамна, дека не се врти и дека космосот се врти окоу неа. И за тоа ќе биде спремен да пали живи луѓе на клада. За да му удоволи на газадата од кого е платен.
На голема жал по Героски, има луѓе низ светот која оваа материја за “Рамната планета“ ја имаат разрабортено во детали. Дали се во право? Не знам! Но знам дека на најголемиот број прашања и дилеми поставени од нив одговор немам. Како што може да се види од 5 дневата ФБ-Твитер активност во Македонија, тешко се наоѓаат аргументи и на моите поставени (препишани) дилеми, а камо ли кога би дошол некој многу по спремен од мене на оваа тематика.
“Аргуметите“ од типот дебел си, глуп си, појма немаш и слично се во доменот на знаењето што го поседува Героски. Па со самото тоа, тие што тоа го пишуваат се квалификуваат како идеални помошници на инквизиторот Героски.
Мојата емисија и моите настапи (ФБ,портали, телевизии, коментари…) секогаш биле, се и ќе бидат со отворена мисла и со прашања. Без разлика дали се работи за наука, домашна или странска политика, филозофија, логика…
На клиентелисти како Героски ќе му ги оставам стереотипите, неразмислувањето, затупеноста, глупоста и бедата.
Никој не памети кои биле оние што го запалиле огнот под Џордано Бруно на плоштадот Кампо Деи Фиори во Рим на 17-ти февруари 1600-тата година. Никој не го памети неговиот “геровски“.
Миленко
31.01.2016
Скопје
19.33 часот