Кога карикатурален лик како Героски ќе проба да пишува за естетика, уметност и политика – јасно излегува на површина дека се работи за платеник, соросписки мегафон, манипулатор и будала.
Кога на тоа ќе се додаде дека за естетиката, уметноста и политиката се повикува на предходна констатација на докажан и лустриран кодош каква што е мега-карикатурата Милчин – на површина излегува нивната стратегија во се‘ нешто да најдат барем и мал дел каде ќе го бербатат Никола Груевски и неговата партија.
Независно дали “истражувањето“ на порталчето на Борјан Јовановски, син на кодошот Мето Јовановски, е вистина или не, се работи за внатрепартиско решение на ВМРО. Тоа е партија во кој чинители не се ниту Герис ниту Милчин кодошот. Па така, ВМРО не е должно сметки да му полага на никој надвор од партиските органи, а најмалку на докажани предавници и странски платеници.
Но, да се навратам на тврдењата на Гериз во врска со сликите што биле нарачани од страна на ВМРО.
Еве неколку негови “констатации“:
– режимот на Никола Груевски е копија на режимите на големите диктатори Хитлер, Сталин, Чаушеску, Мао, Енвер, Слобо…
– големите комунистички лидери се насликани на огромни платна, со „фотографска“ прецизност на ликовите и со карактеристичните композиции
– Зборуваме за првата половина на 20 век.
– не станува збор за избор кој се базира на било каков обмислен естетски критериум.
– барање од „естетска“ природа: „Сакам личностите да личат ама баш како на фотографиите“.
– еден пријател ми рече: „Па овој имал ист вкус како Сталин“.
– Овие слики покажуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како политичар и естета, всушност, е еден малформиран плод, кого Македонија одамна требало да го абортира.
Но, за разлика од “естетва“ Гериз и неговиот пријател што мисли дека Груевски личи на Стаљин, јас поставувам слики на кој заборава да се повика “познавачов на уметноста“!
Сликите се од Белата куќа. Светскиот лидер во демократијата. Земјата на слободата и прогресот. Земјата од каде доаѓаат парите за сороспиите во Македонија. На нив може да се види дека:
1. Не се од првата половина на 20-от век.
2. “режимот“ на Никола Груевски е копија (според сликите, нели) на режимите на Реган, Картер, Кенеди, Буш, помладиот Буш, Клинтон…
3. Големите демократски лидери се насликани на огромни платна со “фотографска“ прецизност на ликовите и со карактеристични композиции.
4. И во Белата куќа се значи се слики без обмислен естетски критериум!
5. Сите ликови од Белата куќа “личат ама баш како на фотографиите“!
6. Сега дали пријателот ќе му рече “Па овој имал ист вкус ко Кенеди“?
7. Какви политичари и естети се овие до Белата куќа? Можеби се и тие малформирани плодови?
Од ова може лесно да се заклучи дека манипулаторот Гериз се обидел да продаде ефтина прикаска која неможе да го издржи тестот на времето од едно утро. А не подолго. Гледајки и анализирајки го истокот, а немајки бабуле (одамна и рекол на Мирка дека бабулето не му додржува) да зуцне било што за западот, јасно се самокарактеризирува како платеничка будала.
Односно како класичен егземплар на малформиран плод кого мајка му требала да го абортира.
Миленко Неделковски
03.06.2016