ГДЕ СИ ДАЧИЧУ – МАЛИ ПАЧИЧУ

Прво, опрости Дачичу што немам “меко ч“ на тастатури.

Второ, те нема нешто јуначино?!

Вашиот традиционален сојузник и пријател, нели звоната на Нотр Дам звонеле за Србија (ноторна историска лага), ви влепи заушка ослободувајки го Харадинај.

И ти, како “Министар Спољни“, си ја подви опашката и си преќута. Веројатно, како и за членството на Косово во УНЕСКО и за ова ќе ти е виновна Mакедонија, пардон ФИРОМ.

Те нема нешто да и се заканиш на Франција дека “Србија одвај ќе чека некое гласање кое на Франција ќе и биде важно“?! Шта је мишеви?! Прпа?!!!

Мене, искрено, Дачичу ми личиш на оние остарени академици од САНУ што ја посакуваа “Србија до Токија“, а ја направија “ко Нокија“. Претпоставувам, и ти како и они, си се подмочуваш во гаки неуспевајки да си го контролираш малото бабуле.

Еве, вие не можете и една обична локомотива да пратите на релација Белград – Титова Митровица. Шиптарите не ви дозволуваат во вашата сопствена држава. И за тоа ли е виновна ФИРОМ?  Резулуцијата на ОН никој не ви ја почитува и спроведува?! И за тоа ли е виновен народот на ФИРОМ?

Со таа твоја и ваша политика си ја загубивте вашата Југославија и големата Србија. Со таа политика и со велепредавството на твојот државен и партиски лидер Слободан Милошевиќ. Се сеќаваш, нели? Ти му беше шеф на одделението за информирање и пропаганда. Па ја загубивте Краина, па Херцеговина, па Црна Гора… Косово исто така. Санџак и Војводина ви висат во воздух. Па и за тоа ли е виновен ФИРОМ Дачичу – мали пачичу.

Што треба да правиме ние овдека во ФИРОМ? Бидејки твоите сограѓани, благодарејки на твојата политика, веќе не можат да се бањаат на “ваше море“, мора да доаѓаат на “наше море“. Што треба сега, да воведеме некои специјални цени за патарини, неко малтретирање. Што треба, а? Треба ли, по теркот на твоите имбецилни, хомосексуални и педофилски владици што ни го забрануваат чествувањето на АСНОМ во Прохор Пчински, ние да ви забраниме доаѓање на Зебрњак и Кајмакчалан? Ако ми кажеш дека манастирот е црковен, па државата нема ингеренции, тогаш треба да знаеш дека и битката на Зебрњак и онаа на Ниџе планина се битки и војни каде едната окупација врз Македонскиот народ е заменета со друга. Каде наместо еден окупатор дошол друг. Каде едно зло е заменето со друго. Тоа за нас не се места за прослава. Непристојно е окупатор да прославува окупација на државата која некогаш ја окупирал на територија токму на таа држава.

Но ние, за вас такви мали и ситни со големодржавни идеи, сме Васељенски – Божји народ. Немаме комплекс, како вие од Прохор Пчински, па ви дозволуваме своите мртви да си ги чествувате, иако за нас тие биле поробители. Ние сме ви дале црква, писменост… Сме ви ги дале и Тесла и Пупин (кои до смрт се допишувале на Македонски јазик), па вие си ги својатате. Па, нема проблем, ќе ви дадеме и да си плачете врз српската судбина положувајки венци на Кајмакчалан и Зебрњак.

Ние сме сосед кој секој народ на планетава ќе си го посака. За разлика од нас, вие сте соседи што постјано сте донесувале војни, масакри, мртви, окупации, режими…

Туку ти, со локомотивава до Митровица што правиш? Ќе се заканиш ли некому? Околу Харадинај, се помоча во гаки, како старците во САНУ.

Нож само на Македонија знаеш, и имаш храброст, да вадиш.

Е мој мали плашљиви пачичу.

 

Миленко Неделковски

 

16.01.2017

Скопје