Ова што следува е текстот на некој си Методија Анѓелковски кај мене на ФБ.
Сметам дека Методија е алтер ехо на Влатко Ѓорчев или на “Центарот за комуникации” на ВРО ДПНЕ. Тој “профил” смета дека на 27-ми Влатко Ѓорчев постапил правилно, а Крсте Мукоски и Јохан Тарчуловски погрешно.
Профилов смета дека Миленко е виновен за тенденцијата со “1.000 поста да го сруши ВРО ДПНЕ”, а смета дека истата партија правилно постапила што ја бранеле државата со стратегија пеење “Ова е пуч” и давање легитимитет на Џафери и Заев.
Ова е тој лик на ФБ, а подолу е и неговиот статус. Повелете проценете дали е во право или не?
Миленко Неделковски Ептен дете си се сторил пријателе. Многу те ценев. Манипулираш, вртиш, лажиш….
Прво: Ајде објасни ми што е „наградата“ во партиска функција? Пари? Слава? Моќ? Што е наградата за Влатко?
Второ: Ѓорчев проба да спречи насилство, а не да го брани пучот. Зошто сосема свесно извртуваш факти? Ај за стотинка вклучи сијалица, и види – ако сите пратеници на ВМРО застанеа пред граѓаните и НЕ ДОЗВОЛЕА никој да е повреден. Како ќе се создадеше основа за притвор? НИКАКО. Како ќе бараа основа за „тероризам“? На куково лето ќе бараа. Е ако го немаше насилтвото, две други работи ќе имаше. Протестите ќе продолжеа, и владата немаше да биде „жртва на насилниците од ВМРО“. Борбата ќе си продолжеше.
Јас сосема ги разбирам и тие што се качија горе да го тепаат Заев. Луѓето имаа јака причина, ама тоа не значи дека тие се добрите момци, а Влатко лошото дете. Ако е добро со ќотек, еве, не мора заев, сретни ти некој пратеник, ко што си крупен, поткачи го. Дај му ќотек и ете ти, миленко херој. Оти нели тоа е добро.
Така да со приказни за мали деца не засилувај си ја зацртаната агенда да го срушиш ВМРО. Јасна е целта на некој кој не може да види во 1000 последни постови што прави Заев, ама за Ѓорчев или за Мицко ќе вртиш, ќе сучиш, ќе манипулираш, ќе земаш од делчето – ќоше, за да ти излезе дека се „лошите“.
Ако очекувавте дека ова алтер его конкретно и јасно ќе одговори на прашањето “Кој постапи правилно на 27-ми, Јохан или Влатко”, џабе чекате.