Љупчо ЗЛАТЕВ:
Официјалниот став на монаштвото од Бигорскиот манастир е дека македонците и бугарите се еден народ и делат историја, јазик и традиции. Според клирот предводен од игуменот Партениј, Кирил и Методиј биле и бугари. Во истовреме монасите на Македонската Православна Црква го поздравуваат и договорот со Бугарија кој е очигледно штетен за нашата земја.
Затоа што МПЦ има М во називот, треба да го протера од манастирот игуменот Партиј (духовно чедо на владиката Наум) заедно со неговото анти-македонско братство. Во спротивно, МПЦ е анти-македонска творевина неканонски создадена.
П.С. Овие изроди ве венчаат, ве исповедаат, ви ги крштаваат децата. Во оваа проклета земја, ни саглам вера не вирее. Сум имал контакти со владици и духовници на Вселенската Патријаршија, Атинската Архиепископија и на Српската Православна Црква, можев да видам со свои очи како тие се залагаат и ги штитат интересите на своите земји и народи. Овие овде, протераните од Света Гора, Наум и Парениј – кога ќе се видат со Срби се кажуваат дека се Срби, кога ќе се видат со бугари се кажуваат бугари…
Прости им боже, не знаат што прават.
01.08.2017