ВМРО – ТРАМП

После купишта претседатели масони, безмалку сите протестанти и со ирски корени, САД имаше и претседател нигер. Блек. Сега им фали или лидер жена, или лидер циркузант за да се комплетираат. Уште тоа немале.

И, на една година од вселување на новиот станар во Белата куќа, токму натаму и оди работата. Опција од Демократите е Хилари, која со тешки трауми ќе седне на бирото под кое Моника Левински се забавуваше со играчката на Бил. Опцијата на Републиканците е Трамп.

Дека Хилари е жена, постои голема веројатност да е тоа така. Дека Доналд Трамп е циркузант? Се говори дека таквата карактеристика е комплетно неточна.

Трамп може да е шоумен (како мене, бе!), може да е екстравагантен (исто), селебрити (исто, а?) – може да е се, ама циркузант НЕ.

Во оваа македонска предизборна битка, ме интересира дали ВМРО гледа преку барата кај можниот иден главен патник на Air Force 1? Оти, при сите избори во САД, делегацијата на ВМРО која оди да ги следи, е во таборот на Републиканците. Баш ме интересира како ќе се опходи Влатко Ѓорчев. А, бога ми, ме интересира и однесувањето на Џес Бејли.

Зошто?

Па, за идниот претседател на САД Владимир Путин е лидер што САД не може да го победи. За Трамп, Путин е е политичар во подем со кого треба да се градат заеднички мостови!

Па ми беше думата, со ова, идниот претседател на САД ќе биде ли наречен про-путинист, русофил, евроатлантски скептик??? Навистина, досегашните доделувачи на етикети, како ќе се снајдат со овој вапрос?! Како ова ќе го проголта евроатлантистот Ризаов, или фамилијата од Брајчино?

Натаму, Трамп тврди дека бегалската криза (што ја зафати и Македонија) е производ на САД! Ќе има ли некакво објаснување од страна на амбасадата на Кале за овој пресврт во надворешната политика на нивниот чиф-ин-команд?

Крајно, Трамп како дел од својата програма тврди дека ќе забрани влез на муслимани во САД! Ова значи дека и ние како стратешки партнер треба да го следиме правецот на новиот Претседател на САД?

Светот се менува. САД се менува. Само тоа треба да се антиципира.

Кој може, де.