Да го искористам вокабуларот на Владимир Путин од пред некоја недела на Генераното заседание на ОН: Дали воопшто сте свесни што направивте?
Опссс, проверувам и гледам дека ова како прашање веќе го искористил Стефан Влахов Мицов во колумна за “Нетпрес“.
Однапред се извинувам што сум втор, односно трет после Путин, што прашува: ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ, БЕ? Не можам да одолеам на адекватноста на прашањето со важност за во Македонија
Да, да, да.. Вие што преговарате и договарате распад на Македонија. Позиција, опозиција, странци… Сите. Токму ли сте?
Да бидам краток, ама јасен. Ептен јасен. За странците ми е чиста ситуацијата оти сакаат конечна федерализација на Македонија. За СДСМ исто така е бистро јасно дека мајка родена би си продале за парка. Ама ВМРО бе брат?
Ако гледаме математички, би рекол технократски, стратегијата на ВМРО е макјавелистичка: Целта ги оправдува средствата. Односно победата на избори ги оправдува сите предходни дејанија. Од тој аспект, ВМРО има одлична тактика која ќе резултира со сигурна и убедлива победа. СДСМ – Воајерска, фатена во лаги, незаконски прислушкувања, манипулции, кражби, затајувања, глисери, рушвети, едно-евро-за-виц‘то – не може да произведе никаков изборен резултат. Од спротивна страна, ВМРО стегнат, мотивиран, ангажиран, мобилизиран, активен, буден – може да оди на избори утре или по една година и еден ден, епилогот ќе е ист: Победа. Згора на тоа администрацијата подисплашена оти ќе се бркало се од кафекуварка до директор, башкам и живи луѓе ќе биле јадени – ќе гласа мотивирано против канибалите на Црпко.
Да заклучам за ова досега сторено: ВМРО се откажа од сите апсења на Заев, странски амбасадори (италијан, британец!!!) виновни за прислушкувањето, странска служба која прислушкувала, не влегување во експертска влада и слични ветувања за само еден адут: “Одиме на избори“. Политиката е прагма, го знам тоа. Резултатот е важен. И тоа го знам. ВМРО на чело на државата е добитната варијанта за Македонија. И тоа е повеќе од јасно. Значи, тактиката на Никола Груевски и ВМРО ќе ја донесат 10-та победа (веќе не се добројува) на десницата, и исто толку пати пораз на левицата. Супер.
Но, таа победа ќе биде остварена со премногу крварење и жртви. Многу од нив апсолутно непотребни. ВМРО ќе победи во април, но во раце ќе добие држава која повторно треба да почне од почеток да ја гради. Пак, повторно, до кога од почеток?!?!?! Свесни ли сте вие во Пржино/Црниче, дека државата која ќе ја преземете во април ќе биде држава без правосуден систем? Уште полошо, ќе биде со комплетно растурена доверба во судство, обвинителство, санкции, затвори, пресуди… Секој виновен и невин на секое следно судење ќе може да се повикува дека не му верува на судот, дека обвинителствот е политизирано, дека обвинителот е партиски војник. Сите ќе станеме Јожек Броз од Кумровец признавајки го единствено судот на својата партија. Свесни ли сте дека во тој момент држава нема да има?!
Свесни ли сте дека со екстра заменици министри со право на вето (за работи што се однесуваат на изборите!!!) комплетно ќе се сруши системот на министерствата, хиерархијата, дисциплината, исполнителноста??? Секој референт може да му го сврти грбот на Министерот и да каже “знаеш, ја го слушам само вето министерот“!!!
На крајот, свесни ли сте дека МАКЕДОНСКИОТ народ не ве гласаше за да се пазарите со СДСМ и да сте послушници на Бејли и Орав. МАКЕДОНСКИОТ народ ве гласаше затоа што го чувате името, ја цените историјата, ги чествувате хероите, делите субвенции, градите, разубавувате, вработувате, работите дење-ноќе, остварвате она што го ветувате. Во вашата програма немаше точка дека ќе штитите некој ваш кој оговарал по телефон наместо да работи, немаше дека ќе му попуштате на Заев до бесвест, немаше дека Бејли ќе ви кажува какви лидери треба да сте, немаше дека ќе правите влада со министри од СДСМ… Тоа во програмата “надградена“ никаде го немаше. На митинзите не го кажувавте. Можеби оваа програма што сега ја гледаме е “осовремена“, но народот за неа засега не знае дека сте ја имале таква.
Значи, победата ви е во раце. СДСМ ќе биде прегазен. Но каква држава ќе преземете по изборите а веќе 10 години сте на власт, е прашањето што треба да си го поставите пред секое велгување во куќата во Пржино каде кувар, домар, аѓутант, шпиуни (бугарски) и љубовник на вашиот домакин е државјанин на Бугарија, инаку Ром, без регулиран статус во Република Македонија.
Миленко
20.10.15
19.30 во Скопје