ВМРО ДПМНЕ излегува на улица, конечно.
Во среда, на 28-ми.
Е сеа сестри и браќа МАКЕДОНЦИ…. Сеа и вие од #бојкотирам и оние од #блокирам. И секако оние најупорните и нај издржливи од шаторите пред Собрание…
Сеа (сега по скопски) да видиме кој е кој?
Иако не сум се согласувал со ставовите и начините на делување, јас сум излегувал на секој и сечиј повик на протест и митинг. Тодор ли бил, Палчо ли бил, Мицко ли бил – народот бил. А кај е народот таму е и Миленко.
27-ми февруари, 2-ри јуни, солзавец кога јадевме, Битола, пред една недела во Скопје… Не е важно кој повикува, важно е овој фашистички режим да падне.
Па така, во среда ќе дојдам на “излегувањето на улица”. Покрај основната цел, паѓањето на овој режим, сакам да видам и дали луѓето кои толку повикуваа на нивните собири и митинзи, ќе излезат и овде кога некој друг повикува. Да видам дали ќе ги надминат своите суети: Палчо, Бачев, Филип, Олумчев, Интегра, разно разните братства, Т. Петров, Солза, Крст-Љубен-Сашо, Камчевска, снаата на Мијалков од Берово… Да ги видам сите оние што на меил ми пишувале пред секој митинг “Миленко те молам повикај да се излезе, за Македонија се работи” дали биле искрени или биле кариеристички лажговци себично заинтересирани само за “нивниот” митинг.
Ако се излезе масовно на 28-ми кај ВМРО, масовно ќе се излезе и на 1-ви кај #блокирам. И само со масовност и единство (ваљда Палчо ќе го викне и В. Ефтов?!) ќе можеме да полагаме право на рушење на режимов и затварање на криминалциве и предавнициве.
М. Неделковски
Секешфехервар (HU)
25.11.18
05.08 ч.