ПОЛИТИЧКА КАСАПААНА
Она што Катица Јанева со години го бараше, вчера и го изгласаа 86 пратеника, што значи и власта и опозицијата си го прифатија како попчиња нејзиното барање!
Сега таа заедно со нејзиниот тим ќе има одврзани раце да си носи одлуки за примена на мерката за заштита промена на идентитетот на заштитен сведок.
Малку и беа на Катица постојбите одредби за заштита на сведоци од Законот за кривичната постапка, па се отепа од правење притисоци да се внесе промена на идентитетот како начин на заштита на нејзините сведоци по што гледаме дека успеа и нека е на здравје!
Секој обвинител од СЈО согласно вчера изгласаните измени и дополнувања на Законот за заштитени сведоци ќе може да си донесе дискрециона одлука за примена на мерката за заштита “ПРОМЕНА НА ИДЕНТИТЕТ” по свое наоѓање и согласно сопствената проценка за утврдената потреба.
Епа друштво, нека е аирлија нов уште поголем правен циркус во режија на СЈО!
Нека е на здравје уште помасовна политичка КАСАПААНА на ВМРО-ДПМНЕ!!!
Овој пат, како и сите претходни, касапаната ќе биде со благослов на оној на кој му е наменета!
Тања КАРАКАМИШЕВА