ВЛАХОВ МИЦОВ

ВЛАХОВ МИЦОВ
  • ХИПНОЗАТА НА ЦИА И МИ6 ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
    Дејствијата на ЦИА и МИ6 во Македонија наликуваат на оние на електричните
    јагули. Наводно јагулата не е опасна. Ја има и во Охридското езеро, се јаде, притоа е
    вкусна. Но, во случајот станува збор за електична јагула, која генерира до 1300 волти и
    ги парализира своите жртви, вклучително и луѓето. Не само тоа. Електричните јагули
    имаат можност далечински да ги хипнотизираат жртвите, да ги контролираат нивните
    движења и да ги наведуваат кон својата уста. Истото се случува денес со македонскиот
    народ. Не е битно како ќе ја карактеризираме македонската апатија, како зомбираност
    или хипнотизирање. Факт е дека гледаме мирно и тивко како не уништуваат, а уште
    полошо е дека ние сами одиме кон тоа уништување. Во прашање е не само зловредниот
    партиски систем во Македонија кој ја уништува државноста, не само политичките
    предавници, внатрешните петоколонаши, албанскиот тероризам и.т.н. Во прашање е
    деформацијата врз македонската психа, која дава можност за целосна парализа на
    македонската држава. А бидејќи државата, тоа сме сите ние, станува збор за парализа
    на индивидуално рамниште, која потоа се трансформира во општествена. СТАНУВА
    ЗБОР ЗА МАСОВНА ХИПНОЗА, КОН КОЈА СЕ ДОДАВА АВТОХИПНОЗА И ТАКА СИТЕ
    СЕДИМЕ КАКО УМРЕНИ, УШТЕ ПРЕД ДА БИДЕМЕ УБИЕНИ. УШТЕ ПОБИТНИ СЕ
    ПРИЧИНИТЕ ЗА ТАА ХИПНОЗА, ЗА ТИЕ МАНИПУЛАЦИИ ВРЗ НАШАТА ПСИХА, КОИ
    ДЕНЕС ЈА КОРИСТАТ ЦИА И МИ6, НО ВО МИНАТОТО УСПЕШНО ЈА СПРОВЕДУВААТ И
    ДРУГИ МАКЕДОНСКИ ОКУПАТОРИ.
    Секојдневно новите провладини медиуми пишуваат каква диктатура била во
    времето на ДПМНЕ.
    Секојдневно неписмени функционери од ДПМНЕ имат проблем со читањето на
    изјави против квинслишката влада.
    Во прашање се не само глупите активности и од двете страни, во прашање е
    зошто и од СДС и од ДПМНЕ ставаат идиоти да ги промовираат тие активности. Ако
    претпоставиме дека нормални во тие две партии веќе нема, потпрашањето ќе биде:
    зошто е така? Ако претпоставиме дека нормалните бегат од партиските глупости,
    потпрашањето е: зошто тие нормални не протестираат? ЗНАЧИ И ВО ЕДННАТА И ВО
    ДРУГАТА ВАРИЈАНТА ИМА ХИПНОЗА И АВТОХИПНОЗА ВО РАЗЛИЧНИ СТАДИУМИ.
    Вистина е дека тоа не е само македонски, туку е балкански проблем. Доволно е
    да се прошетаме по улиците на Софија, Белград, Скопје итн. и ќе најдеме поквалитетни и
    почесни луѓе, отколку бугарските, српските, македонските министри од паѓањето на
    Берлинскиот ѕид до денес. Како намерно да се ставаат дивјаци во власта. Како во
    познатата анегдота кога некој прашал телефонски има ли слободно место за министер и
    на репликата дали е идиот, повторно прашал има ли друг услов. Проблемот е дека кај нас
    тоа не е анегдота, туку реалност.
    Моментално во Македонија има неколку стотиниколумнистипреокупирани со
    партиски глупости. Затоа што, од една страна да сианалитичаре безбедно, а од друга
    странафинансиски корисно. Мал број автори пишуваат за американскоанглиските
    планови за дележ на Македонија, за ЦИАшот Бејли, за прислушувањата преку
    американската амбасада и др. НО, ВИСТИНСКИОТ ПРОБЛЕМ НЕ Е ВО ПИШУВАЊЕТО,
    ТУКУ ВО БЕЗДЕЈСТВИЕТО. Можеме да напишеме милион колумни, но од нив ниту Заев
    ќе падне, ниту Бејли ќе си замине, ниту Македонија ќе се ослободи од окупаторите.
    Главното прашање еШто да се прави? Тоа прашање уште во 19 век Чернишевски го
    постави во Русија и Русите најдоа одговор. Во почетокот на 20-от век Мисирков го
    актуелизира тоа во однос на македонските состојби и му даде исправен одговор. Само
    што тој беше реализиран едвај по неколу децении. На тоа прашање ние денес уште не
    сме дале исправен одговор, а пак кој ќе го реализира и кога е нешто сосема друго. Во
    секој случај, не си правам илузија дека од постоечките наводно македонски партии,
    некоја ќе направи нешто за Македонска Македонија. Истото било и во времето на
    Мисирков. Идеите му биле блиски до тие на Делчев, а Сандански прифатил кон
    политичкиот принцип за слободата на Македонија да се додаде националната и
    јазичната автономија, почнувајќи со создавањето на книги и весници на чист македонски
  • јазик. Само што, не одлучувал Сандански, туку квинслишкиот ЦК на ТМОРО на чело со

    Гарванов. И тогаш хипнозата врз македонските револуционери била голема. Ја немало
    ЦИА и МИ6, но затоа пак имало бугарска влада, тајни служби, плус масонство. Во
    контекстот на македонските случувања и тогаш и подоцна, не е случајно дека масони
    биле Борис Сарафов, Даме Груев, Симеон Радев, Христо Силјанов, Тодор Александров,
    Александар Протугеров и др.
    Замислете, во почетокот на 1901 г. Гарванов (човек на кнезот Фердинанд, кој
    претходно изјавил декатреба да се одземе таа разбојничка организација внатре“) го
    узурпирал раководството на ЦК на ТМОРО. Делчев и Ѓорче Петров испратиле Извештај
    до револуционерните окрузи да ги исполнуваат само нивните наредби, но не заминале за
    Солун да го фатат Гарванов и неговиот ЦК и да ги фрлат во Белото море. Гарванов
    останал на функција цели две години, во кои што нанел смртен удар врз
    револуционерната организација. Преку испровоцираното Горноџумајско востание“,
    избрзаното Илинденско востание и убиството на Делчев. Едвај во 1904 г. Сандански
    донелпротоколарано решениеза смртна казна на Гарванов, но исполнувањето се
    пролонгирало до крајот на 1907 г. Меѓувремено врховистите утепале десетици
    револуционери и врвните војводи Христо Узунов, Сава Михајлов, Георги Сугарев,
    ликвидиран бил Никола Карев. ЗНАЧИ, НАМЕСТО БРЗО РАСЧИСТУВАЊЕ УШТЕ ВО
    1901 Г. ДОШЛО ДО ОДЗЕМАЊЕТО НА ИЛЈАДИ МАКЕДОНСКИ ЖИВОТИ. ПРИТОА,
    ТМОРО ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕ СЕ ВОСТАНОВИЛА. А БИДЕЈЌИ ТОГАШ ТАА БИЛА
    МАКЕДОНСКА ДРЖАВА ВО ДРЖАВАТА“, ВО ПРАКТИКА УДАРОТ ПАДНАЛ ВРЗ
    ОРГАНИЗИРАНАТА ОД ДЕЛЧЕВ МАКЕДОНСКА ДРЖАВНОСТ.
    Не еднаш Андон Ќосето ги прекорувал Делчев и Сандански за нивниот попуслив
    хуманизам. Доказ дека бил во право е фактот што и двајцата биле предадени и убиени, а
    Ќосето иако лично убил повеќе од 100 предавници на македонското дело, живеал 99
    години.
    Во последниве два века, во Македонија за жал, имало многу убиства. За уште
    поголема жал, повеќето од нив биле партиски обоени. Имало диктатури, но и тие биле
    партиски. НЕМАЛО ДИКТАТУРА НАЦИОНАЛНА, УБИСТВА НЕ ЗАРАДИ ПРИПАДНОСТ
    КОН КОМУНИСТИТЕ ИЛИ ВМРОВЦИТЕ, ТУКУ ЗАРАДИ ПРИПАДНОСТ КОН
    НЕПРИЈАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА. НЕЗАВИСНО ОД ПАРТИСКАТА
    ОБОЕНОСТ. ЗА ТИЕ КОИ СЕ ЧУВСТВУВААТ КАКО ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА,
    ИСТОРИЈА И КУЛТУРА, НЕЗАВИСНО КАКВИ СЕ ПО ПОТЕКЛО И РЕЛИГИЈА, СЕКОЈА
    ЧЕСТ. ЗА ТИЕ ПАК КОИ СЕ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА, НЕЗАВИСНО ОД
    ПОТЕКЛОТО, РЕЛИГИЈАТА, ПАРТИЈАТА, ЖЕСТОКИ КАЗНИ.
    ТОА Е ПРВИОТ УРОК КОГА СЕ ПРАВИ НАЦИОНАЛНА ДРЖАВА. НИЕ,
    МАКЕДОНЦИТЕ ТОЈ УРОК СМЕ ГО ПРОПУШТИЛЕ.
    Стефан ВлаховМицов