Обвинителството во Македонија стана продолжена рака и инструмент на политичарите на власт за справување со политичките неисомисленици и истовремено држење под уцена на слободната правна и разумна човечка мисла, а тоа го урна демократското општество во Македонија!
Ваквата тенденција беше засилена целиот овој период од три и пол години наназад каде најпрво се создаде СЈО како обвинителство за специјални политички акции и операции на уцени и прогон против политичкиот опонент во опозиција заради насилно остварување на политички цели во корист на претставниците на една политичка структура. Што претставува врв на злосторничко здружение со име и презиме по список на задачи и реализација на истите против демократскиот систем на една држава и директно против сопствениот народ!
Ваквиот тренд покрај СЈО кое видовме имало слобода да прави и правело што сака и директно било вклучено во “рекетарски акции” врз бизнисмени и поединци за конкретен материјален интерес, како резервна бекап варијанта на власта за да го сокрие својот валкан веш го поддржа и Јавниот обвинител на Македонија кој редовното обвинителство го стави на услуга на власта за гонење на секаква останата слободна правна демократска мисла како начин да се замолчи гласот на единката, да се задуши наталожениот револт и протест за тоа што не чини и што не е во интерес на Македонија како суверена држава и Македонскиот народ како суверен народ на оваа територија. Македонците станаа терористи во својата држава, Македонија стана двојазична држава, Македонија стана држава на поделби по национална, партиска и секаква друга поделба, поделба на зони и гета каде по принципот “некој меѓу нашите не е наш” ги стави на отстрел тргајки ги од сцена оние нај гласните, нај освестените! Размислете зошто Миленко, Бобан Нонковиќ, Мирка Велиновска, Ефтов и други слични кои јавно и гласно говорат за тоа што ни се случува и покрај своите илјадници фанови и следачи немаат пристап до медиумите зошто тие чии емисии имаат енормна гледаност се отфрлени од системот и за нив ја нема слободата на говорот, па ги користат социјалните мрежи и јутуб. Во Македонија е воведен режим на мрак во сите сфери право, економија, медиуми сите се заробени и ставени под режим на главата на мафијата и злосторничкото здружение на власт!
Затоа сега имаме мултиетнички народ зад кој се кријат виновниците невешто бранејки ја својата теза од историјата, културата и традицијата и секој што на било каков начин размислува спротивно е прогонет местен и затваран бидејки инструментите СЈО и ЈО добро си ја вршат својата работа на прогон, па се воведоа тешки казни и прогон за “говор на омраза” “ширење на расна верска омраза” “тероризам” се што не е по мерка на оваа “блудна” власт се подведува под кривично дело!
Но не е се така црно, прогонот од политичката власт и нивните инструменти не се вечни, како што се има свој почеток и крај, така и ова што и се направи на Македонската држава и Македонскиот народ ќе заврши и некој ќе мора да ја плати фактурата која е врежана во нашата меморија како народ со ставки: име, идентитет, прогон, лицемерието на нашите сонародници со кои нели сме “мултиетнички народ” итн. Точно е дека паднаа и ќе паднат уште многу жртви до крајот на се ова и точно е дека една ваква насилна и клептократска власт не се руши демократски и договорно со преговарање на маса! Се сеќавате на рамковниот договор, што добивме како продукт-18 години структура на власт “од планина до капитал” вработени во државна администрација по коефициент 20% кои не доаѓаа ни на работа, а одредени создадоа капитал кој тешко може некој и да си го замисли, така е и со Пржинскиот договор се инсталираше власт која божем победи режим за да го воспостави истиов овој режим во кој сите сега живееме со идеалот за правда и мир но без радиодифузна такса, а затоа на одредени на конто им пристигнаа средства од Фондот за иновации или од Фондот за рурален развој…
Чисто да потсетам , народот вели кога се стега ортомата на појасот кај комшиите доаѓа време кога таа ќе се стегне и околу вратот на политичките експоненти ОБВИНИТЕЛИ – СУДИИ КАКО ЕДИНИЦА ЗА ПРОГОН ВО ФУНКЦИЈА НА ВЛАСТА! Некои од нас можеби како жртви нема да го дочекаме крајот но тој ќе дојде и сигурен сум ќе биде по брутален од сопствената реалност на сегашно дејствување на експонентите на власта.
Венецијанската комисија неодамна излезе со конкретна пракса за обвинителството во Бугарија земја членка на Европската Унија! Нема демократија без право! Обвинителството и во Македонија има структура на пирамида на мафијата! Нека извинат малкуте чесни но тие и така се згрозуваат од тоа што се дел од ова, вакво обвинителство…
В. Панчевски
Судија