Владимир ПАНЧЕВСКИ

Владимир ПАНЧЕВСКИ

ОНАКА ПОСТИЗБОРНО!

Македонија тоне во корумпирани и криминални политички преговарања и договарања како добро смислен механизам на перпетуум и додека обичниот македонец сонува за поубав живот, економија и топол дом, надеж за неговите деца и посветла иднина, тие политичарите костумосани лажно ветуваат тоа што верните гласачи сакаат да го чујат но никогаш нема да го видат.

Најпрво не закрвија и поделија по етничка припадност, потоа на патриоти и предавници, сега на цензусоиди, северџани и бојкотирачи, сега повторно етнички факторизирани и нефакторизирани, додека политичарите ја креираат театарската претстава каде на секој од нас му дале улога на статист по функција, тие заедно мрсат, се богатат и исмеваат на судбината на Македонската држава и Македонскиот народ!

СЛЕДИ ЛАГАТА ЗА ШИРОКА КОАЛИЦИЈА!
#МАКЕДОНИЈО ОСВЕСТИ СЕ ДОСТА БЕШЕ!