Информациите што се потврдени од канцеларијата на адвокатот Ангеле Илиевски, правен застапник на Зоран Верушевски, велат дека првоосомничениот во аферата “Пуч“ постигнал договор со обвинтелството. Во игра била слободата на неговата сопруга и помеко справување со кривичните пријави на неговите синови.
За возврат, Верушевски се обврзал дека на судењето ќе сведочи за сите матни зделки што ги знае за Зоран Заев. И ќе му помогне на Обвинителствто во откривањето на целиот антидржавен заговор.
Адвокатот Илиевски, на новинарското прашање дали ќе бидат откриени имињата на странскиот амбасадор и Премиерот на државата што требала да му даде работна виза на неговиот клиент, одговори дека до такво нешто нема да дојде! Бидејки, токму тие луѓе го увериле Верушевски дека со Заев е завршено, па да проба да се спаси себе си и фамилијата.
ВЕРУШЕВСКИ СЕ ИСПАЗАРИЛ
