ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО АНАРХИЈА!
Добро утро почуитувани. Денес, кога го пишувам текстов, е 25 септември, 2014 година. И денес, по многу векови, човештвото го живее првото деноноќие во амбиент на тотална анархија. Официјално, влеговме во новото мрачно доба. Во времето на предсмртната агонија на империјалните САД и Европа. Човештвото, организирано во државни заедниици, почна да мигрира влегувајќи во опаснииот транзициионен тунел во кој демнат илјадници опасности кои не можат да се видат лесно зашто нема ни светло, ни воздух, ни организација. На човештвото му претстојат децении тетеравење кои е принудено да ги одживее. Во потрага по светлост, дијалектички неопходно, по силата на космичката предодреденост и закономерност, мора да го одживее и овој мрак за да излезе од него сосема нов, суштински поинаков.
Вчера и формално се сруши светската институционална конструкција. Паднаа и Обединетите нации. И, дозволете ми да ве известам дека и формално – правно веќе нема светски поредок, нема меѓународно право, нема ништо, ама баш ништо од она што сте го знаеле или во кое сте верувале, сте мислеле дека ви дава сигурност или нешто слично. Барак Обама, вторпат во својот мандат, а Америка вторпат во историјата на светската организација на народите, го превзеде водењето на Советот за безбедност. Овојпат за да им даде месо на зборовите на гласноговрничката на империјалната Бела куќа дека императорот ќе војува кога сака, со кого сака и колку сака, кога ,,Тој,, ќе реши, се подразбира. Како и да е, настанот заврши со донесување едногласна резолуција која нема ама баш никакво значење или да бидам вулгарна, е тотално неупотребливо парче хартија со кое не можете ни задник да си избришете оти е веќе целосно загомнето од претходна употреба. Ама е формален изговор за добиена светска подршка на идните воени лудории на лудиот император.
Дотичниот Обама пред главешините на 50 држави, поканети од него, ја соопшти агендата на хаосот во три точки која и го внесе светот во анархија. Објави повеќегодишна војна против невидлив непријател кој ќе се произвеува во 3Д според потребите на САД и ќе биде редовен преттекст за сите идни војни, фингерајки и војнички кои ќе се водат на сите четири страни на светов. На оваа сцена ,,особљето,, на императорот Обама им додели епизодни улоги на повеќе политичари- евнуси. Тие ја исполнија задачата. Одржаа говори. Меѓу говорниците беше и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
Сега, знаете ли која е разликата помеѓу македонскиот шеф на државата и аргентинската му колешка Кристина Кирчнер? Помеѓу оваа денешна Република Македонија и Аргентина? Во дадените околности, во овој амбиент, морам да ви кажам дека разлликата е непремостива. Вредносно, цивилизациски, историски, космички, социолошко-психолошки, логички, во се ама буквално во се се разликуваме. На наша штета. Аргентина има за мајка на нацијата личност со интегритет. На Македонија татко и е слабак и опортунист кој не може да го одбрани ни сопственото семејство, а камоли нацијата која ја претставува. Дамата Кирчнер и во намештаљката што ја организираше еден забеган Американец во светлото на најновата војна која ја води против Сирија за да си обезбеди формално правно покритие од веќе непостојната ООН, најде внатрешна сила за да му каже на императорот во очи а пред цел свет дека е одговорен за цутот на тероризмот. Дека тој е креатор и организатор на светскиот тероризам. Беше единствена наспроти останатите 49 ,,државници,,. И тоа, горе доле, е единствената олеснителна околност на Иваанов пред македонската историја за онаков политички говор кој, по моја оценка, е подпросечен дури и по критериумите на македонските универзитети. Како и да е, што и да е, со огромна разочараност велам дека, за жал во оваа генерација, нацијата очигледно немала сила да изнедри великани од калиброт на првите и вторите илинденци. Овојпат завршивме како коспонзор на бесмислената кобајаги резолуција за борба против тероризмот (со неа се отвора ловна сезона на ситна дивеч од сортата исламски радикали). Ама, со оглед на акцентираните делови од говорот на Обама, со нашиот државен потпис го отвораме патот на Америка да вршља слободно по Балканот (вклучувајќи не и нас со се Македонија) регионот во последните 3 години станал расадник на исламскиот радикализам!? Нашиот Иванов дури отворено го повика Обама да помогне Македонија да не останела во безбедносен вакуум. А за вакуум е прогласен светот кој не е интегриран, да не кажам всмукан во борг коцката на НАТО и ЕУ. Е, јеби га!
Да биде се потрагично, во моментот кога се одвиваше настанот кој ја сруши ООН и меѓународното право, нашиов политички натуршчик во својот нов мандат, во името на Македонија, зборуваше за резолуциите 817 и 845 од 1993 година и побара од рушителот да се заложи да биле испочитувани според меѓународното право. Почитувани, ве известувам без никаква временска дистанца, а со опит на несуден историчар со формална диплома, дека секоја историска евалуација на нечиј живот и дела, овој говор на Иванов ќе му ги обезвреди сите претходно добиени стручни и пригодни признанија и награди. За ннеговиот формат како политичар ич не зборувам. Во тој поглед самиот се забетонира на страната на безачајните, ама затоа опасните кои го калдрмосуваат патот на деструкцијата низ кој се принудени да поминуваат живи луѓе. Сакам да остане запишанно за оние во иднината, дека актуелниот претседател на република Македонија од некои причини одбра да ја фрли нацијата во оган.
Кај и да е, многу брзо, во наредниве месеци ќе бидеме исправени пред тешки искушенија. Ќе треба да донесеме и ние како нација едногласна резолуција или одлука. Еве го американскиот план на кој прво Зоран Јолевски како министер за одбрана а сега и неговиот врховен командант Иванов во името на Македонија, ја препуштија судбината на државата на САД. Во улога на корисен идиот а за ,,стабилизација на регионов,, го отворивме патот за долгогодишен судир на исламот и христијанството што го најави Обама.Војувањето ќе го менаџира Аамерика, а на терен ќе гинат Македонци и Албанци.
Сега, да ви ги соопштам двете лоши вести. 1. Албанците кои со ароганција на слуги муфљузи го веат американското знаме, ќе станат обична ловина на пасиониани ловци. Нема ништо од сонот за сеалбанска држава во природните граници. Ало, гопсодине Алајдин Демири, се сеќавате што ви кажував во една од емисиите на Миленко, нели? Еве ви го тоа време во кое сте осудени да живеете и на кое ќе сведочите. Жал ми е што и јас со сите како вас кои ќе ги има и на македонска и на албанска страна ќе сведочам на страдањата, крварењата, конфликтите на во основа недолжни луѓе кои се индоктринирани или жртви на пропаганда и планирано градена перцепција. Ви кажав дека нема шанси да победите во таков конфликт. Сега и ви гарантирам. Оти, на Македонците им се закануваат во ваше име токму САД преку НАТО и ЕУ. А ние сме овојпат одбрани да ја одиграме улогата на бранители на своето име и идентитет кои вие божем ќе ги нападнете.
Еве сега иста ваква порака и до Иванов и Груевски кој дејтвува од сенка. Заев и компанија не ги ни бројам ни есапам за постојни:. Не се заебавајте со Македонците! Планот да не доведете во ситуација да го лапнеме како дудинка супер,,предлогот на Нимиц,, или на Обама лично, или на слугинката Ангела Меркел, за модифицирана двојна формула, нема да ви успее ни со македонско продолжение на фингирана војна, ни со креирање на очајничка атмосфера за прифаќање помало од двете зла и тоа оверено со потпис од извршен референдум. Се сме преживеале од 1990 наваму. Ги знаеме тие финти. Значи, да сте на јасно: нема да ви пројде дубарата дека двојна формула значи цел свет да не именувва со друго име, а само за по дома да останеме со уставното. Тоа не е двојна формула туку нов тројански коњ за верификување на историски грабеж со помош на народна волја искажана на референдум кој однапред е фалсификуван.Оти користење на уставното име исклучиуво за по дома, е отворена врата за ерга омнес. Кој сака, кога сака, со формално двотретинско гласање на партиски контролиран македонски парламент да го отстранни како тртка од прст.
Се разбравме, нели? Значи, не си играјте со овој народ и не го воведувајте во искушение заради вашиот опортунизам, страв или лични интереси. Има да ве снема од колективното сеќавање за миг. Нема да добиете дозвола да си играте дрндупки со минатото, сегашноста и иднината подигнати на коските, крвта и страдањата на стотици генерации. За да не видите сенешто за кое не сте ни сонувале, што е дијаллектичка нужност при вакви ,,операции,,. А, да. Да не заборавам, немој некој да проба да ми се заканува!
Мирка Велиновска