Ете ви ги Пржино и договорот за демонтажа и на овој рамковен странски устав, кој го спонзорираа, смислија ем напишаа странски пациенти, а го поздравија и прифатија домашни неодговорни политичари. Како беше она ако еднаш ме зафркнеш јас сум крив, ако двапати ме зезнеш јас сум крив.
Како што ни тргнало нам, со нашите „водачи“ и партиски дејци, и ова народно искуство ќе треба амандмански да се преправа оти македонскиот капацитет неговата „елита“ да ведне глава и витка кичма пред сенешто со предзнак на глупа ко ноќ сила, бил безгранично растеглив.
Јас веќе и не се трудам да разберам што сака оној црпнатиот од Муртино. Оти тој си е роден како лејка и служи онака, со прекршен ’рбет, да ги пои оние што го штитат со чадор. Ни под разно не ги рецкам ни неговите високи соработници, сѐ од ред пљачкаши и мафиози. За мене СДСМ веќе подолго време не постои како реална политичка партија. За народот таа е дијагноза што се потврдува конзилијарно веќе девет години, а за ВМРО-ДПМНЕ е фантомска опозиција што е спонзорирана од центри на моќ, што би рекол „прецизниот“ Ѓорге Иванов, со цел да ја прикаже Македонија како европски Авганистан. Демек, неодржлива како спастрена држава. Иста задача и иста цел има и ГМО „партијата“ ДУИ-УЧК.
Во амбиентот во кој сме присилени да заспиваме и да се будиме, верувајте ми никој при здрава памет, ниту еден нормален Македонец од која било политичка или религиозна провениенција не се чувствува добро. Напротив, сите нѐ јаде срамот што ни го приредуваат токму оние што очекуваат да ги гласаме и да им ги довериме нашите животи. Со својата неодговорност, бесрамност, плиткоумност и неспособност веќе нѐ доведоа во ситуација на презир и изгубена надеж. На изборите што си ги договорија со странска интервенција, а под стандардните „притисок, закани и уцени“ олеснителски техники, ако излеземе, ќе биде тоа веќе избор на помало зло. Затоа што уште немаме одговор, ниту сме нашле одржливо оправдание, зошто водството на владејачката и најголема партија се согласи на пржинската антиуставна пиздарија „промена на режимот“ во изведба на стратегиските ни евроатлантски пријатели. Во нашиот случај дури не мораше да се употребат или произведат исламски радикали. Таа работа бесплатно ја извршија социјалдемократите, односно белите шлемови на Сорос и експертутките и даскалите од пленумската заедница.
Ние, неколкумина маргиналци, којзнае по кој пат ќе јуришаме на ѕидот на молкот и јавно ќе прашуваме каква е таа сила што ги натера партиските поглавари и нивните преговарачки тимови да прифатат „решенија“ што ја поткопуваат државноста на Македонија и ја водат директно во зоната на недржави. Ама никој ни одлево ни оддесно ни од центарот нема да се осмели и отворено да одговори. Никој нема ни еден, а камоли два пара мадиња за соочување со очите на својот народ. Кој им рекол дека можат на своја рака, без дозвола на населението, да прифатат паралелно специјално обвинителство надвор од Уставот и законот? Зошто на таква улога се согласила специјалната „ни“ обвинителка, за која претпоставувам дека има барем реално завршено правен факултет? Јас токму поради ваквиот начин на странско замешателство во македонските работи, ете, се сомневам во нејзината професионална и човечка етичност и интегритет. За разлика од женерозните ни партиски главатари. Чиј избор е таа госпоѓа, која како обвинителка во гевгелискиот реон за време на својот мандат дозволила да ѝ застаруваат мошне интересни предмети, кои ги третирале на разни нивоа разни „независни“ судии и зошто партиските експерти од четирите „главни“ партии го поздравија радосно нејзиниот избор? Затоа што и таа е под странски чадор? Зашто исполнува евроатлантски стандарди? Зашто таа ќе е гаранција за политичка разврска на криминален антиуставен напад? Јас нешто се думам како да ја третирам, како наш или странски обвинител?
На времето, кога Груевски стана премиер, изложи идеја странец, со искуство во борба со крупниот организиран криминал (мафијаштвото), да раководи со државното обвинителство. Леле, како му нарипа сѐ живо и диво. Се потепаа кој од кој да го потсети Груевски дека идејава му била антиуставна, а да не говорам дека со неа ги навредил професионалните чувства на судиско-обвинителската заедница. Ете ги сега кај молчат како попчиња. Сосе Гордан Калајџиев. Тој има само персонални забелешки оти и самиот е странски објект, кој во случајов само извисил оти имал посилен конкурент (од женската заедница).
Кој разумен човек може воопшто да си претстави на што ќе личи една влада, макар и техничка, во која одредени министри ќе имаат право на вето во одлучувањето, а в.д. премиерот, нивниот шеф што има командна одговорност, такво право нема? Кој и како ќе донесува и спроведува одлуки кога таа самата си ги врзала рацете? Зошто Белгиецов што ни го смисли договорот од Пржино не предвидел ваква идиотштина и за законодавците за во иднина? Зошто на ДУИ и на СДСМ не им дал право нивните пратеници да имаат и право на вето за својата следна „револуција“, па и ова чудо да најде место во претстојните уставни измени? Како, бре, никој од „Јустинијан Први“, макар почесниот дародавец Трифун Костовски или „претЦедникот“ на МАНУ, инаку и академик, Владо Камбовски, нема што да каже по ова прашање, а им продаваат правна наука на студентите и на граѓаните? Дали тие сите воопшто имаат факултетски дипломи и кој им ги дал?
Како стигнавме за четврт век македонската државна самостојност да ја претвориме во оаза на срамот и дива лабораторија на странски шарлатани и јасновидци? Мамлази како Питер Фејт и разни батлери, фуериња, орави, кои од забава и за пари ловат во овој резерват, типуси што прават политичка кариера и тераат приватен бизнис со нашата ес-де-ес и учка-елита се единствените што не сакаат да ја напуштат Македонија оти овде имаат третман на доживотни ВИП-личности. Знаат ли нашите елитисти дека со нивен творечки напор, односно поради нивната недокваканост само Македонија во Европа медиумски се бербати оти не умеела да организира ни да изведе саглам избори. Само за Македонија се загрижени ЕУ-бирократите и европските „државници“ што немала слободно новинарство. Што градела и естетски го преуредувала центарот на својот главен град. Што сака да се гасифицира како и Европа. Само во Македонија двајца странски амбасадори во содејство со легализирана терористичка групација и група квислинзи – трабанти законски забрануваат национална енциклопедија. Само во Македонија ВИП-криминалците се легални политичари под странска заштита. Само во Македонија демонстрациите имаат статус на обоена револуција за смена на „режимот“ и само во неа слободно ушетуваат и се рашетуваат „демонстранти“ од соседството.
Ние пак ќе си се чудиме како било можно во држава со сите институции и уставно воспоставен правен поредок дури сега да дознаваме во детали за бонбона-зделките на „државотворците“. „Маѓар телеком“ е една од таквите зделки. ЕВН е втората, а третата е ЕУ. Првата ни ја открија Американците, втората, дубарата околу продажбата на ЕСМ, проба да ја открие Никола Груевски во првите месеци откако застана на чело на извршната власт. Проба но не успеа, оти му нарипа не само сопственичката од Австрија со закани за тужба туку и центарот на големиот гангстерај Брисел, а да не говорам за петоколонашката невладина боранија и корумпирани политички слугинчиња што глумат опозиција. Така, остана судски неисчистен скандалот во кој истата екипа профитери од СДСМ, на чело со Бранко, Рада, Бучко, Слаѓана Тасева во тандем со Зоран Јачев од „транспарентно Македонијо“, министерот за економија Бесими, сега во улога на евроинтегратор, нѐ истретираа како млади мајмуни, профитирајќи од нашата сиромаштија.
Па, се разбира, бе, дека се чувствуваат недопирливо и нѐ гледаат како глупандери. Ги заболе што ги озборуваме немоќно во медиуми, кога државата, односно институциите со политички одлуки и под притисок на странци ги штитат оти тие си имаат употребна вредност и тарифник како секоја регистрирана курвештија.
Се ежам напросто кога ќе се сетам на последниот проект на социјалдемократско-учкистичката влада во 2006 година, кој, за среќа, и само поради изборните резултати не стана уште еден, овој пат и фатален бонбона-бизнис чиј родоначалник беше скопскиот радоначалник Ристо Пенов. Имено, владата на Папата, Бучко, Рада и Али подготвија предлог-закон за шиткање на земјата. Во него фино ем елегантно е запишана криминалната намера сосе земјата топтан да се продава и сѐ во неа. Покрај рудата и археологијата, пред сѐ и над сѐ водата. Оти Македонија лежи на длабоки подземни води. Дури откако протече во јавноста таинствениот трансатлантски трговски договор против кој се крена цела нормална Европа, а кој Барак Обама инсистира да се потпише до крајот на годинава (ако опулените Европејци воопшто дозволат такво нешто), ми стана јасно зашто земја што не е ни членка на ЕУ брзала да го шитне ова национално богатство, односно како и зошто Пенов брзаше да го шитне (приватизира) Рашче. Но пред сѐ гледам зошто Кинезите го откупија од ООН проектот за Вардарската долина. Во тој ТТИП е предвидено целокупната вода на Европа да стане сопственост на мултинационалната корпорација „Нестле“, пандан на водата во Азија каде што по потпишувањето на транспацифичкиот договор од страна на 11 држави, сопственик стана „Кока-кола“. Дури и да не се работи за стратегиски енергент со кој ќе се кубури цел 21 век, свесни ли сме ние овде, во оазава, дека водата им е неопходна на оние нафтени компании што решиле да преработуваат нафта од шкрилци и колку вода оди во тој скап процес?
Законот во предлог-верзија, за среќа, не стигна да биде озаконет заради изборите. А веднаш по нив, Никола Груевски го зеде на преработка и, сполај му на проникливоста, овој гангстерај го спречи. Сакам да кажам, значи можело кога се сакало и државнички да се постапува инаку во блиска иднина и ако нѐ „зачленат“ во ЕУ нашите потомци ќе користеа вода на лажиче а ќе ја плаќаа како течно злато.
Ете ви го одговорот зошто на „меѓународната“ предаторска заедница ѝ требаат црпнати политичари. Колку поглупи, порасипани и пострвни за пари, толку поисплатливи за ставање под заштитен чадор. Како сега ИСИЛ.
А вие уште ваквите ги признавате за свои колеги, народни претставници, медиумски ѕвезди, јавни авторитети и пред нив развевате бело знаме.