.
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОБЕДИ, ДЕБАКЛ ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, НО, СЕПАК МАКЕДОНИЈА НАЈМНОГУ ЗАГУБИ!
И покрај сериозниот обид за манипулација со јавната свест за значењето на претседателските избори во Македонија, македонскиот народ на синоќа завршениот прв круг од изборниот натпревар за нов Ѓорге Иванов ѝ кажа стоп на договорната и фингирана демократија во македонската држава, што изминатите 28 години ја доведе земјата до работ на опстанокот.
После политички договорената промена на знаме и прифаќање на име-референца (FYRoM), грабање на народното благо (приватизацијата на општествениот капитал) во 90-тите години на минатиот век, преку Охридскиот договор (2001 г.), Мајскиот договор (2007 г.), Априлскиот договор (2013 г.), Пржинскиот договор (2015 г.), па до Преспанскиот договор (2018 г.), при што сите донесени без да биде за нив прашан македонскиот народ и останатите граѓани на референдум или на избори, туку само и договорено од страна на политичките елити, стопанот на македонската држава рече стоп!
Само 755.829 македонски државјани го дадоа својот глас на вчерашниот прв круг од претседателските избори или 324 илјади помалку од излезените на последниот изборен натпревар есента во 2017 година, кога се одржаа локалните избори.
Политичкиот мејнстрим во македонската држава доживеа дебакл, фрлен е на колена од страна на македонскиот народ и веќе е јасно дека вистинскиот господар на Македонија е тргнат да си го врати сопствеништвото врз државата која делегирано преку избори им даваше на политичките елити да ја стопаносуваат, а тие ја доведоа пред економски колапс, а општествено-демократски ја девастираа, во меѓувреме и менувајќи го милениумското име на земјата Македонија во некаква си “Северна”.
Политичката дијагноза СДС, како лабораториски глушец на странски агентурни интереси на Балканот, вчера е делегитимирана уште еднаш како власт, освојувајќи речиси 100 илјади гласови помалку во однос на локалните избори пред година ипол.
Но, и нивниот политички архи-непријател ВМРО-ДПМНЕ, кој на овие избори настапи братски со фашистичката власт за да се обезбеди цензус од потребните 40% излезност (а ја постигнаа благодарение на 32.828 неважечки гласови, што се на сила натерани граѓани да гласаат, но зад гласачкиот параван го прешкртале ливчето. Инаку, без овие гласови, излезноста е токму 723.001 гласови или буквално на црвената линија на потребниот цензус), исто така освои помалку гласови 16 илјади, отколку на локалните избори во 2017 година.
Да биде иронијата поголема, фашистичка и аздисана, ненародна власт, која е највиновна за зголемување на јавниот долг од 38% на 51% од БДП без никаков голем инфраструктурен проект, која економски ја потона македонската држава. Власт која демократски-правно ја урниса земјата, а како капак на се го обезличи вековното свето име на државата Македонија во “Северна”, а богатата и долговековна македонска историја и културно наследство го распродаде на сосесните Грција и Бугарија, додека територијата ја раздава на Албанците – колаборационистичкото ВМРО-ДПМНЕ не успеа ниту да ја победи!
Синоќешното славје во/пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ наликува на она на Зоран Заев од вечерта на 11-ти декември 2016 година, кога еуфорично славеше пораз на тогашните предвремени парламентарни избори.
Освен што во апсолутни бројки е поразен од фашистичкиот окупатор на Македонија (Пендаровски има четири илјади гласови повеќе од Силјановска), ВМРО-ДПМНЕ не може да слави и заради тоа што во двата останати изборни натпревари во вчерашниот ден (за градоначалник на Охрид и струмичко Ново село), партијата на Христијан Мицкоски загуби со разлика од три илјади гласови во балканскиот Ерусалим, а во водство е за 60 гласови во подбеласичката општина. Во двете општини ќе има втор круг на 5.мај, но знаејќи го “демократскиот” капацитет на СДС, веќе отсега е јасен исходот и во Охрид и во Ново село.
Искористувајќи ја веќе успешно испробаната алатка од неуспешниот референдум на 30.09.2018 година, македонскиот народ и останатите лојални и чесни македонски граѓани со игнорирање/бојкот/апстиненција, успеаја да ги скусат политичките партии за 324 илјади гласови (во однос на последните локални избори во 2017 година). А, ако се земат предвид излезноста и резултатите од претходните парламентарни и претседателски избори дури и за над 600 илјади гласови!
Сепак, барем за овој прв круг на претседателски избори (за кој не беше потребен цензус), за жал народот не успеја да ја победи симултаната акција на ВМРО-СДС-Албанци и да нема излезност од 40% од регистрираните гласачи. Партиската клиентела, со помош на државниот апарат и ресурси, на крајот со 32-те илјади неважечки гласови (натерани, но не убедени гласачи) го обезбеди цензусот и имаше 41,86% излезност.
Со оваа бројка од 755.829 излезени гласачи, но и со изјавата на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова (екс-министер во Влада на СДС) дека сме имале “фер, мирни и демократски избори”, за жал е потврден фашистичкиот проект “Северна” (кој и покрај јавно изразената волја на народот на референдум, беше протуркан во Собрание со гласови на СДС, ВМРО-ДПМНЕ и на албанските партии) и до целиот свет е испратена порака дека во Македонија владее демократија, право и правда, а не фашизам, тиранија и плуто-клептократија!
Повеќе од јасно е каков ќе биде исходот на вториот круг на претседателските избори, ако се знае дека на неполнење кутии и без голем притисок на фашистичката власт, нивниот кандидат Пендаровски е во водство и по првиот круг. На 80-те илјади албански гласови на Блерим Река не може никако да се надева ВМРО-ДПМНЕ, иако партиската кандидатка Силјановска со нејзината изјава “јас и Река имаме 70 илјади гласови повеќе од Пендаровски”, само ја покажа комуњарската матрица на оваа поранешна министерка во Влада на СДС, ако знаеме дека таквата “весела математика” е заштитен знак на СДС, кој во минатото ги броеше и ставаше на свое конто сите гласови кои не ги освоил ВМРО, туку други партии, па прогласуваше виртуелни победи, иако тогаш ВМРО ја освојуваше власта во македонската држава.
Изборната кланица, наци-СДС ја чуваше за вториот круг и ако ВМРО-ДПМНЕ повторно ја впрегне партиската клиентела да им обезбедува цензус, тогаш освен бетонирање на фашистичкиот проект “Северна”, ќе добиеме зацврстување и на најлошата, најкорумпирана и тиранска Влада на Зоран Заев на подолг период.
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е на потег. На бојкотот на референдумот, кој се покажа како победничка опција, му се приклучи во 12:05 часот. Сега има можност да се приклучи на време, па со уривање на претседателските избори преку необезбедување на цензус од 40% (703 илјади гласови), покрај криза за тиранската власт во земјата (што ќе се реши со организирање на предвремени парламентарни, организирани од Пржинска влада, заедно со новите претседателски избори), да се обиде да се врати себе си и дезориентираното ВМРО-ДПМНЕ на народниот колосек и да застане повторно на страната на македонскиот народ.
Мицкоски како предводник на ВМРО-ДПМНЕ доживува втор дебакл на избори. Партијата која 13 години не знаеше за резултат под 400 илјади освоени гласови, најпрво на локалните избори во 2017 г. како прв оперативец на терен (генерален секретар) ја сведе на 335 гласови, а сега како нејзин лидер на нецели 320 илјади освоени гласови.
Можеби ВМРО-ДПМНЕ многу и нема да го погоди сѐ појасната политичка небиднина на Мицкоски, но на државата Македонија и тоа како ќе и недостига партијата која важеше за столб на македонската државност, ако истата продолжи со сервилното однесување кон странците да се движи забрзано кон амбисот на македонската политичка сцена.
Македонскиот народ одлучи да го превземе кормилото на сериозно занишаниот брод на државноста, со цел спасување на својата татковина. СДС одамна е симнат од тој брод. ВМРО-ДПМНЕ има уште две недели да се качи на истиот. Ако не, морските бранови ќе ги однесат кон непрегледните длабочини, а појаси за спасување нема да им дофрли никој. Ниту македонскиот народ, ниту странците!
#НикогашСеверна
#МакедонијаВечна
#Бојкотирам
П.С. Компаративна анализа во бројки за излезност и резултати (според ДИК) на последните четири изборни циклуси во Македонија:
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2019
Излезени – 755.829 (41,86%)
СДСМ: 323.846
ВМРО: 319.240
Неважечки – 32.828
Излезени без неважечки: 723.001
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2017
Излезени: 1.079.876 (59,51%)
СДСМ: 415.726
ВМРО: 335.054
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2016
Излезени: 1.191.854 (66,79%)
ВМРО: 454.577
СДС: 436.981
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2014
Излезени: 1.120.744 (62,96%)
ВМРО: 481.615
СДС: 283.955
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2014
ПРВ КРУГ
Излезени: 869.547 (48,86%)
ВМРО: 449.442
СДС: 326.164
ВТОР КРУГ
Излезени: 967.676 (54,36%)
ВМРО: 534.910
СДС: 398.077