ВО ЕК НА ОПАСНАТА БОРБА ЗА ЕВРОПА, МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ НАВИСТИНА МОЖАТ ДА (ИЗ)ГОРАТ!
Сите се сеќавате на „легендарната“ изјава на екс-американскиот државен секретар Џон Кери, дадена во 2014 година, дека „Македонија, Србија и други балкански држави се наоѓаат на линијата на огнот“, а во однос на гео-стратешкото позиционирање и завладејување со просторот во Европа. Оттогаш, Македонија, а гледаме и Србија, навистина горат и огновите не престануваат, што ја потврдува претходната теза на видниот експонент на длабоката држава на/во САД.
Сепак, мигрантската криза, како катализатор на дипстејтот за регулирање и дозирање на политичко-геостратешките случувања на „стариот континент“, го истакнаа Џорџ Сорос како нивен главен и гласен предводник во покорувањето на системите на функционирање во Европа. Мигрантската криза сериозно ја подели Европа, но и пред се Европската унија и ја доведе во состојба на определбата „за и против“ дали континентот ќе биде демографски променет и во „за и против“ политиката на Сорос и длабоката држава од САД. Доаѓањето на Доналд Трамп на чело на САД само го забрза процесот на де-соросоизација во Европа, иако во овој дел на надворешната политика,, Трамп остави се уште да виреат политичари верни на дипстејтот и да продолжат со својата политика, што е очигледно математички прецизно пресметано од страна на Трамп дека мора да даде жртва за нешто, за да добие далеку повеќе простор и слобода во справувањето со другите предизвици за Соединетите држави (внатре во САД, но и на други стратешки светски точки за нив), а во кои води жестока битка токму со „непресушеното мочуриште“ од неговата земја.
Како и да е, во меѓувреме видовме како дипстејтот и неговиот гласноговорник за Европа, Џорџ Сорос, преку Емануел Макрон, службеникот од банката на семејството Ротшилд во целост го превзеде владеењето со Франција, а преку лошиот одговор на мигрантската политика, пак целосно и ги одзеде и ингеренциите, но и популарноста на Ангела Меркел, која по изборите во Германија, иако остана канцелар, сепак во целост го предаде финансискиот сектор и надворешната политика на најголемата земја-членка на ЕУ во рацете на социјал-демократите, односно на дипстејтот. Макрон со тоа од Меркел го превзеде лидерството со официјалната политика на Европската унија, а бирократите од ЕУ-институциите во Брисел му се ставија на располагање, но, сепак, не ја доби и битката за (пред)водење на целата ЕУ.
Во Шпанија, наспроти волјата на гласачите на последните избори, во меѓувреме дипстејтот издејствува смена на десничарот Маријано Рахој и за премиер постави обичен актер и манекен, се разбира од редовите на социјал-демократите. А, во грција, пак, дипстејтот веќе скрои голем скандал со кој се уриваат, според анкетите, огромните шанси на десничарската Неа демократија да се врати на власт (https://www.politico.eu/…/greece-politics-novartis-scandal…/).
Сепак, во меѓувреме дојде популистичка и анти-Сорос-мигрантска Влада во Полска, Виктор Орбан го зацврсти лидерството со/во Унгарија, а младиот, но тврд десничар и клерикалец Себастијан Курц, со поддршка на ултра-десни партии, застана на чело на Австрија, за се на сметка на засилување на анти-Сорос Влади внатре во Унијата, да заврши со новата Влада на Италија, каде и покрај силното мешање на дипстејтот и нивниот сервис од бриселската бирократија, сепак, коалиција на ултра-десните и ултра-левите формираше Влада, на чие чело (неофицијално, оти анонимус е поставен за премиер) е анти-мигранти и анти-Сорос лидерот Матео Славини (https://tocka.com.mk/…/soros-go-prasal-vicepremierot-na-ita…), кој формално е министер за внатрешни работи.
Значи, блокот анти-дипстејт-Сорос во Европа и Европската унија се зголемува, а капак на се беа изборите во Словенија, каде и покрај силната анти-кампања од официјален Брисел, победи партијата СДС на десничарот и екс-премиер Јанез Јанша. Но, сепак недоволно, освојувајќи 25 пратенички мандати, при што им се потребни уште 21 пратеник за да формираат Влада. Токму на Словенија, сега се крши целата битка на анти-Сорос против про-Сорос блокот во ЕУ, бидејќи како балканска држава, претходно од страна на Џон Кери е исто така предвидена да гори. Сега ќе се случи се, а најверојатно и ќе се успее, дипстејтот (кој во оваа екс-Ју држава функционира по принципот „измисли нов лик на социјал-демократите и излажи ги гласачите за да ја добиеш власта“ изминатата деценија, па по разни Пахори, Јанковичи, Братушеки и Церари) сега одеше со анонимусот Шарец, за кој ќе направат секаква можна политичка еквилибристика да стане нов премиер на Словенија. Што и да се случи, на Јанша, длабоката држава нема да му дозволи да стане нов премиер, а тоа го најави и гласилото на Сорос во Европа, германски Дојче Веле (http://www.dw.com/…/%D0%B7%D0%B0%D0%BB%D1%83%D0…/a-44063756…).
Зад кампањата на Јанша, финансиски и вокално, отворено застана анти-Сорос крилото во ЕУ, предводено од Виктор Орбан. На митингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, отворено и со говор застана истиот Орбан, што значи дека партијата на Христијан Мицкоски останува на патот анти-мигрантска, односно анти-Сорос политика, без разлика што некои настапи на вмровски првенци оддаваа впечаток дека сакаат да им се допаднат на Сорос и компанија. Во тој поглед, иднината на ВМРО и дали оваа народна партија ќе ја врати власта во Македонија повторно во рацете на народот, а со тоа и ќе ја одземе од рацете на длабоката држава, во многу зависи од развојот на пост-изборните настани во Словенија и претстојните избори за Европски парламент, што ќе се одржат договодина.
Ако Јанша (или некој од неговата партија, оти тешко дека ќе се дозволи владина коалиција со Јанша на нејзино чело) формира Влада во Словенија, а догодина „Фидеш“ на Орбан освои сериозна бројка на европратеници, што на Европската народна партија (ЕПП) нема да и остави можност да го води Европарламентот без негова помош, тогаш реални се можностите, на изборите за претседател и за парламент што догодина во исто време ќе се случат во Македонија, да и биде дозволено на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и на македонските граѓани да ја однесат победата и да ја вратат власта во државата во рацете на народот.
Како и да е, во ек на опасната борба за Европа, Македонија и Балканот навистина можат да (из)горат!