Денес беше усвоено мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазиците.
Накратко, ова се клучните забелешки:
1. Комисијата нотира критика за скратената постапка со која беше донесен законот.
2. Комисијата констатира отсуство на инклузивна јавна расправа во која не била вклучена опозицијата, експертите, цивилното општество,
3. Комисијата смета дека законот се донел закон без претходно да се направи анализа на слабостите во примената на претходниот закон од 2008г.,
4. Според комисијата законот е тежок за примена, со бројни текстуални нејаснотии, не ги исполнува барањата за законска јасност и прецизност,
5. Комисијата препорачува да се измени законот со цел да се обезбеди прецизност во однос на опсегот на примената. Мора точно да се знае кои одредби се однесуваат на примената на албанскиот, а кои на другите јазици,
6. Да се измени и опсегот на примена на законот во органите, бидејќи како што е поставен со различна листа на органи и тела создава конфузија во пракса. Екстремно широката листа на области покренува многу прашања за употребата на албанскиот јазик поради што неколку члена треба да бидат изменети,
7. Употребата на јазикот не смее да биде наметната, тоа е право на граѓанинот, не е обврска,
8. Наметнувањето на употребата на албанскиот јазик претставува повреда на правото на слободата на изразувањето,
8. Правото да се припаѓа на некое национално малцинство е право на самоидентификација кое не смее да се врзува со употребата на малцинскиот јазик,
9. Да се отстрани дискреционото право на локалните совети да одлучуваат на кој јазик ќе се зборува, односно дали ќе се почитува малцинскиот јазик,
10. За употребата на двојазичните амблеми на униформите во Армијата, полицијата и слично Комисијата констатира дека нема релевантни меѓународни правни стандарди. Штом нема стандарди, нема ниту можност нешто да се цени односно е надвор од меѓународната пракса (измислена пракса м.з.),
11. Комисијата сугерира намалување на казните и нивно одложување се додека не се изврши измена на законот и додека не се обезбеди правна сигурност,
12. Комисијата препорачува повторно преиспитување на законот во консултација со сите партии, измена на законот во светлината на забелешките, а врз основа на направена детална студија за претходните проблеми во примената на законот од 2008г.
Т. Каракамишева
Венеција,
06.12.19
20.30 ч.