академик
(На Катица Ќулафкова, танчерка на модерен танц и академик)
Знаете како се станува академик во Франција? Дури откако ќе умре некојчлен, се пополнува со нов. Разбира се, ваквата процедура кај нас не еприфатена од безбедносни причини. Веднаш ќе следат љубезни покани заромантична прошетка покрај длабока провалија, лов на хиени на полноќ илискијање на Монт Еверест во сезона на лавини. И додека си рекол кекс,“несреќниот случај” те разделил од твојата академска душа! Џабе ти е штоси во алеата на “бесмртните” кога после нема да можеш да си го подигнешсвојот академски (паричен) додаток, поради “технички” причини.И на другата страна не е и лесно. Никој нема нерви да те чека да гонапуштиш овој Свет. Луѓето имаат и други обврски. А ти од само на тебепознати причини, не сакаш да ја обавиш таа “формалност”. Се правиш какода си удрен со мокар чорап. Не покажуваш минимум колегијалност, уштепомалку желба за духовен развој.Добро. Време е да ви соопштам: Ова е тажна приказна. Сурова. Намоменти, поразителна. Ќе бев многу посреќен да не морав да ја напишам.Господ ми е сведок дека барем сто пати ја почнував и исто толку пати(можеби и повеќе) ја откажував. Сакав да сочувам неколку убави спомениод минатото, а такви приказни не служат за ништо друго освен зазголемување на нашата дијспора во Светот. Едноставно те тераат да јанакривиш капата и да фатиш усвета. Да се населиш во пустината Гоби самосо одно бардаче вода. Да оптегнеш шаторче на Северниот Пол иако не си гипонел ѕиврите…Долги години се дружевме приватно и професионално. Неговите успеси беаи наши успеси. Обратен редослед не е забележан. Ги доби сите можниуметнички и државни награди и признанија. Некои од нив и по неколку пати.После и Велика Британија за него стана мала. Ние се гордеевме дека нашчовек успеал во земјата на Шекспир, “Битлси” и “Манчестер Јунајтед”. Идодека тој со години во англиски “афтернун” си топи англиски тост воанглиски чај, ние со години редовно ги играме неговите домашни драми.Патем се трудиме да го достигнеме неговото драматуршко ниво. Вомеѓувреме “од прва” стана и академик. До тука, никој не се пожалил. С# ерегуларно и нормално
Еден ден (после долго време) го здогледавме нашиот јунак во Скопје и сестрчавме накај него срдечно да го поздравиме! Многу брзо се покажа декатука најмногу сме згрешиле. (Кешки да поздравевме некој друг!) После еднатегава пауза, академикот фрли врз нас поглед од “боинг” во полетување ин# поздрави како да тресе прашина од својот штотуку купен “блејзер”. Когаќе се спореди со неговиот “поздрав”, млаката вода е неподносливо жешка! Не одгледувавме надежи дека завалијата ќе се поздрави со нас какоЈ.Б.Тито со Нехру и Насер на конференција за “несврстани” во Каиро. Уштепомалку очекувавме дека ќе се напие “лексилиум” кога ќе се појавиме нахоризонтот. Само сакавме н о р м а л н о да се поздравиме. Ова н о р м ал н о, испадна недостижна амбиција! Од оваа историска дистанца сфаќамедека дури не е ни важно да се поздрави со нас конкретно. Тоа еформалната страна на случајот. Очекувавме класикот да н# сфати баремкако метафора. Да се поздрави со еден фрагмент од својот живот. Добро. Не е греда. Има и такви што се откажуваат од целиот свој живот.Нема да ситничариме. Ќе ја разбереме и фолклорната традиција нахронично промовирање само на себе си. Ќе разбереме с# и сешто, но еденмомент ни ја расипува приказната. Како е можно и после толку многу годинипоминати во туѓина, некои луѓе да не успеат да го средат својот емотивендолг? Дали само тие нашле грешка во “вселенската равенка?” Уште колкувекови требе да поминат, за да ни простат за тие неколку џамлии што смеим ги ќариле во детството? Или можеби беа сликици!?На ова место едно прашање постојано ни диши во вратот: А какви сме ние?И ние сме за никаде! Суетни, завидливи и гневни. Единствено ни остануваутехата дека од нас не зависат судбините на многу луѓе. Во нормалнидржави академиците се цутот на нацијата. Луѓе со највисоки етички,естетски и сите други вертикали. Затоа таму се употребува збороттатковина, а овде терминот “на овие простори”. Кога ќе подразмислишмалку подобро и тоа ни е многу. Особено ако се земе предвид фактот деканашите “елити” користат духовен волумен, рамен на кокошка додекаснесува јајце!Едно ветре како чучулига трепери над заспаното Тафталиџе, додека дедоГоспод фрла грст ѕвездена прашина врз нашите ќерамиди, дворови испомени… Тоа е з н а к дека требе под хитно да ја напуштам оваа тажнаприказна. Останете си обични смртници. Смејте се. Смеата е најблискоторастојание помеѓу луѓето.П.С:Оваа колумна ја напишав од чиста злоба, затоа што ме нема вомакедонската енциклопедија. После разбрав дека немало место. Таму сезастапени зетовците на академик Блаже Ристовски.