Анализа за тоа каде американските граѓани ги трошат парите со “помош“ на својата Влада:
ПРОЕКТ – МРТВОРОДЕНЧЕ наречен КОНТРАВЕСТИ!!!
1. Контра вести вчеравечер (29.11.15) имаа просечна гледаност изразена во број на гледачи 10.000.
2. Еден ден претходно на Телма имаше уште едно шоу, говорно илити ток-шоу со Жаре, кое имаше во просек 47.000 гледачи
3. Код на Лупевска, кој се емитуваше исто во Недела во од 19.15 имаше просек околу 25.000 гледачи
ЗБАНАЧИ СИТЕ ВО ПРАЈМ ТАЈМ!!!
Оваа анализа покажува неколку работи:
1. Проектот Контра ВЕСТИ кој беше бомбастично најавуван на социјалните мрежи и на Телма, доживеа фијаско. Да фијаското биде поголемо, гледаноста од минута во минута им паѓаше, што наведува на фактот дека било здодевно за гледачите. Шоуто требаше да понуди сатирични вести, кои според авторите нема да поштедат никого, но добивме спинување на текстови/емисии на познати новинарски пера – Ефтов и Мирка. Токму тие моменти во емисијата , доведоа до одреден пик.
2. Поразително е хумористично ток шоу (Жаре ) кое нема врска со актуелната политичка ситуација да биде 5-6 пати погледано од сосема нов проект, Контра ВЕСТИ, кои треба да ги утепаат ионака „заробените провладини медиуми “, кои се најмалку 10-15 пати беа погледани во тој термин .
3. Оваа компарација со Жаре, јасно говори за многу работи и праќа јасни политички пораки…само кој сака да ги чита!
4. Ако ја погледенете одјавната шпица, ќе видите дека емисијата е правена со поддршка на американскиот народ, илити платена со пари од USAID. Американскиот народ плаќа големи пари за да добие продукт кој го гледале 10.000 гледачи??? Во Америка, да се случеше ова, емисијата/шоуто ќе добиеше уште една шанса, и по евентуалното повторување на овие лоши резултати, ќе завршеше во историја.
НАРАВОУЧЕНИЕ:
„Водителот“ Миленко во Петок после Полноќ(море рано наутро, во порно термин) го гледаа просечно 52.000 гледачи…зошто американскиот народ не му плати нему ??? Барем ќе му плати на гледан продукт!
——————————————————————————————————————
Анализата е правена за на Саки со бројки да му се покаже дека не го бива.
Препорачуваме да си ги спакува куферите и да замине кај своите пријатели, истомисленици и пајташи, па така повторно да се на куп во новата телевозија НОВА. Имено, таму веќе му се Горан Чизмарот и Коле Чашуле. Со нивниот истомисленик Саки, тоа е тим снова.