Болниот од Брисел

Сметам дека Али Ахмети е апсолутно во право кога смета дека решението за името не треба да оди на референдум за народот да реши, ами треба “владите“ да го решат (што и да му значи тоа).

Апсолутно е во право!!!

Ако има референдум, постои можност со сега апатизирано вмровско гласачко тело и со огромен гласачки инеженеринг и полициски репресии наредени од Бејли, да биде референдумот во корист на промената на името.

Вака, кога ќе си решат владите на Македонија (криминално неуставна) и Грција, па дури во тоа решение ако учествува и ова и вакво ВМРО ДПМНЕ, и ако пројде на неважечкото, нелегитимно и неуставно Собрание – тоа ќе биде обичен г‘з папир. Употребен при пролив и фрлен. Може да важи некој период, но само формално и во моменталниот однос на сили.

Па, како и во случаите на Бурма – Мијанмар, Цејлон – Шри Ланка, Заир – Конго, Бетсцваналенд – Боцвана, Трансјордан – Јордан, Кампучија – Камбоџа, народот кога тогаш ќе си го поврати името кое му е историски идентитет.

Зад промената на името, ако до тоа воопшто дојде, не смее да стои потписот од народот.

Да го искористам текстов за уште нешто во овој контекст.

Ситуација во државава е очајна. Тука нема двојба. Задолжувања, качувања на цени, неисплаќања субвенции, штетни договори со албанците и со Бугарија… Глупостите на црпната влада на муртинецот само се множат. Од друга страна, волку апатична и импотентна опозиција Македонија немала од 1991-ва наваму.

Па така, на хартија ќе се изнагледаме закон за јазици, председател Ахмети, дури и промена на име… Не е тоа најстрашно. Најстрашно е што сите тие предавнички потези водат кон дезинтеграција на државата. Кон исчезнување.

Но, тоа е само во оваа мала временска отсечка. Време, и политички личности во него, што ќе бидат јасно обележени како предавници и сатрапи на Македонскиот народ и држава.

Границите се менуваат, државите исто така, сојузите се јавуваат и пропаѓаат.

Пред 100 години никој не би се кладел дека било когаш ќе има самостојна Република Македонија. И после Сан Стефано, и после Букурешт, и после Јалта – НИКОЈ не би ставил рака во оган дека таква држава ќе има. Никој не мислел пред 110 години дека нема да постои Австро-Унгарија, или пред 80 години никој не би се кладел дека нема да постои СССР. Повеќе пат, со многу повеќе примери, сум ги илустрирал ова.

Па така, она што не може никаков “швајцарски пациент“, никаков “муртински генијалец за математика и физика“, никаков притисок од “Болниот од Брисел“ да избрише и смени е идеата во нас самите. Нашиот внатрешен патриотзам и национализам, нашиот идентитет, нашето поединечно и колективно помнење.

И Тито беше незаменлив, па сега мајтапот му го тераат. И Хитлер ја опчинуваше народната маса во Германија, па сега е влечкан по земја во секој документарен или игран филм. И Горбачов беше најјак, па сега го сметаат за најголем руски предавник. Исто е и со лидерите на западот. На Клинтонови мамата им ебаа. Никсон го уништија. Џон Мејџор го сметаат за смотко, а Тони Блер за воен криминалец. Одамна ги нема кај нас Ангел Чемерски, Милан Панчевски, Страхил Гигов, Благој Попов… И стотици други што се мислеа за богови.

Панта реи не е име на човек ко што си мисли Бузле туку поговорка што значи се тече – се се менува.

 

 

Миленко Неделковски

29/12/17 Скопје

 

Напомена: Насловот е превземен од текст на Љупче Петрески од Прилеп.