УДБ-а е малку нервозна, а?
Новиот колега на Саше Политико во партијата Народно движење на Македонија (сега, демек, ребрендирана со ново име „Единствена Македонија“), историчарот Стефан Влахов Мицов, напишал колумна за партискиот сајт (каква револуција во медиумскиот простор: Партиите објавуваат колумни! , во која во три точки напишал кои се целите на оваа партија на чие чело е поранешниот вработен во УБК-УДБ и послушник на Зоран Верушевски, Јанко Бачев.
Е браво, за крадењето на сопственост на друг политички субјект (логото на партијата на Путин во Русија), но и на интелектуална сопственост на Љупчо Палевски (кој најави и подготвува/ше формирање на про-руска партија во Македонија, заедно со општествено-интелектуално-патриотски габарити од типот на Борис Дамовски, Стефче Јакимовски, Иван Стоилковиќ и други), наместо некој ако малку држи до себе да се покрие со ушите, тој уште се гордее!
Нејсе. За програмата и дејствувањето на проудбашката партија, историчарот од б’лгарски производ напишал три точки, ама затоа во продолжението на партиската колумна (колку ова оксиморонски звучи се изнапишал за мене, нели, затоа што сум објавил претходно на ФБ дека тој се активирал политички во партија предводена од удбаши и во која заедно со него се инкорпорирани и дузина други шпиони од типот на оној што демек ги предводи невладините „Тврдокорни“, кои се организација на Оливер Спасовски (да, да министерот за внатрешни од СДС), а чиј воен отсек МОС (демек-Македонски обединети сили) се униформирани и опремени со оружје од Мирослав Вуковарски (да, да, бившиот началник на армијата, верен војник на СДС и екс-командир на специјалната единица на војската што нареди снајперисти да ги држат на нишан говорниците и поддржувачите на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во 1994 година на плоштадот во Скопје).
Ама, важно биле во армијата за време на војната во 2001 година, а? Па, и Стојанче Ангелов беше на сите фронтови во 2001 година и тешко ранет во истата, па што мислите за него, а?
И, така, во класичен удбашки стил, не се спори кажаното за нивната удбашка дружина, која со дејствијата како палењето на знамето на ЕУ само и помага на хунтата на власт во апелите до Брисел да ја интегрираат Македонија во ЕУ и НАТО (по принципот: “Гледајте, дојдоа Русите, спасувајте нѐ!”) туку демек, ајде ќе се обидеме да го дефамираме Бобан Нонковиќ.
И, види чудо, сум бил дописник од МИА за плата од 3.000 евра! И, сега одма сите треба да речат: „Срам да му е, толку пари земал!“, а ја демек да се вадам и од офанзива да влезам во дефанзива во однос на подрумските шпионски структури што сега дополнително ни го контаминираат и онака одамна загадениот простор во фингираниот македонски политички плурализам.
Сепак, за волја на вистината, иако и претходно тоа сум го објавил, бидејќи ваквите партиски напади за мојата доисничка заработка доаѓале и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, а еве сега и од партијата чиј носител на листа на изборите во 2014 година во Третата изборна единица беше Саше Политико (види слика), да појаснам дека се додека не изминат две години откако дадов отказ во МИА, правно не смеам да објавувам детали од мојот договор, но кога тој период ќе измине, се разбира дека истиот ќе го објавам во целост.
А, за заработката, што не еднаш сум го кажал, ми била нешто малку под 2.000 евра! Да, со целото мое семејство (сопруга и ќерка) во Брисел, каде една векна леб чини две евра, јас сум заработувал две илјади. Ако споредиме со цените во Македонија, тоа значи дека ако едно лепче во нашата татковина е 30 денари (педесет евро центи), а во Брисел тоа чини две евра, пресликано според условите и цената на чинење на животот во Белгија, јас како да сум заработувал 500 евра (со оглед на тоа што разликата во цени е еден наспроти четири) во Македонија. Тоа е многу за едно цело семејство? Рај, уживање, декаденција?
Исто така, подрумските удбаши, во нивниот обид за мое дефамирање, преку партиската колумна потпишана од историчарот Мицов, објавиле и дека сум пушел пура!? Пура, еј! И таа, според Мицов, чинела колку една просечна плата во Македонија (иако, истата е подарок и една таква „Ромео и Џулиет“ на фри-шоп чини шест евра (360 денари, еј!). Значи, јас, човек кој цигари не сака да помириса целиот живот, заради фора на едно летување се сликам со пура од 360 денари и со тоа сум покажал дека сум се збогатил од парите кои и тоа како професионално сум ги заработил! Ашколсун, бе! Следниот пат ќе се сликнам и со шампањ, па да заклучиме дека сум милионер
Исто така, демек, својата дописничка плата сум ја заработувал за некои „15 реда текст дневно“, ќе речат печурките од удбашкиот подрум на Верушевски. А, само господин Google или професор You tube да го консултираат, ќе им излезат илјадници текстови, настапи, интервјуа, емисии, ТВ-прилози, дебати… во кои сум учествувал за време на моето дописникување одовде од Брисел. Всушност, можам да им помогнам со еден податок што ми го кажа пријател-статистичар, кој се обидел да го сурфа моето име на интернет, па ми рече дека му излегле над три илјади (три илјади!) статии-наслови, потпишани од „дописникот на МИА од Брисел“ што ги пренеле останатите македонски медиуми. Доволно? Или да пренесам и дека над 300 пати сум цитиран во странски медиуми, повикуван на дебати, јавувања во живо, видео-прилози, интервјуа, колумни и слично, а се поради мојата отворена и бескомпромисна борба за македонската вистина во срцето на ѕверот!
Само ќе го цитирам сегашниот портпарол на Европската комисија, Гркот Маргаритис Схинас, кој во една прилика ми рече: „Кога, ние од портпаролскиот сервис на ЕК легуваме во салата за прес-конференции, сите прво погледнуваме горе-десно, дали си ти на своето место. Ако не си, ни лекнува оти знаеме дека тоа ќе биде еден лесен ден за нас!“.
Туку, на историчарот Мицов не му пречеше мојата кариера и испушена пура минатото лето, кога преку некој лик од фејсбук успеа да ме измоли при едно мое доаѓање во Скопје да го посетам во неговата канцеларија и да сме разговарале за „патриотски работи“. Тој еден час на „секоја чест, Бобане, прав патриот си, алал да ти е, така се брани Македонија“ и слични ламенти уште ми ѕвонат во ушите, Стефане!
Во својата 18-годишна новинарска кариера, јас не сум морал да молам пред никого и секогаш сум имал спора, но нагорна линија на движење, за разлика од некои историчари кои својата желба за професура се обидувале да ја остварат преку коленичење кај поранешни премиери и министри за образование, но и кај други општествено-видни личности (па и новинари!) кои тој благонадежник мислел дека би можеле да го направат редовен универзитетски професор од обичен историчар
И, да, во Брисел (Белгија) сум останат за да не се вратам во Македонија и како новинар да бирам дали ќе работам за Зоран и Вице Заеви (кои поседуваат 90-проценти од меидумите во Македонија) или за Никола Груевски и братучед му (кои ги поседуваат останатите десет проценти медиуми). Тие нема да ми ја поседуваат душата, ниту интелектот!
Тука, иако имав можност, исто така не прифатив годишни грантови од 70 илјади евра за да продолжам да работам како новинар-дописник во служба на како што вие велите „фашизмот“, ниту да им слугувам на горенаведените газди на македонските медиуми, туку работам аргатска работа за компанија која нема врска со “фашизмот” и е во целосно приватна сопственост. Секој ден, макотрпно и со многу физички труд си заработувам парче леб за мене и семејството, без некој да ме поседува и да ме користи во цели кои во целост се косат со биднината на македонскиот народ!
Иако, за волја на вистината, ако бараме некаков политичко-државен линк, возилата на нашата компанија полнат бензин на „Лукоил“ (интересно, а? )
Туку, ај да не биде само „јас и јас“, како што милува да ми каже историчарот од б’лгарски произход. Иако, за домашна и меѓународна политика сметам дека он со своето знаење (како и јас со своето знење на историјата во однос на него) може да се спореди со мене, како ноктот на мојот мал прст на раката со неговиот, растен и одгледуван по старата и добра б’лгарска мода.
Како и да е, историјата, а и народот ќе го дадат крајниот суд за сите нас. Мојата кариера не ја искористив за да си обезбедам пат кон политичките води, иако тој ми е добро истабан и некои партии со отворени понуди сакаа да го искористат тоа и да ме вклучат во нивни проекти. Но, за мене, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и останатите удбашки сателит-партии се таму, на политичкиот простор, само да го замајуваат македонскиот народ, додека му ја земаат душата (името на државата, идентитетот, јазикот на кој говори со векови, традицијата…).
Затоа, кога историчарот Мицов се гордее дека е дел од УДБ-ашка партија и уште крикнува „па што ако е удбашка и Путин бил удбаш“, треба да знае дека во посовремената историја на Македонија, токму таа УДБ-а, студиозно и систематски ги ликвидирала сите про-македонски проблесоци (Ченто, Шатев, Брашнаров, Шамбевски, Богдановски…) и ги елиминирала сите идеи за семакедонско обединување и македонска државност. Е, со тоа, јас не правам компромис, за разлика од некои!
-
Но, како што вели една стара народна поговорка: „Паметниот се срами од она со кое будалиот се гордее!“.